Мало Илино

село во Општина Демир Хисар

Мало Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Мало Илино

Традиционална стара куќа во селото Мало Илино

Мало Илино во рамките на Македонија
Мало Илино
Местоположба на Мало Илино во Македонија
Мало Илино на карта

Карта

Координати 41°17′51″N 21°02′12″E / 41.29750° СГШ; 21.03667° ИГД / 41.29750; 21.03667
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 34 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10020
Надм. вис. 1092 м
Слава Илинден[2]
Мало Илино на општинската карта

Атарот на Мало Илино во рамките на општината
Мало Илино на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Мало Илино се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, во изворишното сливно подрачје на Црна Река, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри. Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 630 хектари, на шумите отпаѓаат 499 хектари, а на обработливото земјиште 250 хектари. Според тоа селото има мешовита земјоделска функција.

Историја

уреди

Денес под горното име постојат две села — Големо и Мало, само неколку километри оддалечени едно од друго; сместени северозапдно од Битола, во Демирхисарско. Според сочуваното предание, порано постело само едно Илино, на преминот наречен Илинска Црква која се наоѓа на околу 3 км западно од Мало Илино. Таму и денес постои црква односно манастирот „Св. Илија“. Оттука селото се преселило поради големите зулуми што ги трпело од вооружените арнаутски дружини, кои доаѓале од областа черменика. Притоа од старата населба настанале две нови - Големо и Мало Илино. Ова предание во голема мера се потврдува од расположливата пишана документација. Имено, додека во пописните дефтери од XV и XVI век (до времето на султанот Селим II) е запишано само едно Илино, дотогаш во битолските кадиски сиџили, почнувајќи од XVII век, се сретнуваат две такви села (Илинелер). Тоа укажува дека раселувањето на старото село и настанувањето на двете нови треба да се бара во интервалот од крајот на XVI до првите децении на XVII век.

Најстариот изворен податок за дервенџиската (стражарска) служба на Илино е од околу 1445 година, кога имало 56 домаќинства и 3 вдовици. Веќе во 1519 година бројот на жителите се покачил дури на 116 домаќинства и 5 вдовици, за во 1528/29 година да изнесува 106 домаќинства, 13 неженети и 4 вдовици. Бројкиве покажуваат дека во првите децении на XVI век Илино спаѓало, меѓу поголемите села во Македонија. А потоа судејќи според пописот од1544/45 година дошло до осетно намалување на селото, бидејќи во него биле регистрирани само 32 домаќинства, 5 неженети и 2 вдовици, што најверојатно се должи на преселувањето на населението во новите две села. Имено на пописот од 1568 година селото имало 35 домаќинства, 20 неженети и 1 вдовица.

За целото ова време Илино влегувало во Битолската нахија, како составен дел на еден од тимарите. Како дервенџиско село имало задача да го чува патот, кој води од Демир Хисар за Дебар". Всушност тоа бил само дел од значајната артерија што го врзувала Цариград со Албанија (овој пат бил од голема важност уште од антички времиња односно односно дел од познатата Виа Игнациа). Дервенџиската стража бездруго била псотавува на проходот Илинска црква, каде што минува споменатиот пат, доаѓајќи од Прилеп и Железнец и продолжувајќи на Елбасан и Драч. На овој пат патниците му давале предност бидејќи бил покус од оној преку Охрид и Битола. Патот минувал крај старот село, што значи меѓу Големо и Мало Илино.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948387—    
1953346−10.6%
1961315−9.0%
1971220−30.2%
1981167−24.1%
ГодинаНас.±%
1991118−29.3%
1994106−10.2%
200250−52.8%
202134−32.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мало Илино имало 500 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мало Илино имало 480 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Мало Илино во 1950 година имало околу 550 жители, во 1961 година било средно по големина село со 350 жители од кои сите биле Македонци, а во 1994 година преминало во мала населба со 106 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 32 Македонци и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 500 480 387 346 315 220 167 118 106 50 34
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Мало Илино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[13]

Староседелци и доселеници со непозната старина: Шундуровци (2 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Димовци (3 к.), Несторовци (13 к.), Дуковци (1 к.), Размовци (3 к.), Гроздановци (1 к.), Милошовци (2 к.), Ристевци (1 к.), Цинцаровци (3 к.), Ристановци (6 к.), Смилевци (1 к.), Костадиновци (2 к.), Мицковци (1 к.), Кочовци (6 к.), Савевци (3 к.), Паунковци (4 к.), Брклевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Петковци (3 к.) и Илијовци (8 к.).

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Доленци, во која покрај селото Мало Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 651 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска продавница.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Малоилинска Река
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Граишта — топилница од доцноантичкото време;
  • Калец — топилница од доцноантичкото време;
  • Св. Илија — црква од средниот век.
  • Св. Пречиста — црква и некропола од средниот век.
Цркви[17]
Манастири
Реки
Споменици
  • Спомен-плоча за загинатите во НОБ

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Населението од Мало Илино е во голема мера иселено. До 1952 година иселеници има во Бугарија (13 семејства), Србија (8 семејства), Крушево (1 семејство), Битола (8 семејства), Босна (1 семејство) и во Скопје (1 семејство).[13] Посилен бран на иселување е забележан после 1960-тите. Иселувањето водело воглавно кон градовите во Македонија.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 јули 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  19. 19,0 19,1 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
  20. 20,0 20,1 20,2 Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.

Надворешни врски

уреди