Подмоље
Подмоље (се среќава и како Подмолје) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Подмоље | |
Координати 41°09′39″N 20°45′07″E / 41.16083° СГШ; 20.75194° ИГД | |
Општина | Охрид |
Население | 280 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 822 м |
Подмоље на општинската карта Атарот на Подмоље во рамките на општината | |
Подмоље на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиИсторија
уредиВо XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмоље живееле 160 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмоље имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмоље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 246 Македонци, 3 Срби, 7 останати и 24 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 120 | 75 | 83 | 126 | 176 | 272 | 245 | 269 | 331 | 280 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиПодмоље е македонско село.
Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Мојсовци или Лошковци (1 к.) староседелци; Шашојаковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Вапила. Во Вапила имале роднини, голем род; Балевци или Саравиновци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Велестово. Таму припаѓале на голем разгранет род; Бамбаловци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Оровник. Таму имале истоимени роднини; Мингулевци или Тодоровци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Завој. Таму припаѓале на родот Деспотовци; Шабановци или Стојчевци (2 к.) доселени се во 1929 и 1930 година од селото Завој; Стојановци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Оровник. Подалечно потекло од селото Лактиње во Дебрца.[13]
-
Куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во јужниот дел на селото
-
Куќа во источниот раб на селото
-
Стара градба во средишниот дел на селото
-
Куќа во северниот дел на селото
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Константин и Елена“ од 1934 г.
- Чешми
- Чешма - се наоѓа во средиштето на селото, веднаш до црквата
- Археолошки наоѓалишта
- Селиште — средновековна населба, црква и некропола;
- Корија - Манастириште — средновековна црква;
- Чешма — средновековна црква и некропола;
- Спорт
- Спортско игралиште
Редовни настани
уредиЛичности
уреди- Благоја Стојчески — македонски партизан, учесник во НОБ.
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Галерија
уреди-
Јужниот дел на селото.
-
Јужниот дел на селото.
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Средишниот дел на селото
-
Источниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото. Спореден пат кој води до Оровник
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото
-
Северниот дел на селото и патот А3
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Подмоље. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.