Одрено
Одрено — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија.
Одрено | |
Координати 42°9′0″N 22°10′59″E / 42.15000° СГШ; 22.18306° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Ранковце |
Население | 87 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1316 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 15036 |
Надм. вис. | 933 м |
Одрено на општинската карта Атарот на Одрено во рамките на општината | |
Одрено на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Ранковце.
Се наоѓа во непосредна близина на самиот коридор 8, по кој поминува магистралниот пат од Скопје и Куманово кон Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир на македонско-бугарската граница.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[2]
Според податоците од пописот во 2002 година во Одрено живеат 131 жител сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 87 жители, од кои 83 Македонци и 4 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 344 | 328 | 349 | 391 | 388 | 283 | 171 | 156 | 140 | 131 | 87 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:
- Староседелци: Трајановци (5 к.), Тошкинци (4 к.), Мацинци (2 к.), Шељавци или Витковци (3 к.), Паневци (1 к.), Саизовци (1 к.), Капланци (1 к.), Павунковци (1 к.), Каловци (1 к.), Вргинци (3 к.), Ѕуринци (8 к.), Ордини или Ординци (2 к.), Сурлинци и Лукар (6 к.), Баба Великини (3 к.) и Чуминци (1 к.)
- Со непознато потекло: Луларци (2 к.), Дрневци (1 к.) и Маџирци (1 к.).[9]
Самоуправа и политика
уредиСелото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.
Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Одрено се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнци, Гулинци, Лубинци, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[10]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 194. ISBN 9989-649-28-6.