Лезово
Лезово — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Лезово | |
![]() Поглед на селото Лезово | |
Координати 41°55′0″N 22°10′58″E / 41.91667° СГШ; 22.18278° ИГДКоординати: 41°55′0″N 22°10′58″E / 41.91667° СГШ; 22.18278° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 44[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21019 |
Надм. вис. | 400 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во јужниот дел на Општина Пробиштип, на десната страна од Злетовска Река, недалеку од патот кој од градот Пробиштип води до регионалниот пат Штип-Кочани. Лезово е рамничарско село и се наоѓа на надморска височина од 400 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 7,4 км2. Од градот Пробиштип е оддалечено 13 км.[2]
ИсторијаУреди
Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, при што 9 лица од селото биле уапсени и измачувани.[3]
За време на Првата балканска војна, од селото имало 5 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]
СтопанствоУреди
Во атарот на селото има земјоделско земјиште на површина од 689 ха, од кои обработливото земјиште е на површина од 357 ха, пасиштата се на 330 ха, а преостанатите 2 ха отпаѓаат на шуми.[5] Селото во основа има полјоделска функција.[2]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Лезово имало 180 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лезово имало 240 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 44 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 22, а бројот на живеалишта 33.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[8] | 1905[9] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 240 | 319 | 353 | 375 | 248 | 160 | 104 | 89 | 44 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Лезово е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Оџевци (5 к.), Мирасчијци (6 к.), Голубовци (4 к.) и Џамбасци (2 к.)
- Доселеници: Караџовци (3 к.) доселени се во XIX век од селото Пишица; Домазетовци (10 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Судик во Овче Поле; Маловци (7 к.) доселени се од селото Гајранци; Субашинци (5 к.) доселени се од селото Гујновци; Наџаковци (2 к.) биле чифличии во селата Куково, Жиганци и некое друго, а овде се доселиле во почетокот од 20 век; Серафимовци (2 к.) доселени се од селото Врбица; Ранковци (2 к.), Крнчовци и Гугутка (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 1548 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[13]
Културни знаменитостиУреди
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главна и единствена селска црква.[14]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2017.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 175.
- ↑ „Дебърски глас“. Година 2, бр. 38. 3 април 1911. стр. 3.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 858.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Лезово, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област-Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.