Општина Кочани
Општина Кочани — општина во Источна Македонија. Седиште на општината е градот Кочани. Со новата територијална поделба на Република Македонија од 2005 година кон поранешната Општина Кочани е припоена и Општина Оризари.
Општина Кочани | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
| |||
![]() | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Кочани | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Љупчо Папазов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 360,36 км2 (139,14 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 31.602 | ||
• Густина | 88/км2 (230/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +033 | ||
Регистарски таблички | KO | ||
Мреж. место | kocani.gov.mk |
ГеографијаУреди
Општина Кочани се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, сместена на североисточната страна на Кочанската Котлина и југоисточната страна на Осоговските планини. Зафаќа површина 360,32 км2, со најниска надморска височина од 320 м и највисока 2.085 м.
Општината се граничи со:
- север - Општина Крива Паланка
- исток - Општина Македонска Каменица
- југоисток - Општина Виница
- југ - Општина Зрновци
- запад - Општина Чешиново-Облешево
- запад - Општина Пробиштип
- северозапад - Општина Кратово
Општина Кочани има 28 населени места, од кои 1 е градско и 27 селски.
ИсторијаУреди
Поради поволната географска местоположба и одличните природни карактеристики, територијата на денешниот град Кочани била населена од најстарите антички времиња, најпрво од Пеонците, Медите и Траките, а во 80- те години од VI век почнуваат да се населуваат Словените, поточно до VII век припадници на племето Смолјани ја колонизираат Кочанската Котлина и се утврдуваат во неа. Браќата Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост од 845- 855 г. престојувајќи во Брегалничката област (Мородвис) отпочнале со ширење на христијанството на словенски јазик.
ДемографијаУреди
Според Законот за територијална поделба од 2004 година (припојување на Општина Оризари) во општина Кочани живеат 38.092 жители,[2] од кои:[3]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 35.472 | 93,12 |
Албанци | 1 | 0,01 |
Турци | 315 | 0,83 |
Роми | 1.951 | 5,12 |
Власи | 194 | 0,51 |
Срби | 67 | 0,18 |
Бошњаци | 2 | 0,01 |
останати | 90 | 0,23 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 30.793 |
муслимани | 2.273 |
католици | 21 |
протестанти | 31 |
останати | 571 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 35.579 |
албански | 2 |
турски | 1.487 |
ромски | 757 |
влашки | 148 |
српски | 58 |
бошњачки | 1 |
останати | 60 |
Според проценките на Државниот завод за статистика, на крајот на 2015 година има намалување на бројот на населението и тоа изнесува 37.800 жители.[4] Од овој број 18.943 се мажи, а 18.857 се жени.
Општествени установиУреди
- ЦК “Бели мугри“ Архивирано на 25 април 2011 г.
- Основен суд
- Здравствен дом
- Општа болница
Самоуправа и политикаУреди
Административно седиште на Општината е градот Кочани. Градоначалник на општина Кочани е Николчо Илијев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[5] Советот на општина Кочани е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитостиУреди
- Долно Градиште
- вештачко езеро Гратче
- Пониква
- Раткова скала Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Дабот кај с. Бели Архивирано на 17 ноември 2016 г.
- Споменик на слободата
ЗемјоделствоУреди
Традиционална стопанска гранка во општина Кочани е земјоделството за кое постојат одлични природни и агротехнички услови. Почвата е плодна од алувијално потекло. Најголем дел од обработливите површини се наводнуваат, поради што има изградено акумулациони објекти и разгранета каналска мрежа од 280 км.
Оризот е најзначајна земјоделска култура со многувековна традиција, високи приноси и одличен квалитет. Годишно се сеат околу 3500 хектари под ориз, со принос од над 5000 кг/ха. Застапени сорти на оризова култура се монтичели Архивирано на 31 октомври 2012 г., Р-76/6 Архивирано на 31 октомври 2012 г., Сан Андреа Архивирано на 31 октомври 2012 г., Прима риска Архивирано на 31 октомври 2012 г., и Монтеса Архивирано на 28 септември 2011 г.. Квалитетот на оризот е потврден на Еурека-2000 во Брисел со признание Гран-при Најдоброто од Македонија, со заштитен знак бр. 1- оризот, белото кочанско злато.
Редовни настаниУреди
- Драмски аматерски фестивал (мај)
- Денови на кочанскиот ориз (септември)
ЛичностиУреди
- Александар Алексиев, романописец, критичар, книжевен историчар и театролог
- Борис Стојчев, театролог и публицист
- Бранко Пендовски, писател
- Благоја Попов, политичар
- проф. д-р Благој Попов, математичар
- Кирил Ѕ'мбов, јадрен физичар
- д-р Константин Апостолов, лекар специјалист по микробиологија
- Кочани Оркестар, блех оркестар
- Малина Попиванова, револуционерка
- проф. д-р Миле Хаџи Василев, правник
- Насе Насев, спортски директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК)
- Ристо Јуруков, музички педагог
- Сашко Насев, писател, драматург и поранешен амбасадор на Република Македонија во Канада
- Стефан Попиванов, револуционер
- Стево Теодосиевски, музички уметник
- Симеон Иванов - Канго, гитарист, рок-музичар
- Харалампие Манчев, лекар специјалист, прв македонски медицински истражувач
Култура и спортУреди
Културните збиднувања се остваруваат во бројни институции, за која цел се изградени разновидни објекти ( Дом на културата, кино и сл.). Во Кочани постојат неколку фолклорни друштва кои го негуваат фолклорот, а се негува и драмскиот аматеризам. Секоја година традиционално се одржува ДАФ (Драмски Аматерски Фестивал) во месец мај и Деновите на оризот, во месец септември.
За развој на спортот во градот има изградено спортска сала, фудбалски стадион, базен, терени за тенис, мини голф и слично. Постојат голем број на спортски клубови и здруженија во кои се развиваат различни спортови: борење, кошарка, фудбал, гимнастика, карате, шах, и др. Кочани бил домаќин на државни и меѓународни културни и спортски случувања.
ИселеништвоУреди
Иселеништвото во општината има неколкудецениска традиција, при што главно младата население, поради економски причини, емигрирала во Западноевропските земји - во почетокот во Германија, Франција и Австрија, а во последната деценија во Италија и делумно САД, Канада и Австралија.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 г., Државен завод за статистика
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Процени на населението на 30.06.2015 и 31.12.2015 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)“ (PDF). Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. јули 2016. Посетено на 2 декември 2017.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.