Никиштане
Никиштане — село во Општина Ѓорче Петров, во околината на градот Скопје.
Никиштане | |
Панорамски поглед на селото Никиштане | |
Координати 42°4′1″N 21°20′6″E / 42.06694° СГШ; 21.33500° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Ѓорче Петров |
Област | Скопско Поле |
Население | 1.127 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1060 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25094 |
Надм. вис. | 680 м |
Никиштане на општинската карта Атарот на Никиштане во рамките на општината | |
Никиштане на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во северозападниот дел од Скопската Котлина, од десната страна на реката Лепенец, а на територија на Општина Ѓорче Петров.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри.[2] Селото се наоѓа на 15 километри североисточно од градот Скопје.
Атарот зафаќа површина од 12,3 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 583 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 274 хектари, а на шумите 215 хектари.[2]
Историја
уредиСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 42 христијански семејства и 3 вдовици христијани.[3]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 6 христијански[4] и 11 муслимански[5] домаќинства. На овој попис биле забележани 19 мажи христијани, без новороденчиња и 52 мажи муслимани со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 209 жители.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Никиштане имало 125 жители, од кои 75 Македонци христијани и 50 Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[8]
Никиштане во 1961 година броело 618 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.010 жители, исклучиво албанско население.[2]
Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Богдево, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Никиштане имало 1.114 жители, од кои 1.113 Албанци и 1 останат.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.127 жители, од кои 1.084 Албанци и 43 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 125 | — | 606 | 652 | 618 | 704 | 793 | 0 | 1.010 | 1.114 | 1.127 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиНикиштани е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Доселеници: Исманоски (13 к.), Исеиноски (23 к.) и Бајрамоски (13 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Овие три родови се намножиле од предокот Мемет. Тој имал три сина. Исман, Исен и Бајрам; Џафероски (14 к.) доселени се од некое село Тоља кај Пешкопеја, северна Албанија. Од таму се иселиле тројца браќа. Едниот се населил во Никиштани, вториот во Грачани, а третиот во Радуша. Овде живеат од првата половина на XIX век. Го знаат следното родословие: Асип (жив на 40 г. во 1948 година) Вели-Сулејман-Џафер, кој се доселил; Мамутоски (8 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Оџини (1 к.) доселени се од Скопје. Подалечното потекло е непознато.[15]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Јоаким Крчовски“ до V одделение[16], подрачно училиште на ОУ „Јоаким Крчовски“ - Волково.
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Ѓорче Петров, една од десетте градски општини на Град Скопје, која не била променета по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Идадија. Селото припаѓало на некогашната општина Ѓорче Петров во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Волково, во која покрај селото Кучково, се наоѓале и селата Волково, Грачани, Никиштани и Орман. Општината Волково постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 2584 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Никиштане.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 916 гласачи.[18]
Иселеништво
уредиПред да се населат муслиманските Албанци во селото, тоа било населено со православно македонско население. Но Македонците почнале да се иселуваат од селото. Сега се знае за иселеници во Ново Село (Никиштанци или Цветановци) и во селото Бразда (Славковци и Пејковци). Во селото постоел и родот Митреви, чија куќа се знаело каде се наоѓа.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Џамии[19]
- Џамија — селска џамија
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 208. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.486
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 208.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 15,0 15,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „ООУ Јоаким Крчовски“. Архивирано од изворникот на 2018-02-23. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-09-10. Посетено на 4 февруари 2018.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.