Кнежино

село во Општина Кичево

Кнежино — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Кнежино

Поглед на селото од патот што води кон него

Кнежино во рамките на Македонија
Кнежино
Местоположба на Кнежино во Македонија
Кнежино на карта

Карта

Координати 41°31′18″N 20°54′57″E / 41.52167° СГШ; 20.91583° ИГД / 41.52167; 20.91583
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Копачка
Население 15 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6260
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12033
Надм. вис. 1000 м
Кнежино на општинската карта

Атарот на Кнежино во рамките на општината
Кнежино на Ризницата

Селото е познато по Кнежинскиот манастир.

Географија и местоположба

уреди
 
Улица низ селото

Селото се наоѓа во областа Копачка, во западниот дел на територијата на Општина Кичево, сместено во непосредна близина на градот Кичево, поради што се смета и за дел од неговата рурбална зона.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од самиот град Кичево е оддалечено неполни пет километри.[2]

Селото се наоѓа на ридско земјиште, западно од градот Кичево. Околни села се: на југ е Другово, на север се Осој и Лешница, на запад се Јаворец и Горно Добреноец и на исток е градот Кичево.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ќерамидница, Мала Ливада, Јаорче, Рупчиња, Средни Рид, Маркулези, Аранѓел, Дрмници, Кутел, Батаноец и други.[3]

Селото е од збиен тип. Не се дели на маала, бидејќи е мало село. Сепак, роднинските куќи се групирани.[3]

Селото Кнежино се наоѓа во областа Горна Копачка, на 4 километри северозападно од Кичево.

Историја

уреди

Во XIX век, Кнежино било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Според преданието кое се раскажува кај мештаните, селото најпрвин било основано во средниот век. Основач на селото и на блискиот манастир бил некој кнез. По него се верува дека е добиено и самото име на селото.[3]

Во историските извори, селото првпат се споменува во 1476/77 година, кога имало 35 словенско-христијански куќи.[3]

Средновековниот манастир „Св. Ѓорѓи“ бил сместен на 500 метри југоисточно од денешното село. Манастирот располагал со многу земја и пространа шума. За време на турската власт, истиот бил срушен. Во тој момент, настрадало и самото село Кнежино, заедно со шест други кичевски села.[3]

Потоа, Кнежино било обновено. Денешните родови дошле од повеќе страни.[3]

Историски села

уреди

На ридовите над денешното село Кнежино има пет пусти селишта, на кои порано се наоѓале селата:[3]

  • Маркулези — источно од денешното село
  • Крушино — источно од денешното село, на кое денес постои пространа шума од костени
  • Колибиште — северно од денешното село
  • Кутел — јужно од денешното село
  • Аранѓел — западно од денешното село

Преданието вели дека сите овие села пропаднале во време кога бил срушен Кнежинскиот манастир. И денес, може да се забележат остатоци од куќи и стари гробови на нивните места.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 6,2 км2. На него шумите заземаат површина од 419 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 62 хектари, а на пасиштата само 55 хектари.[2]

Селото нема некоја значајна земјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948214—    
1953191−10.7%
1961157−17.8%
197148−69.4%
198124−50.0%
ГодинаНас.±%
199121−12.5%
19946−71.4%
200212+100.0%
202115+25.0%

Според податоците од 1873 година, селото имало 24 домаќинства со 100 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кнежино имало 280 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Кнежино имало 280 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кнежино се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Кнежино:[8]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
40 35 39 15 54 72 91 163

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]

Кнежино во 1961 година имало 157 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кнежино живееле 12 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 лице без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 280 214 191 157 48 24 21 6 12 15
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Кнежино е македонско православно село. Во селото има староседелски и доселенички родови.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

Родовите во Кнежино се: Опурчиновци (12 к.), староседелци; Пиљаовци (8 к.) и Шендевци (5 к.), доселени се од раселениот град Закамен во Малесија; Шоповци (7 к.), доселени се од горнореканското село Беличица, основачот на родот во Кнежино чувал стока.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Апостоловци (14 к.), Коруновци (6 к.) и Станишовци (9 к.), староседелци; Николовци (12 к.), доселени од Беличица во Горна Река; Кузмановци (5 к.), нивниот предок дошол како овчар од Охридско.[16]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Кичево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Раштани, во која покрај селото Кнежино, се наоѓале и селата Грешница, Длапкин Дол, Лешница, Осој, Раштани, Речани и Трапчин Дол. Во периодот 1950-1952, селото било сместено во некогашната Општина Осој, во која влегувале селата Јаворец, Кнежино, Осој и Раштани.

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0755 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом во селото Осој.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 167 гласачи.[20]

Личности

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Поглед на Кнежинскиот манастир
Археолошки наоѓалишта[23]
Цркви[24]
Манастири

Иселеништво

уреди

Од Кнежино се има иселено голем број на население, се знае за иселениците кои живеат во: Бугарија (10 к.), Кичево (5 к.), Скопје (3 к.) и Белград (2 к.).[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 3 февруари 2019.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 90.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  8. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 февруари 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 февруари 2019.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 3 февруари 2019.
  19. „Референдум 2018“. Посетено на 3 февруари 2019.[мртва врска]
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  24. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди