Општина Штип
Општина Штип — општина во Источна Македонија со седиште во градот Штип.
Општина Штип | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Источен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Штип | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Иван Јорданов | ||
Површина | |||
• Вкупна | 583,24 км2 (225,19 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 44.866 | ||
• Густина | 77/км2 (200/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +032 | ||
Регистарски таблички | ST | ||
Мреж. место | stip.gov.mk |
Местоположба
уредиОпштината Штип се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, во центарот на Источна Македонија. Има површина од 810 км2 на која, според пописот од 2002 година, живеат 47 796 жители. Подрачјето претежно е со планинска и ридска местоположба, со исклучок на Кочанската, Овчеполската и Лакавичката Котлина со долините на реките Брегалница и Крива Лакавица. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските предели по теченијата на реките, изнесува 1 300, а средната надморска висина е 250 метри. Општина Штип лежи во средното сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Свети Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.
Општината се одликува со претежно планински и ридски релјеф, како и умерено-континентална клима, со одредено влијание на изменета средоземна клима. Просечната годишна температура изнесува 12,9 целзиусови степени, а највисоки температури се измерени во август, додека најниски во јануари. Штипската општина претставува исклучително ветровите подрачје, а ветровите дуваат преку целата година, при што општината има дури 270 денови воздушно струење. Сето тоа резултира со претежно чист воздух.[2]
Историја
уредиАрхеолошките наоди ја потврдуваат исклучително долгата историја на Штип и околината. Така, во околината на Штип се најдени населби од времето на праисторијата, на наоѓалиштата: "Баби", "Фортуна", "Криви Дол" и "Караорман".[3]
Стопанство
уредиДемографија
уредиВо општина Штип, која вклучува 71 населено место и претставува 3,1% од површината на Македонија, живеат вкупно 47 796 жители. Националната структура на општината ја сочинуваат:[4]
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 41.670 | 87,19 |
Албанци | 12 | 0,03 |
Турци | 1.272 | 2,66 |
Роми | 2.195 | 4,59 |
Власи | 2.074 | 4,34 |
Срби | 294 | 0,62 |
Бошњаци | 11 | 0,02 |
останати | 265 | 0,55 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 42.755 |
муслимани | 3.555 |
католици | 75 |
протестанти | 5 |
останати | 1.406 |
Населени места
уредиНаселени места во Општина Штип:
Штип, Балталија, Брест, Врсаково, Горачино, Доброшани, Долани, Драгоево, Едеклерци, Јамуларци, Калапетровци, Кошево, Криви Дол, Лакавица, Лесковица, Липов Дол, Љуботен, Никоман, Ново Село (населба), Ново Село (село), Пенуш, Пиперово, Почивало, Пухче, Сарчиево, Селце, Скандалци, Софилари, Стар Караорман, Степанци, Суво Грло, Судик, Сушево, Танатарци, Тестемелци, Топлик, Хаџи-Реџепли, Хаџи-Сејдели, Хаџи-Хамзали, Црешка, Чардаклија, Чифлик, Шашаварлија и Шопур.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Штип е Иван Јорданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години. Советот на општина Штип е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиСпорт
уреди- ФК Брегалница (Штип), клубот е оформен во 1921 година. Неколку сезони игра во Првата македонска фудбалска лига, а за време на СФР Југославија има настапувано и во тогашната Втора југословенска лига - исток.
- ФК Астибо, оформен во 1957 година. Има настапувано во Втората македонска Фудбалска лига.
- ФК Бело Брдо, има играно во Втората македонска фудбалска лига.
- РК Теткстилец
- ОК Младост
- БК Балканец
- ППК Шампион ФА — пингпонгарски клуб кој успешно се натпреварува во супер лига на Р Македонија. Клубот е формиран 2012 г.[5]
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 9.
- ↑ ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 36-37.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „ППК Шампион-ФА — Штип“. Пингпонгарска федерација на РМ. Архивирано од изворникот на 2015-11-28. Посетено на 4 декември 2015.
Надворешни врски
уреди- Портал на Општина Штип
- Општина Штип во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.