Бигла
- За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница
Бигла — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Бигла | |
![]() Куќи во Бигла | |
Координати 41°57′26″N 22°40′28″E / 41.95722° N; 22.67444° EКоординати: 41°57′26″N 22°40′28″E / 41.95722° N; 22.67444° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 274[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09001 |
Надм. вис. | 722-803 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Бигла се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е од разбиен тип и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 722-803 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 32 км2. Од Делчево е оддалечено 14 км.[2]
ИсториjaУреди
Во почетокот на XX век, Бигла било македонско село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало тројца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во 1924 година, чета на ВМРО на чело со војводата Дончо Христов водела целодневна борба против српска потера.[4]
СтопанствоУреди
Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.591,4 ха, на пасишта отпаѓаат 787,7 ха, а обработливото земјиште се простира на површина од 679,8 ха.[2]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бигла имало 640 жители, од кои 600 Македонци и 40 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бигла имало 736 жители Македонци.[6]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Бигла живееле 274 жители, од кои 272 Македонци и 2 Срби.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Бигла:[7]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 754 |
1953 | 838 | 0 | 0 | 0 | 6 | 844 |
1961 | 721 | 4 | 6 | 0 | 0 | 731 |
1971 | 868 | 1 | 6 | 0 | 1 | 677 |
1981 | 448 | 0 | 0 | 1 | 2 | 451 |
1991 | 330 | 0 | 0 | 0 | 0 | 330 |
1994 | 343 | 0 | 0 | 0 | 0 | 343 |
2002 | 272 | 0 | 0 | 2 | 0 | 274 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Општествени установиУреди
Во селото има основно училиште, амбуланта, фабрички погон, продавници и угостителски објекти.[2]
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Изборно местоУреди
Во селото постои изборно место бр. 0604 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[8]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 218 гласачи.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 201 гласачи.[10]
Културни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Крсто — старохристијанска црква
- Могила — могила од римско време
- Могила - Ано — могила од римско време
- Селиште — населба од доцноантичко време
- Селиште — населба и могила од римско време
- Стара Река — некропола од доцноантичко време
- Цркви[12]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — срушена црква, изградена во 1910 г., а нејзините икони пренесени во црквата „Св. Богородица“ во Делчево
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 28.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Црква "Св. Великомаченик Ѓорѓи" во село Бигла“. destinationdelcevo.mk. Посетено на 16 јули 2018.