Стар Караорман
Стар Караорман — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Стар Караорман | |
Координати 41°46′54″N 22°12′12″E / 41.78167°N 22.20333°E | |
Општина | Штип |
Население | 924 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 30523 |
![]() |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на левиот брег на реката Брегалница, оддалечено 4,5 километри од Штип.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[2] Во 1915 г. српските војници одвлекле од селото 8.000 овци и неколку чифта запрежен добиток.[2]
Денешното село е настанато со спојување на двете некогашни села: Горен Караорман и Долен Караорман.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стар Караорман живееле 42 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Стар Караорман имало 48 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Горен Караорман имало 25 до 50 Македонци, додека пак селото Долен Караорман ималo 100 Власи.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 911 жители, од кои 840 Македонци, 67 Власи, 3 Срби и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 924 жители, од кои 791 Македонец, 49 Власи, 2 Срби и 82 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 958 |
1953 | 157 | — | — | — | 133 | 1 | ... | — | — | 291 |
1961 | 240 | — | — | ... | ... | 1 | ... | 133 | — | 374 |
1971 | 318 | — | — | — | ... | 3 | ... | 104 | — | 425 |
1981 | 529 | — | 1 | — | 71 | 3 | ... | 7 | — | 611 |
1991 | 769 | — | — | 4 | 77 | 4 | — | 9 | — | 863 |
1994 | 787 | — | — | — | 100 | 4 | — | 2 | — | 893 |
2002 | 840 | — | — | — | 67 | 3 | — | 1 | — | 911 |
2021 | 791 | — | — | — | 49 | 2 | — | — | 82 | 924 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2315 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 845 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[11]
- Варница - Крушка — осамен ранословенски наод;
- Горно Поле - Балабаница — населба и некропола од железното и раноантичкото време;
- Крушка — старохристијанска населба и базилика;
- Орлови Чуки — тумули од железното време;
- Солена Вода — средновековна некропола;
- Трансформатор — осамен наод од неолитското време.
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Галев, М-р Димитар (1991). Белиот терор во Југоисточна Македонија 1912–1941 година; Книга прва. Штип: Друштво на наука и уметност. стр. 679.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 442. ISBN 9989649286.