Црнилиште
Црнилиште — село во Општина Долнени, Прилепско.
Црнилиште | |
Поглед на Црнилиште | |
Координати 41°31′50″N 21°24′52″E / 41.53056° СГШ; 21.41444° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 1.937 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7516 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20108 |
Надм. вис. | 662 м |
Црнилиште на општинската карта Атарот на Црнилиште во рамките на општината | |
Црнилиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Црнилиште се наоѓа во Прилепско Поле и во северниот дел од територијата на Општина Долнени, северозападно од градот Прилеп, на северозападното подножје на планината Бабуна. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 662 м. Од Прилеп е оддалечено 33 км. Неговиот атар зафаќа површина од 12,5 км2.[2]
Историја
уредиЦрнилиште било формирано од страна на христијанско словенско население. Албанците се доселиле во селото кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век.[3]
Стопанство
уредиСелото има полјоделска функција. Во неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 711 ха, пасиштата зафаќаат површина од 202 ха, а на шуми отпаѓаат 147 ха.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Чрнулште и имало 25 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[4]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Црнилиште било село со 60 домаќинства и 200 жители муслимани, 40 Македонци и 7 Роми.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црнилиште имало 60 Македонци, 580 Албанци и 80 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 60 жители Македонци, не броејќи ги муслиманите.[7] Според Димитар Гаџанов, во Црнилиште во 1916 година живееле 738 жители Албанци.[8] За време на Првата светска војна Црнилиште било вклучено во општина Браилово и имало 738 жители.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црнилишта се води како мешано македонско-албанско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.[10]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Турци, 150 Македонци и 50 други.[11]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 1.765 жители, од кои 1.704 Албанци, 31 Македонец, 26 Турци, 1 Бошњак и 3 други.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.937 жители, од кои 23 Македонци, 1.894 Албанци, 2 Турци и 18 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 720 | — | 949 | 1.045 | 1.118 | 1.108 | 1.303 | 1.456 | 1.486 | 1.765 | 1.937 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
уредиЦрнилишта е македонско-албанско село.
Албански родови во селото село: Гачевци (40 куќи), Велиовци (12 куќи), Усовци (4 куќи), Аировци (5 куќи), Реџовци (12 куќи), Џемаиловци (10 куќи), Шабановци (9 куќи), Ликовци (8 куќи), Качниковци (6 куќи), Ламевци (6 куќи), Манчевци (6 куќи), Стајчевци (6 куќи), Рамчевци (4 куќи), Речковци (4 куќи) и Мале-Станевци (4 куќи) сите овие родови се доселени од дебарска страна кон крајот на XVIII век и почеток на XIX век. Највеќее брачни врски одржувале со селаните од селата Пешталево, Дебреште и Житоше, и затоа жителите на селото добро го владеат македонскиот јазик. Во родот Гачевци се знае следното родословие: Јусуф (жив на 56 г. во 1954 година) Амет-Јусуф-Алија-Ганија, основачот на родот кој се доселил. Родовите Велиовци и Усовци потекнуваат од двајца браќа, во родот Усовци се знае следното родословие: Рамадан (жив на 57 г. во 1954 година) Џабир-Селман-Усеин, основачот на родот.
Македонски родови доселени после турското владеење се: Џарковци (6 куќи), Симоновци (3 куќи), Шоповци (2 куќи), Савевци (2 куќи) и Малезановци (1 куќи) доселени се од селото Стровија; Дрндаревци (4 куќи) и Размовци (3 куќи) доселени се од селото Маргари; Секуловци (3 куќи),Здравевци (2 куќи), и Церовци (2 куќи) доселени се од селото Гостиражни; Солуновци (1 куќа) доселени се од селото Костинци; Камчевци (1 куќа) и Влаинковци (1 куќа) доселени се од селото Богомила.[18]
Општествени установи
уредиВо селото работи основното училиште „Исмаил Ќемали“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[19] Освен тоа, во него има и амбуланта и услужни објекти.[2]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[20]
- Бириште — населба од римско време;
- Криви Стогови — осамен наод од римско време;
- Ограда — населба од римско време;
- Палези — населба од римско време.
- Џамии[21]
- Горна Џамија — џамија во Горно Маало;
- Долна Џамија — џамија во Долно Маало.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 1475 и 1476 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[22]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.544 гласачи.[23]
Личности
уреди- Езѓан Алиоски (р. 1992) — македонски фудбалер од меѓународна слава
Иселеништво
уредиДо 1957 година 15 албански семејства се иселиле во Турција. Тие се населиле во Бурса, Одрин и Адапазар. После 1957 година албанското иселување во Турција било уште посилно. А во селото почнало да се населува и македонско население.[3]
Галерија
уреди-
Патот до селото
-
Игралиште во селото
-
Долна Џамија
-
Горна Џамија
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 314.
- ↑ 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 374.
- ↑ Соколоски, М. и Стојановски, А. (1971). Турски документи за историјата на македонскиот народ, кн. 4. Скопје. стр.68.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 72-73.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 244.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ „Црнилиште“. OldPrilep. 19 октомври 2014.
- ↑ „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917“.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 14 април 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Образование“. Општина Долнени.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.