Дебриште
Дебриште — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 14 километри северозападно од Кавадарци и 11 километри јужно од општинскиот центар Росоман.
ИсторијаУреди
Дебриште е населено уште од римско време како место за вадење на мермер. За тоа сведочат рударската населба и двата мермерни копа во околината на селото.
СтопанствоУреди
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дебриште живееле 270 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дебриште имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година селото имало 92 жители, од кои 91 Македонец и 1 Србин.[4]
Според пописот од 2021 година, во селото живееле 43 жители, од кои 37 Македонци и 6 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 270 | 160 | 273 | 261 | 256 | 203 | 173 | 116 | 117 | 92 | 43 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
РодовиУреди
Дебриште е македонско село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Бубевци (7 к.), Колевци (3 к.), Шоклевци (3 к.), Нединци (1 к.) и Галевци (4 к.)
- Доселеници: Трендевци (1 к.) доселени се во 1874 година од некое село Бизевиќ; Маслинковци (2 к.) доселени се во 1876 година од селото Росоман; Јованчевци (1 к.) доселени се од селото Трстеник во 1882 година; Лазовци (1 к.) доселени се од селото Ресава во 1884 година; Дафчевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1900 година.[10]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 719 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Извор — рудник за мермер од римско и доцноантичко време
- Курилово — рудник за мермер од римско време
- Под Селото — рударска населба од римско време
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.154
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104 - 105.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 147-148. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |