Поешево

село во Општина Битола

Поешево — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Поешево
Поешево во рамките на Македонија
Поешево
Местоположба на Поешево во Македонија
Поешево на карта

Карта

Координати 41°0′57″N 21°23′30″E / 41.01583° СГШ; 21.39167° ИГД / 41.01583; 21.39167
Општина Битола
Население 196 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 02095
Надм. вис. 562 м
Поешево на општинската карта

Атарот на Поешево во рамките на општината
Поешево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Поешево се наоѓа во средишниот дел на Битолското Поле. Тоа припаѓа на територијата на Општина Битола. Од градот Битола е оддалечено 4,5 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 578 метри. Атарот зафаќа површина од 7,1 км2. На него преовладува обработливо земјиште кое зафаќа површина од 670 ха, а останатото се ливади. Населението се занимава со земјоделство и сточарство.

Историја

уреди

Името на селото е Поешево. Во турските пописни дефтери за Битолска нахија од 1468 година името на селото Поешево е напишано со формата Б-о-ж-д-ш-в-а, а во пописните дефтери од 1544 година е забележано како Поздешево (Соколоски 1973, 157). Според пописот од 1468 г. година во селото се регистрирани 60 христијански и едно муслиманско семејство.

Во 1568 година во селото имало 54 христијански и 6 муслимански семејства. Од изнесеното може да се заклучи дека името на селото потекнува од името Поздеш со значење село кое му припаѓало на Поздеш. Подоцна доаѓа до оформување на сегашното име Поешево.

Жителите на село Поешево изградиле христијански храм во 1840 година посветен на св. Ѓеоргиј Победоносец. Храмот бил реновиран во 1973 година. Селска слава им е Ѓурѓовден кој се празнува на 6 мај.

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Населението на Поешево се занимава со земјоделство и сточарство. Успеваат сите житни и градинарски култури. Атарот е покриен со мрежа за наводнување од Хидросистемот „Стрежево). Во селото има иградено водовод и асфалтен пат што го поврзува селото со градот Битола.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948234—    
1953266+13.7%
1961335+25.9%
1971323−3.6%
1981389+20.4%
ГодинаНас.±%
1991331−14.9%
1994256−22.7%
2002272+6.2%
2021196−27.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поешево живееле 210 жители, сите Македонци.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поешево (Аккечели) се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 23 куќи.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поешево имало 208 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, селото Поешево има 272 жители, од кои 266 Македонци и 6 Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 196 жители, од кои 190 Македонци, 1 Албанец и 5 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 208 234 266 335 323 389 331 256 272 196
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

уреди

Поешево е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци: Кожуваровци (6 куќи) и Кртноговци (1 куќа)
  • Доселеници: Лажиовци (2 куќи) и Гингуловци (1 куќа) доселени се од Кукуречани; Толевци (1 куќа) доселени се од Биљаник; Лисковци (4 куќи) доселени се од Горно Оризари, таму биле доселени од Боротино. Го знаат следното родословие: Иван (жив на 73 г. во 1950-тите) Ристе-Коте, основачот на родот кој се доселил; Јолбашовци (2 куќи) доселени се од исто место како и Лисковци; Најдовци (2 куќи) доселени се од Логоварди; Трапчани (4 куќи) доселени се во 1903 година од селото Трап; Нешовци (9 куќи) доселени се во 1903 година од Логоварди; Фичуровци (5 куќи) од Могила, се иселиле најпрво во Горно Оризари, па Бистрица, Кравари и на крај во Поешево во 1908 година; Преспанци (3 куќи) доселени се од селото Рудари во егејскиот дел од Преспа во 1928 година; Српчани (2 куќи) доселени се од Српци; Дупенци (1 куќа) потекнуваат од граничар. Он слузбовал во село Дупени во Преспа, таму се оженил и во 1935 дошол во денешното село; Ресанци (2 куќи) доселени се во 1936 година од селото Дупени во Преспа. Таму имаат роднини Шуминовци, за време на Втората светска војна на нив бугарите им дале земја; Обршанци (2 куќи) доселени се во 1938 година од селото Обршани во Прилепско; Караманци (1 куќа) доселени се во 1941 година од селото Карамани.[12]

Општествени установи

уреди

Во Поешево работи училиште за основно образование до 4 одделение. Има две колонијални продавници.

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 136 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта

Редовни настани

уреди

Личности

уреди
Родени в Поешево
  • Цветко - војвода на селската чета ва време на Илинденското Востание[19]
  • Тодор Златков - роден 1876 година, а починал во 1919 година во Софија. Учествувал во Илинденското востание од 1903 г.и бил близок соработник на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна се приклучил кон Тодор Александров. Бил учител во Поешево и на други места.

Култура и спорт

уреди
  • ФК Поешево

Во Поешево активно работи Фудбалскиот клуб „Поешево“. Од 1978 година се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Битола. Скоро секоја година го зазема првото или второто место. Од овој клуб излегоа познатите фудбалери: Тони Мицевски и Горан Ставрески.

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 236.
  3. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678
  18. 18,0 18,1 18,2 Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015
  19. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001., стр.182

Литература

уреди
  • Турски документи за историјата на македонскиот народ Опширни пописни дефтери, 1973, 157
  • Љубица Станковска, Македонска ојконимија, Скопје,1997, стр.212
  • Никола В. Димитров и Трајко Огненовски, Битолски регион, Битола, 2009, стр.269
  • Спомени и биографии на илинденци, битола, 1993, стр.100
  • Ѓорѓи Лазаревски, теренско истражување, 2010.

Иселеништво

уреди

Надворешни врски

уреди