Раштани (Кичевско)

село во Општина Кичево

Раштани — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Раштани
Раштани во рамките на Македонија
Раштани
Местоположба на Раштани во Македонија
Раштани на карта

Карта

Координати 41°32′21″N 20°56′31″E / 41.53917° СГШ; 20.94194° ИГД / 41.53917; 20.94194
Општина  Кичево
Население 236 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6260
Шифра на КО 12062, 12562
Надм. вис. 750 м
Раштани на општинската карта

Атарот на Раштани во рамките на општината
Раштани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Раштани се наоѓа на 3 километри северозападно од Градот Кичево на 750 м.н.в. Селото се наоѓа на езерска тераса, остаток од некогашно езеро. Над селото се наоѓа шума (забран), а пониско од селото и околу него, обработлива земјоделска површина.

Со градот Кичево е поврзано со локален асфалтен пат, додека атарот го сечат магистралниот автопат Скопје - Охрид, железничката пруга Кичево - Скопје и Зајашка Река на крајниот источен дел. Селото е ридско од збиен тип чиј атар зафаќа површина од 0,7 км2. Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Илков Камен, Бела Вода, Сина Вода, Дивиње, Карамојца, Врбје, Ливаѓе, Плавеница, Чука, Пашенимеѓи, Речиште, Брест, Смрекине, Капиница, Изеро Нива, Лазорине, Киска Даб, Камче, Марков Камен. Извори на вода (чешми): Сина Вода, Бела Вода, Врбје, Ела.

Клима уреди

Климата е топла континентална.Просечната температура изнесува 10,7 С. Најстуден месец е јануари (-0,1С),а најтопол јули (20,6С). Зимите се благи,а летата топли. Врнежите припаѓаат кон средоземниот плувиометриски режим,односно најголем дел од врнежите паѓаат во ладниот период а најмалку во топлиот. Најголемиот врв врнежите го достигнуваат во месец ноември,а најнискиот во месеците јули, август и септември кога се појавува суша. Просечна сума врнежи изнесува 780 mm.[2]

Историја уреди

Потекло уреди

Потеклото и историјата на селото Раштани е недоволно позната.

Селото за првпат се споменува под името Хрштани помеѓу 1342 и 1346 година за време на средновековното Српско царство, кога царот Стефан Душан го става под управа на манастирот св.Богородица од Тетово. Според името може да се заклучи дека селото е формирано од Словените. Самото име Храштани укажува на храстово дрво (даб). Подоцна се спомнува како Раштани во состав на Кичевската нахија во еден турски пописен документ "tapu tahir defter" кој датира од средината на XV век (1476/77). Во него е наведено дека селото имало 19 куќи.[3] Според антропологот Јован Трифуноски во времето на турското владеење постоеле три села со име Раштани во Западна Македонија. Првото село било во областа Дебрца (помеѓу Злести и Ботун), второто во близина на Кичево (старо село со име Храштани) и третото југозападно од Струга (во денешна Албанија). Селото Раштани во областа Дебарца било старо населено со православно македонско население. Имало црква посветена на Мала Богородица. На тоа место е пронајдена плоча на која е испишана годината 1450. Денес се чува во Охридскиот музеј. Поради убиство на некој турчин селаните биле присилени на иселување кои подоцна се населиле во селото Храштани.Со самото доселување е основано денешно Раштани.[4]

Според еден исказ од селаните забележан од етнографот Томо Смиљанич - Брадина, селаните во тој период се опишани како непокорливи и храбри луѓе.[5]

Кралство Југославија уреди

За време на Кралството Југославија во состав на тогашниот Срез Кичевски постоела "Општина Раштанска" со седиште во истоименото село. Во нејзин состав биле вклучени и селата: Осој, Кнежино,Зајас, Длапкин Дол, Лешница. Според пописот од 1921 година во општината живееле 1914 жители, од кои православни христијани 797 и 1117 муслимани.[6] Според пописот од 1931 година општината имала 365 куќи со 414 домаќинства и 2250 жители[7].

Втора светска војна уреди

Конфигурацијата на теренот, етничкиот состав на наелението од околните села и блискоста на воената касарна биле пресудни за неповолноста за одвивање на воени дејствија. За време Втората светска војна, селото било неколкупати ограбувано. Во тоа време е запалена куќата на Максим Трпески која била една од најбогатите и една од најубавите во селото. Подоцна во борбите за ослободување на Кичево една од пожестоките битки се одиграла во месностите викани „Кошарани“ и „Брестoн“. Во месноста викана „Дренчено“ загинале тројца партизани при што се погребани на селските гробишта. Во нивна чест селаните им подигнале споменик.

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948355—    
1953409+15.2%
1961353−13.7%
1971237−32.9%
1981396+67.1%
ГодинаНас.±%
1991573+44.7%
1994753+31.4%
20021.063+41.2%
2021236−77.8%

Според податоци од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 38 жители христијани (Македонци).[8]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 288 жители, Македонци  христијани.[9] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Раштани имало 280 Македонци.[10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раштани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[11]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев[12] во 1909 година, селото имало 41 куќа и 167 жители сите православни.

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
41 39 41 9 50 69 108 117

Според спроведениот попис на население во Кралството Југославија од 1921 година селото имало 45 куќи и 274 жители сите христијани. За време на испитувањата кои ги вршел Томо Смиљаниќ во 1926 година, од вкупно 45 домаќинства тој испитал 42 и утврдил дека 12 домаќинства се староседелци, 27 доселени и 3 со непознато потекло.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[13]

Според антропологот Јован Трифуновски, селото во периодот 1961/65 имало 63 македонски православни домаќинства.[3]

И покрај спроведената електрификацијата на селото во 60-те години, индустриската револуција и политиката која тогаш во СФР Југославија се спроведувала населението од селото масовно се иселува, па така денеска живеат само неколку жители. Најголем дел од нив се населени во непосредна близина на селото на свои имања. Така настанува денешната населба Раштански Пат (види подолу).  

