Големо Коњари

село во Општина Прилеп

Големо Коњари — село во Општина Прилеп, во Прилепско Поле, во околината на градот Прилеп.

Големо Коњари
Големо Коњари во рамките на Македонија
Големо Коњари
Местоположба на Големо Коњари во Македонија
Големо Коњари на карта

Карта

Координати 41°20′35″N 21°26′25″E / 41.34306° СГШ; 21.44028° ИГД / 41.34306; 21.44028
Регион Прилепско Поле
Општина  Прилеп
Население 613 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7509
Шифра на КО 20021, 20022
Надм. вис. 607 м
Големо Коњари на општинската карта

Атарот на Големо Коњари во рамките на општината
Големо Коњари на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Големо Коњари се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле во западниот дел на Општина Прилеп од десна страна на патот Прилеп - Кривогаштани - Крушево. Селото е рамничарско и лежи на 607 метри надморска височина. Од Прилеп е оддалечено 9 км, а во неговата близина е блатото кое е собиралиште на многу видови птици. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Варош на исток, Мало Коњари на југ, Врбјани на запад и Славеј, Заполжани и Мажучиште на север. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп-Крушево-Сладуево.

Историја

уреди

Големо Коњари има дадено многу борци за Македонија особено во Илинденско востание и Втора светска војна. Поради тоа што е во рамнината на Прилепското Поле (на мета на турските власти од Прилеп) за време на Илинденското востание борците од ова село и околните села не биле организирани во посебна чета туку биле дел од многуте чети.

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948851—    
1953945+11.0%
1961926−2.0%
1971922−0.4%
1981906−1.7%
ГодинаНас.±%
1991725−20.0%
1994685−5.5%
2002699+2.0%
2021613−12.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Големо Коњари живееле 590 жители, од кои 550 Македонци и 40 Турци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Големо Коњари имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Големо Коњаре се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Големо Коњари има 699 жители, сите Македонци.[6] Големо Коњари не го зафатило процесот на масовна миграција и бројот на жители не варирал во големи граници.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 613 жители, од кои 592 Македонци и 21 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 590 400 851 945 926 922 906 725 685 699 613
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Големо Коњари е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички. Родовите се делат во три маала: Горно Маало, Долно Маало и Маало Албанија.[12]

Родови во Горно Маало се:

  • Доселеници: Параловци (10 к.), најстар род во селото, се доселил нивниот предок Ристо на самиот почеток на XIX век од селото Паралово во Битолско, го знаат следното родословие: Панто (70 г. во 1951 година) Никола-Коте-Ристо, кој се доселил; Бумбаровци (12 к.), доселени се од селото Света во Железник, го знаат следното родословие: Јосиф (80 г. во 1951 година) Ѓоре-Никола; Сваќаровци (4 к.) и Петревци (4 к.) доселени се од соседното село Мало Коњари и таму се доселени однекаде; Бунтевци (11 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај; Макаловци (10 к.), „скитале по селата“ во Големо Коњари се доселени од Мало Коњари; Мантаровци (5 к.) доселени се од селото Чепигово; Пацановци (2 к.), Северковци (2 к.), Царчевци (2 к.) и Дановци (4 к.), доселени родови од непозната старина.

Родови во Долно Маало се:

  • Доселеници: Мијаковци (8 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај, тие се втор најстар род во селото после Параловци; Срќевци (7 к.) и Талимџиовци (9 к.) имаат исто место на потекло, а тоа е селото Вирово во Железник; Недановци (1 к.), доселени се од селото Крушеани; Клаповци (6 к.) и Црневци (2 к.), доселени се од селото Бело Поле, каде имаат роднини, во Бело Поле се доселени од раселеното село Дабјани; Чапраговци (1 к.), доселени се од селото Кадино Село и таму се однекаде доселени; Седловци (3 к.) гранка се од родот Мантаровци во Горно Маало, доселени од Чепигово, од овој род потекнува Гоце Седлоски; Иљомановци (5 к.) и Љумевци (2 к.), доселени се од Мало Коњари, и таму се однекаде доселени; Ќиртовци (1 к.), „скитале по селата како момци“, овде се доселени од селото Врбјани; Видановци (1 к.), порано живееле во селата Врбјани, Мало Коњари и други села и Бутраковци (2 к.) не знаат од каде се доселени.

Во маалото Албанија се родовите:

  • Доселеници: Касниовци (5 к.) и Чуљевци (3 к.) порано биле еден род, доселени се од Мало Коњари, таму им се род Сваќаровци; Пуцаковци (6 к.) доселени се од некое село во Железник.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1448 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 544 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Црквата „Св. Троица“

Во селото се наоѓа црквата „Св. Троица“.

Во близина на селото се наоѓа месноста Локва, кој е строг природен резерват. Тој е составен од три бари, остатоци од некогашното Пелагониско блато. Во нив живеат 50 различни видови на организми, од кои 16 се природно ретки видови. Наоѓалиштето е познато по реликтниот ендемски вид вилинско ракче (Chirocephalus pelagonicus), кое опстојува само на ова место.[15]

Редовни настани

уреди

Личности

уреди
  • Гоце Седлоски — македонски фудбалер, член на македонската фудбалска репрезентација

Култура и спорт

уреди

ФК Големо Коњари. Во минатото го носи името ФК Братство (Големо Коњари), а под тоа име во сезона 1993/94 клубот настапува во 2 МФЛ (Втора македонска фудбалска лига).

Иселеништво

уреди

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Коњарци, Биљаровци и Кумитовци иселени се во Долно Оризари кај Битола. Барлевци иселени се во Боротино. Коњарци и Кулевци иселени се во Бело Поле. Чачаровци иселени се во Врбјани. Бутраковци иселени се во Крушеани. Коњарци иселени се во Долно Српци кај Битола. Сливовци иселени се во Заполжани. Црневци иселени се во Алинци. Стрезовци иселени се во Забрчани.[12]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софиja, 1900.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 23.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. 12,0 12,1 Трифуноски, Јован (1998). Битолско-Прилепска Котлина. Белград. стр. 350-351-352.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Вилинско ракче крај Прилеп“. www.bbc.co.uk.

Надворешни врски

уреди