Велмевци
Велмевци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Велмевци | |
Поглед на самото сретсело во Велмевци | |
Координати 41°20′46″N 21°05′50″E / 41.34611° СГШ; 21.09722° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 7 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7240 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 12009 |
Надм. вис. | 944-957 м |
Слава | Огнена Марија, Илинден, Мала Богородица и Св. Петка[2] |
Велмевци на општинската карта Атарот на Велмевци во рамките на општината | |
Велмевци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСе простира на падините на Илинска Планина, на патниот правец Кичево-Битола, 25 километри од градот Кичево. Селото обилува со извори, со букова и дабова шума.[3]
Атарот на селото зафаќа површина од 12,1 км2, кој се состои од 211,1 хектар обработливо земјиште, 233,3 хектари пасишта и 729 хектари шуми.
Велмевци се протега на надморска височина од 944 до 957 метри.
Историја
уредиСелото било населено уште од предантичко време, а за првпат во туските документи се спомнува во 1468 година.
Во XIX век, Велмевци се наоѓало во Битолската каза (Демирхисарска нахија) во Отоманското Царство.
Во текот на долгата историја забележано е по Брсјачката буна и Илинденското востание во кои настани велмешани активно учествувале. Во црквата Св. Илија било осветено востаничкото знаме за Демир Хисар за време на илинденското востание и учествувале многу мажи и жени.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Велмевци имало 800 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Велмевци имало 960 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велмевци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 139 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | 960 | 619 | 511 | 227 | 124 | 87 | 26 | 18 | 7 | 7 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиВелмевци е чисто македонско православно село. Старото село Велмевци пропаднало, па денешното село го имаат обновено доселеници од селото Велмеј, Дебрца, и таму имаат сродници. Овде се доселени средината на ХVIII век.[13][14]
Родови во селото се: Беговци (7 к.); Мирчевци (29 к.); Стевановци (24 к.); Исламовци (10 к.); Смилевци (10 к.); Шкрековци (14 к.); Трпковци (2 к.); сите доселени од селото Велмеј; Пејцовци (24 к.) доселени се од сега раселениот град Закамен, во Струшка Малесија.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:
- Староседелци: Беговци (8 к.), Стевановци со Орманковци, Тумнтевци и Макевци или Маневци (20 к.), Даскаловци со Златановци (8 к.), Смилевци (10 к.), Куковци (2 к.), Шотевци со Миленковци (1 к.), Маркушковци (5 к.), Џивџаровци со Апостоловци (7 к.) и Столевци со Голевци и Крошнаровци (1 к.)
- Доселеници: Мирчевци (26 к.) доселени се на почетокот од XIX век од селото Слатино во Дебрца; Исламовци (9 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Пејцовци (17 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија; Огненовци со Тренчевци (3 к.) доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија.[15]
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште, кое престанало со работа во 1960-тите години[16]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Велмевци, се наоѓале и селата Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 658 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[18]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[19]
- Цркви[20]
- „Св. Илија“ — изградена во 1838 година. Иконостасот е направен од Серафим од Тресонче, во 1873 година. Од тој период е и фрескоживописот, кој го има на целата површина во внатрешноста на црквата.
- „Св. Богородица“ — постара од црквата „Св. Илија". Иконостасот е изработен во 1875 година од мијачки резбари.
- „Св. Петка“ — изградена во 1999 година.
- „Св. Марена“ — средновековна црква чии остатоци се наоѓаат над селото. Црквата е во урнатини.
- Гробишта
- Вечното почивалиште на славниот војвода Јордан Пиперката заедно со неговата дружина, каде се наоѓа и споменик.
- Споменици
- Споменик на народниот херој Јанкула Јосифоски
Редовни настани
уреди- Илинден (2 август) — селска слава
Личности
уреди- Родени во Велмевци
- Киро Дојчиновски — историчар и писател
- Ванчо Наумов (?-1903) — македонски револуционер од ВМРО
- Симеон Смилев (1880-?) — македонски револуционер од ВМРО
- Глигор Стојанов Даскалоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Никола Стојанов Димитријоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Секула Стојанов Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Ставре Лазаров Апостолоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Крсте Стојков Стефаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Јон Ристев Тренески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Трајан Ристев Тренески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Момир Цветанов Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Велко Цветанов Илијоски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Јанкула Јосифоски (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Други
- Семејството на Кузман Јосифоски - Питу потекнува од Велмевци
Култура и спорт
уредиПрвата фудбалска екипа во селото било создадена во 1909 година, многу години пред тоа да се случи во многу поголеми места и градови низ Македонија.
Како спомен на првата фудбалска екипа, чешмата на сретсело има камена топка.[16]
Иселеништво
уредиОва село важело за печалбарско село, многу од населението се селело од селото во околните и подалечни држави и низ македонските градови, па така до 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (24 семејства), Битола (34 семејства), Ресен (7 семејства), Кичево (5 семејства), САД (4 семејства), Охрид (2 семејства), Демир Капија (1 семејство), Унгарија (1 семејство), Романија (4 семејства), Скопје (4 семејства), Штип (1 семејство) и во Прилеп (5 семејства).[15]
Иселеништвото продолжило и потоа и многу од населението е мигрирано низ градовите во Македонија, прекуокеанските земји (САД, Канада и Австралија) и низ европските земји (Бугарија, Србија, Романија, Хрватска, Шведска, Германија, Франција).[16][26]
Галерија
уреди-
Поглед на една од старите куќи во Велмевци
-
Споменик на Јанкула Јосифоски
-
Споменикот на Јосифоски во сретселото
-
Влезот во главната селска црква „Св. Илија“
-
Поглед на помалата црква „Св. Петка“
-
Стара куќа на самото сретсело
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-09-22.
- ↑ Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ 15,0 15,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Антоски, Зоран (23 август 2016). „Во кичевското село Велмевци фудбал се играло пред 107 години“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 23 август 2016.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 21,0 21,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 22,0 22,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел I. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ Bojchevski, Design by Angela Hristovska, Developed by Dijana Manchevska and Jovan. „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-07-16. Посетено на 2021-07-16.
Литература
уреди- Велмевци-предци и потомци, Д-р Никола В. Димитров. - Скопје, 2009
Надворешни врски
уреди- Велмевци на Ризницата ?
- Неофицијално мрежно место Архивирано на 2 февруари 2011 г.