Каратманово
Каратманово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, близина на патот Велес - Штип.
Каратманово | |
Координати 41°45′44″N 21°52′6″E / 41.76222° СГШ; 21.86833° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Лозово |
Население | 430 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2208 |
Шифра на КО | 24015, 24515 |
Надм. вис. | 296 м |
Каратманово на општинската карта Атарот на Каратманово во рамките на општината | |
Каратманово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во југозападниот дел на Овче Поле, на околу 4 километри источно од Лозово, 13 километри северозападно од Велес и 24 километри југозападно од Свети Николе. Соседни села на каратманово се: Дорфулија и Џумајлија на исток и североисток, Кумарино и Мамутчево на запад и северозапад, Милино на север, и Кишино на југ.
Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Ограда, Џамалџи, Катрли, Коџадол, Комарлиечими, итн.[2]
Историја
уредиВо народната традиција се наведува дека селата Каратманово, Џумајлија и Кишино биле најстари турски села во околината на Овче Поле. Селото Каратманово е основано во средината на XVIII век од 8 муслимански семејства. Од нив само две биле доселени од Арабија, а останатите од Мала Азија.[2]
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 475 Турци.[3] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каратманово живееле 475 жители, сите Турци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 520 жители, од кои 515 Македонци и 5 Турци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 426 Македонци, 2 Турци и 2 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 701 |
1953 | — | — | 765 | — | — | — | ... | 1 | — | 766 |
1961 | 535 | 4 | 76 | ... | ... | 2 | ... | 2 | — | 619 |
1971 | 554 | — | 17 | — | ... | — | ... | — | — | 571 |
1981 | 560 | — | 13 | — | — | — | ... | 1 | — | 574 |
1991 | 520 | — | 4 | — | — | — | ... | — | — | 524 |
1994 | 464 | — | 5 | — | — | — | ... | — | — | 469 |
2002 | 515 | — | 5 | — | — | — | — | — | — | 520 |
2021 | 426 | — | 2 | — | — | — | — | — | 2 | 430 |
Родови
уредиСпоред податоците од 1957/58 родови во селото биле.
- Турски: Инчолар (5 к.), Кесеџилер (2 к.), Мачелар (2 к.), Шеелер (5 к.), Џинџолар (3 к.), Тоскалар (1 к.), Бекшанлар (1 к.), Хусеинлар (2 к.), Фраклелер (3 к.) и Раман (1 к.). Родот Шеелер се бекташко, родот Тоскалар е од албанско потекло, основачот на родот е доселен од Јанина, Грција.
- Македонски: Македонски родови во селото се доселени почнувајќи од 1954 година, и тоа највеќе се доселени од кривопаланечкиот крај, и тоа од: Кркља (1 к.), Варовиште (4 к.), Б’с (1 к.), Дурачка Река (7 к.), Конопница (1 к.), Киселица (1 к.) и од Станча (50 к.). Потоа од Кратовско; Каврак (7 к.), Нежилово (1 к.), Луково (2 к.), Туралево (1 к.), Куново (1 к.). Потоа селото Зеленград (1 к.), и од разни села во Кочанско (7 к.).
- Албански: Во селото се доселиле и албански родови од 1954 година, и тоа од околината на Урошевац (10 к.), Пеќ (6 к.), Призрен (6 к.) и Гнилане (6 к.). Сите места се наоѓаат во Косово, но сите тие потоа се иселиле.[2]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1710 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.[10]
Иселеништво
уредиОд селото Каратманово се иселил огромен број на жители, во постаро време се иселиле некои македонски родови. Па така во селото Ново Село, Велешко се иселиле родовите: Богојовци (4 к.), Караѓорѓевци (5 к.), Хаџиовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.). Родот Неделковци (1 к.) се иселил во селото Новачани. Од турските родови се иселиле преку 100 семејства во периодот помеѓу 1954-1958 година. Иселениците живеат во Маниса, Измир и Истанбул.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 232.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Каратманово на Карти на Гугл