Рамни Габер
Рамни Габер — село во Општина Студеничани, во околината на град Скопје.
Рамни Габер | |
Координати 41°51′50″N 21°31′9″E / 41.86389° СГШ; 21.51917° ИГД | |
Општина | Студеничани |
Население | 20 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25114 |
Надм. вис. | 682 м |
Рамни Габер на општинската карта Атарот на Рамни Габер во рамките на општината | |
Рамни Габер на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Торбешија.
Историја
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 18 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 53 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 120 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 112 жители.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рамни Габер живееле 180 жители, сите Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]
Според пописот од 2002, селото брои 39 жители, сите Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 7 Албанци и 13 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | — | 284 | 305 | 260 | 167 | 144 | 0 | 66 | 39 | 20 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиРамни Габер е албанско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
- Доселеници: Шаље (10 к.) потекнуваат од фисот Шаља во северна Албанија. Овде живеат од крајот на XVIII век; Џоке (5 к.) потекнуваат од северна Албанија. Од таму се иселиле во околината на Ѓаковица, па потоа се доселиле во Рамни Габар. Овде живеат од почетокот на XIX век; Тураш (8 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓач (16 к.) потекнуваат од фисот Гаш. Од старото место се иселиле тројца браќа преку Косово се населиле најпрво во Црвена Вода, таму еден од браќата убил некој Албанец од селото Драчевица во кавга за земја, па затоа се населиле во селото Рамни Габер, во Црвена Вода имаат роднини; Калис (2 к.) потекнуваат од фисот Калиса во северна Албанија; Ѓеч (4 к.) потекнуваат од фисот Тсач во северна Албанија. Имаат роднини во селото Вртекица кај Качаник; Фанд (1 к.) потекнуваат од фисот Гаш во северна Албанија. Таму живееле во областа Фанде.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.209
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован. Филозофски факултет-Скопје. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Рамни Габер на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |