Булунтули
Булунтули — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Булунтули | |
Воздушен поглед на местоположбата на селото Булунтули | |
Координати 41°19′03″N 22°41′29″E / 41.31750° СГШ; 22.69139° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2461 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04006 |
Надм. вис. | 460 м |
Булунтули на општинската карта Атарот на Булунтули во рамките на општината | |
Булунтули на Ризницата |
Денес, од селото нема никакви видливи остатоци, освен една чешма, која се наоѓа на местото на некогашното село.
Потекло и значење на името
уредиТурското име на селото е Булатали. Името на селото потекнува од турскиот збор Булунту, што означува „најдено“ (дете), што одговара на личното име „Најден“.[2]
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во источниот дел на Општина Валандово, на јужните падини на планината Плавуш, на надморска височина од 460 метри.[3]
До некогашното село води земјен пат, кој започнува од селото Башибос, до кое има асфалтен пат.
Историја
уредиЗа време на отоманскиот период селото било познато под името Булатали.
Стопанство
уредиАтарот на селото зафаќа простор од 6,5 км2.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 108 жители муслимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Булунтули живееле 180 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.[6]
Населението на Бунтули значително се намалило во првите децении на XX век. По Втората светска војна бележело мал пораст, за потоа да доживее колебања и пострмен пад во текот на 1970-тите години. Во следната деценија бројот на жители стрмоглаво се намалил, сведувајќи се на 5 лица во 1991 година. Во 1990-тите селото е целосно напуштено.[3]
Според пописот од 2002 година, Булунтули немало ниеден жител.[7]
Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | — | 51 | 63 | 44 | 55 | 39 | 5 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Самоуправа и политика
уредиНа крајот од XIX век, Булунтули било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Булунтули се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Башибос, во која влегувале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0299 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Башибос. Во ова избирачко место се опфатени и селата Бајрамбос, Башибос и Кочули.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[13] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 199 гласачи.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 82. ISBN 978-608-220-026-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 44.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2024-01-19. Посетено на 19 јануари 2024.