Вејсели

село во Општина Валандово

Вејсели — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Вејсели

Воздушен поглед на местоположбата на селото Вејсели

Вејсели во рамките на Македонија
Вејсели
Местоположба на Вејсели во Македонија
Вејсели на карта

Карта

Координати 41°20′01″N 22°31′53″E / 41.33361° СГШ; 22.53139° ИГД / 41.33361; 22.53139
Регион  Југоисточен
Општина  Валандово
Област Бојмија
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 034
Шифра на КО
Надм. вис. 230 м
Вејсели на општинската карта

Атарот на Вејсели во рамките на општината
Вејсели на Ризницата

Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 230 метри. Се наоѓа северозападно од градот Валандово, оддалечено 6 километри и нешто повеќе од 1 километар северно од селото Пирава.[2]

До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Пирава, до кое има асфалтен пат.

Историја

уреди

За време на отоманскиот период селото било познато под името Весели.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194893—    
1953115+23.7%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 70 домаќинства со 141 жител муслиман.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вејсели живееле 280 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 година во Весели живееле 40 Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Селото било наполно раселено по 1953 година, когашто броело 115 жители, турско население.[2] Иселувањето на селото започнало уште пред Втората светска војна, кога населението на Вејсели значајно опаднало. По војната тоа доживеало мал пораст, за во 1951 година да достигне 115 жители. Во текот на таа деценија селото наполно се испразнило, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија.

Според пописот од 2002 година, во селото Вејсели немало жители.[7] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 93 115 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]


Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Вејсели било наполно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Вејсели се наоѓале селата Ајранли, Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Јосифово, во која влегувале селата Ајранли, Вејсели, Јосифово, Плавуш и Терзели.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0290 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калково. Покрај селото Вејсели, во ова избирачко место се опфатени и селата Плавуш, Терзели, Ајранли и дел од селото Јосифово, што е всушност Калково.[12]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 292 гласачи.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 49.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-14. Посетено на 14 јануари 2024.

Надворешни врски

уреди