Добрушево
- За истоимената поранешна општина, видете Општина Добрушево.
Добрушево — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.
Добрушево | |
![]() Поглед на сретселото на Добрушево | |
Координати 41°10′7″N 21°28′57″E / 41.16861° СГШ; 21.48250° ИГДКоординати: 41°10′7″N 21°28′57″E / 41.16861° СГШ; 21.48250° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пелагонија |
Население | 521 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7215 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02039, 02539 |
Надм. вис. | 584 м |
Слава | Спасовден |
![]() |
Потекло на иметоУреди
Според легендата, името на селото се поврзува со тоа што прв во месноста се населил некојси Добруш. По него, подоцна било именувано селото.[2]
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп. Сместено е на левиот брег на Црна Река.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 594 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри.[3]
Добрушево претставува познато село во овој дел од Пелагонија. Се наоѓа на раскрсница на патишта и околу него има плодно земјиште. Поради тоа, селото е богато и развиено.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Карабатица, Метлишта, Слогој, Трска, Ливади, Стара Река, Големи Ливади, Капина, Ќосеница, Коритишта, Брегои, Калчуница, Рупка, Плоча, Прогон, Мртвица, Вирои и Црна Река.[4]
Селото има збиен тип. Одредени делови на селото имаат имиња по главните родови, како Бубреговско, Лисковско или Пупевско Маало.[4]
ИсторијаУреди
Четири места околу селото се нарекуваат Тумба, каде биле наоѓани вар, плочи и гробишта.[4]
Денешното село не е старо. Најпрвин се населиле членовите на денешниот род Дурашовци. Подоцна се населиле и останатите родови.[4]
Во XIX век, селото било дел од Битолската каза, нахија Пелагонија, во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.475 хектари, на шумите отпаѓаат 39,7 хектари, а на пасиштата 38,6 хектари. Селото има полјоделска функција.[3]
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает и имало 150 христијански семејства и 8 неженети христијани.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добрушево живееле 590 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Добрушево имало 384 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Добрушево е големо село, но со намалување на бројот на жители. Во 1961 година селото броело 1.183 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 646 жители, македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Добрушево живееле 624 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 521 жител, од кои 459 Македонци, 2 Албанци, 1 Влав, 25 останати и 34 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 590 | 384 | 922 | 1.069 | 1.183 | 1.104 | 1.055 | 907 | 646 | 624 | 521 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
РодовиУреди
Добрушево е македонско село.[4]
Родови во селото се: Дурашовци (8 к.), најстар род во селото; Тушевци (10 к.) и Чурлиновци (4 к.), порано биле еден род, доселени се однекаде; Лисковци (17 к.), доселени се од Лисолај; Бубреговци (9 к.), доселени се од Канатларци; Пајчевци (7 к.), доселени се од мариовското село Старавина; Русевци (2 к.), доселени се од Мусинци; Поповци (4 к.), доселени се од селото Чагор. Го знаат следното родословие: Мирче (жив на 81 г. во 1950-тите) Тале-Јосиф-Кочо-Поп Илија, основачот на родот кој се доселил; Грдановци (6 к.), доселени се од селото Грдилово, кое сега не постои; Пупевци (9 к.) и Гудевци (4 к.), порано биле еден род, доселени се од Алинци; Бончевци (4 к.), доселени се од Бонче; Нечковци (3 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Ношпалци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Ношпал; Параловци (1 к.), доселени се од Паралово кога и претходните два рода; Овчаровци (3 к.), доселени се 1912 година од Ношпал; Бабајковци (1 к.), доселени се од Бонче, во Бонче имаат истоимени роднини; Ризановци (1 к.), доселени се од Ношпал после 1918 година; Чарлинци (2 к.), доселени се од Горна Чарлија после 1918 година и Кискаровци (2 к.), Маргулевци (9 к.), Смилевци (10 к.) и Димитровци (7 к.), доселени се однекаде.
Општествени установиУреди
- Централно основно училиште „Браќа Миладиновци“, во него се изведува настава до деветто одделение на македонски јазик
- Пошта (7215)
- Амбуланта
- Ветеринарна станица
- Бензинска пумпа
- Дом на културата
- Месна заедница
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална општина Добрушево.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Добрушево, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од истоимената општина, во која влегувале селата Горна Чарлија, Долна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 0219 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 489 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 480 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[17]
- Ерековски Ливади — населба од римско време;
- Плочи — населба од римско време; и
- Селиште — некропола од средниот век.
- Цркви[18]
- Црква „Вознесение Христово“ — главната селска црква, потекнува средината на XIX век.
Редовни настаниУреди
- Слави[2]
- Спасовден — селска слава; и
- Ревија на пејачи-аматери — настан на Денот на трудот, кој има богата традиција и се одржува од 1980 година.
ЛичностиУреди
- Родени во Добрушево
- Трајан Митревски (1913-1991) — протојереј-ставрофор, професор на Православниот богословски факултет во Скопје; и
- г.г. Стефан (р. 1955 како Стојан Велјановски) — архиепископ на Македонската православна црква.
Култура и спортУреди
Фудбалски клуб „Добрушево“, кој се натпреварува во општинската лига. Клубот бил основан во 1948 година.
ИселеништвоУреди
Се знае за следниве иселеници: Кековци (6 к.) и Буклевци (4 к.), живеат во Могила; Мијовци (2 к.), живеат во Долно Агларци; Чурлиновци (4 к.) и Секуловци (1 к.), кои живеат во Дедебалци; Аспровци (3 к.) и Измировци (2 к.), живеат во Алинци; Ќеменовци (5 к.), живеат во Свето Тодори; Мустревци (4 к.), живеат во Мало Рувци; Мустревци (3 к.), живеат во Чумово; Перосановци (4 к.), живеат во Жабени; Чаловци (4 к.), живеат во Трн; Добрушевци (2 к.), живеат во Црнобуки; Јадилебовци (3 к.), живеат во Логоварди; Аспровци (1 к.), живеат во Мојно; Смилевци (7 к.), живеат во Вашарејца; Грујовци (1 к.), живеат во Мусинци; Мурговци (5 к.), живеат во Путурус и Чурлиновци (3 к.), живеат во Ношпал.[4]
Во поново време, иселувањето се кон градовите Битола и Скопје, но и во прекуокеанските земји и Европа.[2]
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2019-10-26.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 100. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.60
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 26 октомври 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Посетено на 17 октомври 2021.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.