Долно Гратче
Долно Гратче или Долно Градче — поранешно село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, на местото на селото се наоѓа езерото Гратче.
Долно Гратче | |
Езерото Гратче на местото на селото | |
Координати 41°57′50″N 22°24′30″E / 41.96389° СГШ; 22.40833° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Осоговија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13012 |
Надм. вис. | 440 м |
Долно Гратче на општинската карта Атарот на Долно Гратче во рамките на општината | |
Долно Гратче на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиДолно Гратче во времето на неговото постоење се наоѓало на дното на денешното вештачко езеро Гратче. Селото имало поволна местоположба затоа што се наоѓало на местото каде што реките Голема и Мала се спојуваат, и ја образуваат Кочанска Река. Во околината на селото се наоѓаат над 30 природни извори на вода. Селото било сместено на надморска височина од 440 м. Неговиот атар зафаќа површина од 5,3 км2.[2]
Историја
уредиВо Првата балканска војна, 2 лица од Гратче (Горно и Долно) биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во 1958 година, властите решиле да изградат брана со цел да го заштитат Кочани од постојаните поплави од надојдените води од Осоговските Планини. Најпогодно место за изградба на вештачкото езеро била месноста Рамна Карпа. Поради тоа, мештаните биле раселени, а дел се преселиле во соседните села Горно Гратче и Јастребник, дел во Кочани, а некои и надвор од Македонија.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гратче (Долно и Горно живееле 175 жители, сите Македонци.[4]
Според скопскиот митрополит Фирмилијан, во 1902 година во Лешки имало 16 куќи во подаништво на Цариградската патријаршија.[5]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно и Долно Гратче имало 216 жители Македонци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Долно Гратче нема жители.[8] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | / | 77 | 93 | 15 | 3 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина.
Во XIX век, Долно Гратче било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[13]
- Горно Градиште — населба од доцноантичко време;
- Долно Градиште — градиште од доцноантичко време.
- Водопади
- Езера
- Реки
- Споменици
- Споменик посветен на изградбата на браната.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 104.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 840.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи, 1902, отсликано од Државниот архив на Република Македонија.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Долно Гратче на Ризницата ?