Логоварди е село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Логоварди
Логоварди is located in Македонија
Логоварди
Местоположба на Логоварди во Македонија
Координати 41°1′46″N 21°24′41″E / 41.02944° СГШ; 21.41139° ИГД / 41.02944; 21.41139Координати: 41°1′46″N 21°24′41″E / 41.02944° СГШ; 21.41139° ИГД / 41.02944; 21.41139
Општина Општина Битола
Население 699 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 563 м
Логоварди на општинската карта
Логоварди во Општина Битола.svg

Атарот на Логоварди во рамките на општината


Географиja и местоположбаУреди

Логоварди се наоѓа во Битолското Поле, оддалечено 7 километри источно од градот Битола.

ИсториjaУреди

Во XIX век селото е дел од Битолската каза во Отоманската Империја.

ЕкономијаУреди

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Логоварди живееле 420 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Логоварди имало 480 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 Логоварди брои 699 жители, од кои 696 Македонци, 1 Србин и 2 останати:[3]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420[1] 480[2] 740 902 1.079 1.156 1.272 1.051 744 699

РодовиУреди

Логоварди е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

  • Стари родови со непознато потекло се: Ласковци (6 к.), Ѓоргијовци (5 к.), Шишковци (7 к.), Тикваровци (4 к.), Кежовци (3 к.), Станоовци (1 к.) и Врџовци (1 к.). Последниот род е гранка на Ласковци.
  • Родови доселени до 1912 се: Џумковци (13 к.) доселени се од селото Чумово; Ресуловци (6 к.), Коџобашовци (4 к.), Поповци (3 к.) доселени се од селото Рибарци; Беловолновци (3 к.) доселени се од соседното Новаци; Шелеменковци (2 к.) доселени се од Шелеверци; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовци (4 к.) доселени се од Црничани; Јадилебовци (3 к.) доселени се од Добрушево; Воѓановци (1 к.) доселени се од Воѓани; Рокановци (2 к.), Дамевци (3 к.) и Чорбевци (1 к.) доселени се од Карамани; Соклевци (2 к.) доселени се од Путурус, во Путурус припаѓале на родот Џековци кои се доселиле во Путурус од некое село во леринско; Чекутковци (2 к.) доселени се од Дедебалци; Спировци (1 к.) доселени се од Трн; Еќимовци (2 к.), Зафировци (3 к.), Ѓешовци (4 к.), Јосковци (2 к.), Шарковци (1 к.), Сугаревци (1 к.), Оџовци (4 к.), Пановци (2 к.), Колевци (1 к.), Базгало (1 к.), Писовци (4 к.), Коларовци (1 к.), Калешковци (1 к.), Калпаковци (3 к.), Бабаџовци (3 к.) Љанговци (3 к.) и Преспаковци (1 к.) за сите овие родови старината е непозната.

Општествени институцииУреди

Администрација и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 137 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на културата. [7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 558 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[9]
Археолошки локалитети

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Русиќ, Бранислав. Дебарца. Ману фонд “архив на Бранислав Русиќ„. 
  6. 6,0 6,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 стр. 175-176
  7. „Описи на ИМ“. конс. 3 ноември 2019. 
  8. „Претседателски избори 2019“. конс. 3 ноември 2019. 
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  10. 10,0 10,1 10,2 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. ВО СИДНЕЈ – СЕ ВРАТИ БЛАГОЈА ПОПОВСКИ
  12. проф. д-р Вангел Стефановски
  13. ПОСЛЕДЕН СОСТАВ 1991-1994
  14. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 94.

Надворешни врскиУреди