Смојмирово
Смојмирово — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово. Населението изнесува 526 жители.
Смојмирово | |
Поглед на Смојмирово | |
Координати 41°43′59″N 22°51′0″E / 41.73306° СГШ; 22.85000° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Берово |
Област | Малешевија |
Население | 526 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2330 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01013, 01513 |
Надм. вис. | 850 м |
Смојмирово на општинската карта Атарот на Смојмирово во рамките на општината | |
Смојмирово на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во средишниот дел на областа Малешевија, на територијата на Општина Берово, недалеку од градот Берово, сместено на патот Берово-Пехчево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 850 метри. Од градот Берово е оддалечено 4 километри.[2]
Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 638 хектари, на пасиштата отпаѓаат 244 хектари, а на шумите 116 хектари.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Смојмирово било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиСелото, во основа, има полјоделска функција.[2]
На 7 октомври 1944 година во борбата против германските фашисти кај селото Смојмирово загинал македонскиот поет Ацо Караманов.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Смојмирово имало 560 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смојмирово имало 760 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Селото е големо, без некои големи промени во населеноста и е населено со македонско население. Така, Смојмирово во 1961 година имало 854 жители, а во 1994 година 825 жители.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Смојмирово живееле 765 жители, од кои 764 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 526 жители, од кои 511 Македонци, 1 останат и 14 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 760 | 727 | 796 | 854 | 827 | 812 | 828 | 825 | 765 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ до V одделение[13], подрачно училиште на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ - Берово
- Дом на култура
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Смојмирово, во која единствено село било Смојмирово.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Смојмирово се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Ратево.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0016 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 566 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 545 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Брестови — населба од доцноантичкото време; и
- Милина Црква — старохристијанска црква.
- Цркви
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик на Јане Сандански
- Спомен-биста на Ацо Караманов
- Споменик од НОБ
Личности
уреди- Родени во Смојмирово
- Димитар Самарџиски (Прокуроре) — револуционер
- Александар Самарџиски (1938-2001) — математичар и универзитетски професор
- Гаврил Стоиловски (1884-?) — револуционер
Галерија
уреди-
Поглед на селото
-
Споменик од НОБ
-
Споменик на Јане Сандански
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 277. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „ОУ „Дедо Иљо Малешевски"“. македонски: Општина Берово. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Описи на ИМ“. Државна изборна комисија. Посетено на 13 октомври 2021.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-02-08. Посетено на 9 декември 2017.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Смојмирово на Ризницата ?