Стањевци
Стањевци — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во североисточните падини на Градиштанска Планина, оддалечено 13 километри североисточно од градот Свети Николе.
Низ селото поминува реката Периш, делејки го на два дела. На горниот дел од селото се наоѓа чешма ( Горна чешма), а на долниот дел Долна чешма, која е постара. На околу 500 метри од Долната чешма, десно и лево од реката се издигаат два рида -десно Голема Кукуноса и лево Мала Кукуноса. На врвот на Голема Кукуноса се наоѓа висорамнина,со една дрвена конструкција на чиј врв имаше камбана. Таа служеше за да се известува населението доколку се навестува некоја опасност. Просторот околу камбаната служеше и за собири на селаните за да ги прославуваат верските празници.На тој простор 1942 година од германски авион падна буресо бензин, што ги преплаши жителите. Од левата сгтрана на реката се наоѓа возвишението Мала Кукуноса, каде исто така во правец на селото Павлешенце се протега висорамнина, во чиј состав е пошумен простор - Велетин. Веднаш по Голема и Мала Кукуноса започнува равница кон Мездра и Свети Николе. Местото под возвишениејата носи име Грамоди. Реката Периш и овој дел го дели на два дела. Тука кимаше ниви со лозја. На меѓите на нивите имаше купишта од испокршени глинени садови, пронајдени од нивите. Како дете се сеќавам по еден силен дожд, водата го прошири коритото, малиот кањон се прошири и на околу 2-3 метри се појави стомна и едно грне. Некогаш тука имало населба, сегашните жители местото го викаат Грамоди!
ИсторијаУреди
Во XIX век селото е дел од Штипската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стањевци живееле 266 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стањевци имало 272 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 12 Роми.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Стањевци живеат 61 жител, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 266[1] | 284[2] | 379 | 399 | 475 | 307 | 178 | 101 | 82 | 61 |
РодовиУреди
Според истражувањата од 1957 година, родови во селото
Македонски
- Староседелци: Златановци (10 к.) и Киселинкови (3 к.) гранка од Златановци.
- Доселеници: Ролеви (3 к.) доселени се од селото Тополовиќ кај Кратово. Основачот на родот имал жена од Златановци; Карафиловци (3 к.) доселени се од селото Пчиња кај Куманово. Овде живеат од турско време; Кривановци (4 к.) доселени се во турско време од селото Павлешенци. Таму биле староседелци; Петканци (3 к.) доселени се од селото Кнежје. И таму биле доселени однекаде; Новаци (3 к.) доселени се од селото Орел. И таму биле доселени однекаде; Насе (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Трновац кај Кратово; Текешинци (1 к.) доселени се од селото Павлешенци. Таму биле староседелци; Стојчевци (2 к.), Ѓоревци (3 к.), Славковци (4 к.), Ѓореви (2 к.), Читкови (3 к.) и Шоповци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.
Ромски
- Доселеници: Ванко (1 к.) доселени се пред 1912 година од селото Татомир кај Кратово; Стојанови (3 к.) доселени се во 1918 година од селото Кокошиње кај Куманово; Ордан (1 к.) доселени се во 1939 година од селото Петралица кај Крива Паланка; Трајан (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Вакв кај Кратово; Стоилко (1 к.) доселени се од селото Псача кај Крива Паланка. Они се православни Роми.
Српски
- Доселеници: Влајко (1 к.), Младен (1 к.), Добривој (1 к.), Раде (1 к.) и Најден (1 к.) доселени се во 1956 година од Ново Село кај Врање; Милан (1 к.) и Марко (1 к.) доселени се во 1956 година од селото Крива Феја кај Врање.[5]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 1692 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на земјоделска задруга.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 37 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта
- Грамади — населба од доцноантичкото време;
- Манево Трло — средновековна населба;
- Орљак - Селиште — средновековна населба и некропола;
- Под Кукуноса — населба со некропола од римското време.
- Римски Бунар — некропола од доцноантичкото време;
- Селиште - Горни Гробишта - Средновековна некропола;
- Слатина— могила од римското време;
- Слатина - Цистерна од римското време;
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Не се знае што станало со македонскиот род Баба-Димини. Биле доселени од некое село кај Велес. Потоа постари иселеници има во Макреш (Грмодолци), Винце (Пашини).[5]
После Втората светска војна населението се иселувало во градовите Свети Николе, Куманово, Велес и Скопје.[5]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 215.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 128-129.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.