Голем Папрадник
Голем Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во околината на градот Дебар.
Голем Папрадник | |
Координати 41°28′36″N 20°32′39″E / 41.47667° СГШ; 20.54417° ИГДКоординати: 41°28′36″N 20°32′39″E / 41.47667° СГШ; 20.54417° ИГД | |
Општина | ![]() |
Население | 840 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1258 |
Шифра на КО | 08009 |
Надм. вис. | 715 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Жупа, јужно од градот Дебар. Голем Папрадник лежи на северозападните падини на Стогово.
ИсторијаУреди
Во XIX век, селото било дел од Дебарската Каза во Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото имало 23 домаќинства со 35 жители муслимани (Македонци) и 22 христијани (Македонци).[1]
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Папрадник живееле 460 жители, сите Македонци муслимани.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 840 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 30 |
Турци | 799* |
Албанци | 1 |
останати | 10 |
*Најголем дел од населението го сочинуваат Македонци муслимани, кои од политичко-религиски причини се изјаснуваат како Турци.
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460[2] | 634 | 715 | 897 | 1.012 | 1.217 | 1.063 | 962 | 840 |
РодовиУреди
Голем Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:
- Староседелци: Емровци (2 к.), Метовци (2 к.), Грушовци (4 к.), Данчевци (2 к.), Зенговци (5 к.), Палеушовци (3 к.), Лимановци или Селовци (1 к.), нивниот род бил пред изумирање но го продолжил Село од Новак, кој бил од турско потекло. во овој род се зборува сега македонски, Исовци (3 к.), Чичовци (5 к.), Имеровци (4 к.), Дуровци (3 к.), Деаровци (5 к.), Пирденовци (4 к.), Аџовци (8 к.), Зунчевци (4 к.), Кадријовци (6 к.), Змејовци со Алијовци, Тафовци, Селовци и Ѓоркутовци (21 к.)
- Доселеници: Гутковци (18 к.) потекнуваат од предок доселен од селото Коџаџик во 1818 година, сега во овој род се говори македонски; Баулевци (7 к.) доселени во 1829 година од селото Коџаџик, и во овој род сега се говори македонски; Маловци (3 к.) доселени се околу 1830 година од некое село во Тиквешкиот регион; Рафмановци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Кочиште.[5]
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 562 и 562/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.282 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Вапавска Краста — доцноантилка населба;
- Вапчица — средновековна некропола;
- Св. Петка — средновековна црква;
- Црквичка — средновековна црква и некропола;
ИселеништвоУреди
Муслиманите се иселени во Турција (Бруса, Бергам, Бадемлија крај Бергам), а некои и во Дебар, потоа во градот Урошевац во Косово и во селото Зелениково.[5]
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
- ↑ 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 261.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 . Русиќ, Бранислав (1957). Жупа Дебарска. Скопје: Филозофски факултет. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врскиУреди
„Голем Папрадник“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Голем Папрадник на Карти на Гугл