Капиново
Капиново — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Капиново | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Област | Азот |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29028 |
Капиново на општинската карта Атарот на Капиново во рамките на општината | |
Капиново на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКапиново — село во Општина Чашка. Селото е оддалечено 49 километри југозападно од градот Велес. Околни села се: Папрадиште и Ореше од запад, Нежилово од север, Црешнево и Бистрица од исток, и Богомила од југ.
Историја
уредиСелото првпат се спомнува во 1480 година, но тоа старо село пропаднало. Денешното село е основано од доселеници од Порече.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3]
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 2002 година во ова село не биле забележани жители. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 140 | 112 | 94 | 94 | 69 | 18 | 6 | 2 | 1 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Родови
уредиКапиново било македонско село.
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле:
- Доселеници: Китановци (5 к.) доселени биле од селото Тажево во Порече. Се знаело следното родословие: Илија (жив на 82 г. во 1967 година) Кочо-Стеван-Китан, основачот на родот кој се доселил; Станковци или Ристевци (4 к.) доселени од селото Црешнево во Порече; Тошевци (1 к.) доселени од селото Локвица во Порече.[2]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2211 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом на селото Богомила.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиКапиново највеќе нараснало на 25 домаќинства, но поради големите иселувања селото целосно пропаднало. Иселеници има на многу места. Согле, Мартолци, Извор и Голозинци. Во селото Качарево во Војводина се иселиле 3 семејства. И на други места.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован (1968). Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.