Според последниот попис од 2021 година, во населбата живееле 236 жители, од кои 133 Македонци, 69 Албанци, 27 Роми, 4 Срби и 3 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 288 280 355 409 353 237 396 573 753 1.063 236
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Родови уреди

Раштани е македонско село населено со чисто православно население.

Староседелци

Коруновци, Јовановци (Миновци).

Доселеници

Од раселеното село Раштани (кое некогаш постоело помеѓу Ботун и Злести) се доселиле Јолевци (7к слава Св.Аранѓел ) и Калевци (Ламовци)

Длапкин Дол: Тумбаревци (1к), Ѓоковци (2к),Тинговци (2к.,слава Митровден), Ѓорѓиовци (2к слава Митровден)

Требичово: Лазевци (5к слава Св. Аранѓел)

Црвивци: Пршевци (2к слава Св.Никола)

Рабетинска Река: Софевци (1к слава Св.Никола) и Јаневци (2к слава Св.Никола)[4][5]

Куќите во селото се групирани семејно, односно како се ширело семејството така се градела по една нова куќа на целокупниот имот. Денес во селото постојат повеќе такви маала како Јолеско, Пршеско, Пуреско итн.

Поделба на селото на крстови уреди

Селото е поделено на 2 крста.

  • Горно малски: Лазески, Трпески, Маркоски, Софронијоски, Дамјаноски, Јанаќиески, Илијоски, Блажески, Ѓорѓиоски, Настески
  • Долно малски: Наќески, Николоски, Ѓорѓиоски, Стојкоски, Јолески, Петрески, Коруноски, Деспотоски,Трајкоски, Стојаноски, Калески

Издршка уреди

Главно занимање било земјоделството. Се засадувало пченица, рж, тутун. Се одгледувало добиток (овци, кози, крави, волови), но имало и родови кои се занимавале со занает меѓу кои пекари (Трпевци), качари, самарџии (Тинговци). Многу од селаните заминувале на печалба најчесто во Белград.[3]

Раштански пат уреди

Раштански Пат е најсеверната населба на Градот Кичево. Населението го сочинуваат претежно жители кои се отселиле од селото Раштани, но и од други поблиски и подалечни села што може јасно да се заклучи од подолу приложената табела. Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, во населбата живееле 236 жители.[19]

Следува табела на народносната структура на населението

Народност Вкупно
Македонци 133
Албанци 69
Турци 0
Роми 27
Власи 0
Срби 4
Бошњаци 0
Други 3
Вкупно 236

Самоуправа и политика уреди

Избирачки места уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 756 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селскиот дом .[20]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[21]

Личности уреди

Знаменитости уреди

  • Во селото се наоѓа црква посветена на св.Ѓорѓија изградена во 1922 година по проект изработен од руски архитект. Фрескоживописот го изработил Мито С. Дамчески. Прва обнова на црквата после изградбата доживеала во 2001 година. На 6.5.2022 година, на празникот Ѓурѓовден со пригодна свеченост се одбележани 100 години постоење.
  • Непосредно до црквата постоело О.У. "Јане Сандански" во кое се одржувала настава од прво до четврто одделение. Школото имало две училници, менза и просторија наменета за приредби. После затварањето на училиштето во 80-те години, е запуштено и осудено на постепено пропаѓање за да на крај биде целосно срушено. На нејзино место во 2005 година е изграден долномалскиот дом.

Архелошки наоѓалишта Сина Вода и Дреновска Нива уреди

Во атарот на селото се наоѓаат два археолошки наоѓалишта од среден век. Тоа се Сина Вода и Дреновска Нива.

  • Сина Вода претставува населба и некропола одсредниот век. Се наоѓа на околу 500 метри североисточно од селото, на површина од 1ха. Локалитетот е обраснат со дабова шума, каде има јасно видливи грамади од кршен камен а наместа и остатоци на темели. Во нивите што се непосредно до наоѓалиштето, според кажувањето на локален селанец, со орањето биле откривани гробови градени од камени плочи.[23]
  • Дреновска Вода претставува црква и некропола одсредниот век. Се наоѓа западно од селото. Во овој локалитет се откриени темели од објект и околу нив гробови градени со камени плочи. Можеби се работи за мала црквичка и некропола.[23]

Настани уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Филиповски, Ѓорѓи (1948). Сушата во НР Македонија и борбата против неа. Скопје.
  3. 3,0 3,1 3,2 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина:селски населби и становништво. Скопје.
  4. 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област (Антропогеографски испитивања). Београд: Српска академија науке и уметности. стр. 83, 89, 270.
  5. 5,0 5,1 5,2 Д-р Смиљанић, Томо (1931). „Порекло родова - Кичевија“. Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  6. Дефинитивни резултати пописа населља из јануара 1921 година Кралјевине Југославије. Сарајево: државна штампарија. 1932.
  7. Дефинитивни резултати пописа становништва од 31.марта 1931 године Краљевине Југославије. Београд: државна штампарија. 1937.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. Софија: Македонски научен институт. 1995.
  9. Кънчов, Васил (1900). Македония. Етнография и статистика. София.
  10. 8.D.M.Brancoff. (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris. стр. 156–157.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
  12. Стойчева, Станислава (ХХХVІІІ). Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912) Македонски преглед. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  13. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. Попис на населението во Република Македонија 2002. - Книга 10.
  20. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  21. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  22. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  23. 23,0 23,1 Коцо, Димче. Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Надворешни врски уреди