Градско Балдовци

село во Општина Струмица

Градско Балдовци — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Градско Балдовци
Street in Gradsko Baldovci (2).jpg
Градско Балдовци во рамките на Македонија
Градско Балдовци
Местоположба на Градско Балдовци во Македонија
Градско Балдовци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГД / 41.42333; 22.66306Координати: 41°25′24″N 22°39′47″E / 41.42333° СГШ; 22.66306° ИГД / 41.42333; 22.66306
Општина Струмица
Население 626 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27020
Надм. вис. 223 мнв м
Слава Свети Илија
Градско Балдовци на општинската карта
Градско Балдовци во Општина Струмица.svg

Атарот на Градско Балдовци во рамките на општината

Географија и местоположбаУреди

Градско Балдовци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 3 километри. Поради блискоста со градот, селото е наречено Градско Балдовци.

Надморската височина во селото е 223 метри а површината на селото изнесува 432 ха.

Селото се граничи со Струмица, Куклиш, Сачево, Дабиле.

ИсторијаУреди

Името Градско Балдовци било образувано од машкото лично име Балдо и наставката "вци" - Балдовци. Поради блискоста до градот, со текот на времето именката Балдовци била додадена посвојната придавка Градско, па селото денес е познато како Градско Балдовци[2].

Потеклото на селото не е утврдено, но се споменува дека во него порано живеело македонско и турско население. На споменатата Етнографска карта од 1912 година селото е обележано со повеќе муслиманско одошто христијанско население. Според статистиката на Стефан Верковиќ, во 1889 година селото имало 523 жители.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Балдовци се состоело од 35 семејства со 90 жители Македонци и 10 Роми[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Балдовци имало 240 жители Македонци и 25 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 216 Македонци и 18 Роми[3][6].

СтопанствоУреди

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 308 ха[7].

ДемографијаУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948375—    
1953437+16.5%
1961498+14.0%
1971532+6.8%
1981651+22.4%
ГодинаНас.±%
1991776+19.2%
1994732−5.7%
2002755+3.1%
2021626−17.1%

Поради својата добра местоположба во Струмичко Поле, во населеното место Градско Балдовци се забележува постојан пораст на населението. Во 1853 година селото имало 437 жители, од кои 423 Македонци и 14 Турци, во 1961 населението се зголемило на 498, од кои 481 Македонец, 9 Турци и 8 Срби, во 1971 година бројот на населението изнесувал 532 жители (91 семејство), во 1981 година - 133 семејство и 651 жител, 1991 - 190 семејства и 776 жители, во 1994 - 203 семејства и 732 жители, од кои сите Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 755 жители, сите Македонци и 239 домаќинства.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 626 жители, од кои 552 Македонци, 1 останат и 73 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 265 234 375 437 498 532 651 776 732 755 626
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1760 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 642 гласачи.[15]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 652 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитостиУреди

Култура и спортУреди

  • Постои фудбалски клуб Тркања кој од 2014 година го носи името Спартмани.[17]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. http://afk.mk/it/vis/news/2013/01/video-moeto-selo-gradsko-baldovci[мртва врска]
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
  7. „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)
  17. „Spartmani“. Посетено на 28 септември 2018.

Надворешни врскиУреди