Општина Центар
Општина Центар — општина во состав на градот Скопје и е негова централна општина. Се наоѓа во средишниот и јужниот дел на градот, го опфаќа плоштадот Македонија, двата брега на реката Вардар и дел од планината Водно. Како централна општина на градот Скопје, а воедно и на Република Македонија на нејзината територија се наоѓаат Владата, Собранието, неколку министерства и многу државни заводи, агенции и управи. На територијата на општината се наоѓаат и ректоратот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ заедно со неколку факултети и собранието на град Скопје.
Општина Центар | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Општина Центар, поглед од Скопското Кале | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Скопски | ||
Посебна единица | Град Скопје | ||
Година кога е основана со закон | 1976 | ||
Седиште | Дебар Маало, Скопје | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Горан Герасимовски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 7,52 км2 (2,90 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 43.893 | ||
• Густина | 5,800/км2 (15,000/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | centar.gov.mk |
На југ и запад граничи со Општина Карпош, на север со Општина Чаир, а на исток со општините Аеродром и Кисела Вода.
Општинско обележје е митолошката птица Феникс, која ја симболизира преродбата на градот по земјотресот во 1963 г.
Географија
уредиОпштина Центар зафаќа површина од 7,52 км2 и има густина на населеност од 6 032,18 жители/км2.
Граници
уреди- Главна статија: Граници на Општина Центар
Историја
уредиСтопанство
уредиДемографија
уредиСпоред пописот од 2002 г. во Општина Центар живееле 45.412 жители, од кои:
- Македонци — 38.778 (85,39 %)
- Срби — 2.037 (4,49 %)
- Албанци — 1.465 (3,23 %)
- Роми — 974 (2,14 %)
- Турци — 492 (1,08 %)
- Власи — 459 (1,01 %)
- Бошњаци — 108 (0,24 %)
- Грци — 45 (0,14 %)
- останати — 1.099 (2,42 %)
Според пописот од 2021 г.[2] општината брои 46.749 жители,
Народ | Број | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 35.959 | 76,92 |
Албанци | 1.332 | 2,85 |
Турци | 649 | 1,39 |
Роми | 671 | 1,44 |
Власи | 577 | 1,23 |
Срби | 1.354 | 2,90 |
Бошњаци | 190 | 0,41 |
Други неспомнати | 884 | 1,89 |
Не се изјасниле | 68 | 0,15 |
Непознато | 52 | 0,11 |
Лица за кои податоците се преземени
од административни извори |
5.013 | 10,72 |
Населби во Општина Центар
уредиПод подрачјето на Општина Центар не влегуваат села и одделни наслени места, односно целото подрачје на општината се протега на урбаната територија на градот Скопје.
Во состав на општината влегуваат следниве населби и маала: Центар, Капиштец, Пролет, Буњаковец, Маџир Маало, Дебар Маало, Ново Маало, Пајко Маало, Водно, Крњево Маало, Парк Маало и Тасино Чешмиче. Во населбата денес како топоним односно месност постои Еврејско маало на чие место било еврејска населба сè до нивната депортација за време на Втората светска војна.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиГрадоначалник на општина Центар е Саша Богдановиќ од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Центар е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Органи
уредиСовет
уредиСоветот на Општина Центар се состои од 23 члена, на чело со претседател. При советот функционираат и комисии по разни области:
- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
- Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
- Комисија за статут и прописи
- Комисија за локален економски развој
- Комисија за култура
- Комисија за урбанизам, планирање и уредување на просторот
- Комисија за комунални работи и заштита на животната средина и природата
- Комисија за јавни дејности
- Комисија за образование
- Комисија за здравствена, социјална заштита и заштита на децата
- Комисија за родова еднаквост
- Комисија за програма за работа
- Комисија за доделување на годишната награда „Феникс“
Урбани заедници
уредиЦелокупното подрачје на Општина Центар е поделено на 17 урбани заедници.[4] Тие имаат свое седиште, а со нив раководат претседателите на урбаните заедници. Највисок орган на урбаната заедница е Советот на урбаната заедница, составен од 7 членови на Советот, од кои еден е претседателот на урбаната заедница, кој и ги води седниците на Советот.
Заради подобра координација на активностите на урбаните заедници, на иницијатива на претседателите на урбаните заедници е формирано Координативно тело на урбаните заедници во кое партиципираат сите урбани заедници претставувани од нивните претседатели. Со Координативното тело на урбаните заедници раководи претседателство во состав Мирчевски Дамјан- претседател на Координативното тело на урбаните заедници, Марковски Благоја, Игор Лешко, Драган Атанасовски и Стојан Донев - членови на претседателството на Координативното тело на урбаните заедници на општина Центар.
