Форино

село во Општина Гостивар


Форино — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Форино
Forino GV 07.JPG

Сретселото на Форино

Форино во рамките на Македонија
Форино
Местоположба на Форино во Македонија
Форино на интерактивна карта

Координати 41°49′27″N 20°57′45″E / 41.82417° СГШ; 20.96250° ИГД / 41.82417; 20.96250Координати: 41°49′27″N 20°57′45″E / 41.82417° СГШ; 20.96250° ИГД / 41.82417; 20.96250
Општина Гостивар
Население 2.809 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07085
Надм. вис. 730 м
Форино на општинската карта
Форино во Општина Гостивар.svg

Атарот на Форино во рамките на општината
Commons-logo.svg Форино на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

ИсторијаУреди

Форино е старо село. Во пишаните извори селото првпат се спомнува во периодот 1461/62 година.[2]

Сè до почетокот на XX век во селото имало и Македонци, кои целосно се иселиле од него.

СтопанствоУреди

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.523—    
19531.726+13.3%
19612.043+18.4%
19712.831+38.6%
19813.637+28.5%
ГодинаНас.±%
199114−99.6%
19944.047+28807.1%
20024.652+14.9%
20212.809−39.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Форино живееле 590 жители, од кои 560 Албанци и 30 Македонци.[3]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Форино — село во Чегранска општина во Горнополошкиот срез и има 129 куќи и 820 жители, Албанци и Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.652 жители, од кои 4.624 Албанци, 1 Србин, 1 Бошњак и 26 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.809 жители, од кои 2.710 Албанци, 1 Ром, 4 останати и 94 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 590 1.523 1.726 2.043 2.831 3.637 14 4.047 4.652 2.809
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

РодовиУреди

Форино е албанско село, а имало и Роми во селото.

Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:

  • Албанци: Ферука (11 к.), Шеке (27 к.), Мерче (25 к.), Љуте (8 к.), Матњан (11 к.), Бобаре (7 к.), Љоке (27 к.), Даке (13 к.), Шике (4 к.), Чупе (4 к.), Љоке (7 к.), Селе (16 к.), Бајруше (3 к.), Чаракли (2 к.), Билче (4 к.), Љаке (2 к.), Саке (3 к.), Браим Сенокос (1 к.), Шабан (1 к.), Рауф Асан (1 к.), Зибер (1 к.) и Бајрам Нуи (1 к.). Потеклото на наведените родови е од северна Албанија (Дебар, Љума, Љусна, Матија, Пешкопеја, итн). Родовите со помалку домаќинства потекнуваат од предци доселени од околните села како домазетовци, но и нивното подалечно потекло е од северна Албанија.
  • Роми: Мамутовци (4 к.), Емин Осман (1 к.) и Адем Ариф (1 к.). Првите два рода се доселени од Дебарско. Додека третиот род е доселен со непозната старина.[2]

Општествени установиУреди

Самоуправа и политикаУреди

Избирачко местоУреди

Во селото постојат избирачките места бр. 499, 499/1, 500, 500/1, 501, 501/1 и 502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.428 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитостиУреди

ИсторијаУреди

Археолошки наоѓалишта[13]
  • Леска — средновековна населба;
  • Калдрма — средновековна населба;
  • Рудина — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Селиште — средновековна населба;
  • Томе Брез — некропола и тумул од железно време;
  • Глаица — населба од доцноантичкото време.

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

  • Зуди Емини (1958 - 19 јули 2010) - македонски политичар, пратеник во македонското Собрание[14]
  • Талат Џафери (р.15 април 1962) - македонски политичар, претседател на македонското Собрание[15]
  • Зирап Лимани (19 јули 1953) - македонски правник, судија на Врховниот суд на Македонија[16]

Култура и спортУреди

ИселеништвоУреди

До почетокот од 20 век Македонците целосно се иселиле од селото Форино. Денес се знае за неколку рода кои порано живееле во Форино, но морале да се иселат, така познати се следните рода со потекло од Форино: Форинци (2 к.) иселени се во селото Зубовце. Од Зубовце се иселил нивниот предок Ристо. Јакофовци се иселиле прво во Тумчевиште, па потоа во Тетово, каде изумреле. Некоја Вељаница со нејзините деца се иселила во Тетово. Стојан се иселил некаде. Синадин од Форино се иселил во Чегране како слуга, тој потоа си ја променил верата, и умрел околу 1912. Топаловци од Милетино имале некои роднини во Форино кои се иселиле некаде. Манасија со неговите деца бил последниот Македонец кој се иселил од селото. Се спомнувало и за македонски девојки мажени во околните села: Тумчевиште, Волковија, Куново, Градец (некоја Биљана која умрела околу 1907 год).[2]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  3. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.26.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. „Зуди Емини“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-18.
  15. „Талат Џафери“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-18.
  16. „Судија Зирап Лимани“. Врховен Суд на Македонија. Посетено на 2010-04-18.

Надворешни врскиУреди