Општина Липково (албански: Komuna e Likovës) — општина во Северна Македонија. Опфаќа 22 села во падините на Скопска Црна Гора и македонскиот дел на котлината Жеглигово, по течението на Липковска Река, десна притока на Кумановска Река. Градоначалник на Општина Липково е Еркан Арифи, а седиште на општината е селото Липково. Општината зафаќа површина од 267,82 км2 и густина на населението 101,03 жители на км2. Населението брои 27.058 (2002), од кои мнозинството Албанци.
Градоначалник на општина Липково е Еркан Арифи од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Липково е составен од 19 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: