Општина Бутел
- За други значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Град Скопје |
Површина | 60,79 км2 |
Демографија | |
Население | 36.154[1] жит. |
Густина | 594,73 жит./км2 |
Населени места | 8
|
Самоуправа | |
Градоначалник | Велимир Смилевски |
Совет | 19 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | ул. Маршал Тито б.б, 1000 Скопје |
Телефон | +389 2 2616-868 |
Факс | +389 2 2616-864 |
Мреж. место | Службен портал |
Е-пошта | е-пошта |
Општина Бутел — општина во состав на град Скопје која се наоѓа во неговиот краен северен дел. Основана е согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, а градоначалник на општината е Велимир Смилевски. Бутел е четврта по големина општина во Скопје, осма по бројот на жители, а произлегла од општина Чаир во 2005 година.
ГеографијаУреди
Општина Бутел е една од урбаните општини во Република Македонија. Се наоѓа во Град Скопје, во северниот дел на државата. Се граничи со Општина Чучер-Сандево, на југозапад со Општина Карпош, а на северозапад со Општина Шуто Оризари.
ДемографијаУреди
Општина Бутел зафаќа површина од 60,79 км2, вкупно население 36.154, а има густина на населеност од 594,73 жители/км2. Етничкиот состав на општината е следниов[2]:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 22.506 | 62,25 |
Албанци | 9.107 | 25,19 |
Турци | 1.304 | 3,61 |
Роми | 561 | 1,55 |
Власи | 120 | 0,33 |
Срби | 1.033 | 2,86 |
Бошњаци | 970 | 2,68 |
останати | 553 | 2,46 |
Населби и населени местаУреди
Во својот состав општината опфаќа 4 села и 4 населби:
- Села
- Населби
Општествени установиУреди
Основни училишта:
- ОУ Гоце Делчев с. Љубанци,
- ОУ Лиман Каба с. Љуботен,
- ОУ Ацо Шопов Скопје,
- ОУ Св. Климент Охридски Скопје',
- ОУ Живко Брајковски Скопје,
- ОУ Панајот Гиновски Скопје,
- ОУ Петар Здравковски Пенко Скопје,
Самоуправа и политикаУреди
Во 2017 година, општината имала вкупно 586 вработени, од кои 56 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[3] Градоначалник на општина Бутел е Велимир Смилевски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Бутел е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 август 2013.
- ↑ „Профил на општината“. Општина Бутел. 2010. Посетено на 13 септември 2010.
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.