Урбана заедница | Адреса на седиште | Телефон | Претседател |
---|---|---|---|
„Невена Георгиева - Дуња“ | ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 2 | 071/ 248-956 | Сашо Димитровски |
„Боро Петрушевски - Папучар“ | ул. „Ѓорги Скрижевски“ бр. 20 | 070/ 242-320 | Благоја Марковски |
„Кочо Рацин“ | ул. „Бигла“ бр. 2 | 075/ 603-053, 31-76-249 | Неда Ивановска |
„Мито Хаџивасилев - Јасмин“ | ул. „50 Дивизија“ | 075/ 590-985 | Васе Трајковски |
„Дане Крапчев“ | ул. „Алберт Ајнштајн“ | 071/ 525-626, 32-30-202 | Игор Лешко |
„Наум Наумовски - Борче“ | ул. „Орце Николов“ бр. 79 | 070/624-959, | Даниел Темелковски |
„Раде Јовчевски - Корчагин“ | ул. „Ѓуро Ѓоновиќ“ бр. 43 | 075/ 852-884, 31-34-878 | Драган Атанасовски |
„Миле Арсовски“ | ул. „Васил Стефановски“ бр. 15 | 075/ 451-229, 32-98-569 | Дамјан Мирчевски |
„Мирче Ацев“ | ул. „Орце Николов“ бр. 29 | 070/525-096 | Бошко Лозанче |
„Роберт Гајдик“ | ул. „Кочо Рацин“ бб | 075/ 608-501 | Зоран Велевски |
„Васил Антевски - Дрен“ | ул. „Коста Шахов“ бр. 20 | ? | Игор Стојановски |
„Мирче Мацан“ | ул. „Пролет“ бр. 39 | 077 / 713-355 | Влатко Галабов |
„Славе Георгиевски - Шнајдерот“ | ул. „Мирче Ацев “ бб. | ? | Ристо Белов |
„Благоја Деспотовски - Шовељ“ | ул. „Ѓуро Стругар “ бр. 15-а | ? | ? |
„Јане Сандански“ | ул. „Битпазарска “ бр. 125 | 071/ 839-233, 31-24-221 | Стојан Донев |
„Боте Ботевски“ | Градски трговски центар | 070/ 273-960, 31-62-855 | Пане Глигоров |
„Крњево“ | ? | 071/ 238-637 | Влатко Митковски |
Вработени
уредиВо 2017 година, општината имала вкупно 792 вработени, од кои 98 биле вработени во општинската администрација, а останатите во општинските јавни претпријатија.[5]
Проект „Безбедност за сите“
уредиУрбаните заедници на општина Центар, организирани преку Координативното тело на урбаните заедници, отпочна со реализација на проектот „Безбедност за сите“, проект за зголемување на безбедноста на граѓаните преку интензивирање на соработката со полицијата. Проектот е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Р Македонија и претставува пилот проект од ваков карактер во Р Македонија и во земјите од соседството. Носител на проектот е Координативното тело на урбаните заедници, а соработници претставници од МВР - ПС Центар, Општина Центар, невладини организации и агенциите за обезбедување.
Културни и природни знаменитости
уредиНа подрачјето на општината се наоѓаат многу културно-историски споменици и знаменитости по кои е препознатливо Скопје и Македонија. На подрачјето на општината се наоѓаат познатите Камен мост и скопското Кале (кои се застапени на грбот на градот Скопје). Исто така во Дебар Маало е остатокот од влезниот дел на првата македонска гимназија по Втората светска војна, потоа се наоѓаат црквите Свети Димитрија и соборниот храм Свети Климент Охридски (за жал со новата територијална поделба на Општина Чаир и беше придодадена една од најстарите и најбогатите македонски цркви „Свети Спас“ во која се наоѓа гробот на македонскиот херој и великан Гоце Делчев и извонреден резбан иконостас со непроценлива вредност).
Збратимени општини
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ http://www.opstinacentar.gov.mk/urbani_zaednici.aspx Архивирано на 1 мај 2010 г.: „Целото подрачје на општина центар е поделено на 17 урбани заедници“
- ↑ „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.
- ↑ „Центар се збратими со Бејоглу во Истанбул“. Нова Македонија. 21 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 21 април 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница на Општина Центар
- Општина Центар во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- „Социјална карта на општина Центар - Скопје“ Архивирано на 8 февруари 2017 г.