Волино

село во Општина Дебрца

Волино — село во Општина Дебрца, во околината на градот Струга.

Волино

Фонтана на сретселото

Волино во рамките на Македонија
Волино
Местоположба на Волино во Македонија
Волино на карта

Карта

Координати 41°13′13″N 20°44′26″E / 41.22028° СГШ; 20.74056° ИГД / 41.22028; 20.74056
Општина  Дебрца
Население 368 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 19009
Надм. вис. 693 м
Мреж. место Волино
Волино на општинската карта

Атарот на Волино во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди
 
Споменици од НОБ] во сретселото.

Селото се наоѓа во Струшкото Поле, во близина на реката Сатеска. Оддалечено е подеднакво 15 километри од најблиските два града, Охрид и Струга.

Историја

уреди

Според податоците од 1873 година, селото имало 45 домаќинства со 120 жители христијани (Македонци).[2]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 330 жители христијани (Македонци).[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волино имало 280 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Волино е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 35 куќи.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948609—    
1953666+9.4%
1961739+11.0%
1971752+1.8%
1981863+14.8%
ГодинаНас.±%
1991690−20.0%
1994512−25.8%
2002462−9.8%
2021368−20.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Волино живеат 462 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 368 жители, од кои 342 Македонци и 26 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 330 280 609 666 739 752 863 690 512 462 368
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Волино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Скепаровци (5 к.), Сиљановци (2 к.), Јовевци (2 к.), Андрониковци (1 к.), Ивановци (4 к.), Коросковци (7 к.) и Симоновци (4 к.)
  • Доселеници со непознато потекло: Ногачевци (3 к.), Чалдрмовци (2 к.), Трпковци (2 к.), Терзијовци (4 к.) и Цакулевци (2 к.)
  • Доселеници со познато потекло: Кожевци или Марковци (12 к.) доселени се околу 1855 година од селото Волкодери во Преспа; Карадаковци или Бочевци (4 к.) доселени се во средината на XIX век од некое место Карадак во Црна Гора; Стојевци (6 к.) доселени се околу 1852 година од селото Требеништа; Мочаровци (4 к.) доселени се околу 1860 година од селото Мешеишта; Јанкуловци (5 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Лешани во Дебрца. Таму имале истоимени роднини; Неловци (1 к.) доселени се околу 1860 година од некое село во Дебрца; Ливоиштанци или Шијаковци (3 к.) доселени се во 1872 година од селото Ливоишта; Ливоиштанци или Јаќимовци (2 к.) доселени се во 1875 година исто така од Ливоишта; Трповци (2 к.), Печовци (3 к.), Пупанчевци (3 к.) и Чкрковци (2 к.) доселени се во исто време, околу 1900 година од селото Ливада; Вељановци или Ѓоросановци (2 к.) доселени се во 1903 година од селото Присовјани во Малесија; Чкуртевци (4 к.) доселени се во 1925 година од селото Биџево; Далчевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Мороишта; Секуловци или Прентовци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Мислешево, каде имале истоимени роднини.[13]

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1979 година, родови во селото:[14]

  • Родови староседелски и доселенички со непознато место на старина се: Скепаровци (6 к.); Ѓошовци или Чалдрмовци (4 к.); Каросковци (10 к.); Марковци (20 к.); Сиљановци (10 к.); Мочаровци (7 к.); Ивановци (7 к.); Ногачевци (6 к.); Петковци (3 к.); Тупанчевци (7 к.); Ѓоросановци (5 к.); Терзиовци (9 к.) и Стојевци (8 к.).
  • Доселеници со познато потекло се: Трпковци (8 к.), Доневци (3 к.), Јанкуловци (7 к.) и Трповци (4 к.) доселени се од соседното сега албанско село Ливада, доселени се во времето кога во Ливада почнале да се населуваат Албанците муслимани, односно околу 1870-тите; Скуртевци (4 к.) доселени се од струшкото село Биџево; Ливоиштани (5 к.) доселени се од охридското село Ливоишта. Сите доселенички родови во селото се доселени до крајот на османското владеење.

Според поновите истражувањата родови во селото:

  • Андрониковци, доселени се од некое село во Дебрца; Бочевци, доселени се од соседното село Мислешево; Вељановци, доселени се во 1906 година од селото Збажди во струшка Малесија; Војдиновци, доселени се во 1951 година од соседното село Мешеишта; Далчевци, доселени се од селото Мороишта кај Струга; Доневци; Ивановци, доселени се од селото Поум кај Струга. Основачот на родот се викал Иван; Илинковци, доселени се од селото Илино кај Демир Хисар; Јаќимовци, доселени се од селото Ливоишта; Јанкуловци, потекнуваат од селото Илино кај Демир Хисар. Од таму се иселиле во Лешани. Па некој предок преминал во Волино. Во Лешани имаат роднини; Јовевци, доселени се од соседното село Мешеишта; Коросковци, доселени се од раселеното село Црско во Струшко; Костевци, доселени се во 1954 година од селото Враништа кај Струга. Овде се доселил Косте; Лошковци (Чољопановци), овде живеел некој Наум Шијакоски. Тој немал деца, па посинил двајца внуци; Љабовци, доселени се од селото Драслајца кај Струга; Марковци (Кожевци) доселени се од раселеното село Црско во Струшко; Митревци (Цакулевци), доселени се од селото Сирула; Мочаровци (Цветановци), доселени се од соседното село Мешеишта; Неловци (Николовци), доселени се од селото Брежани; Николовци, доселени се од селото Ржаново во струшка Малесија; Ничевци, доселени се од селото Драслајца кај Струга; Ногачевци, потекнуваат од селото Велмеј. Од таму се иселиле во Ботун. А по краток престој во Ботун преминале во селото Волино; Печовци, доселени се од селото Ботун; Ржанчевци, доселени се од селото Ржаново во струшка Малесија; Секуловци, доселени се во 1942 година од соседното село Мислешево; Сиљановци, доселени се од селото Сошани; Скепаровци, доселени се од селото Лакаица; Стоевци, доселени се во 1952 година од соседното село Требеништа; Стојчевци, доселени се од селото Горенци; Терзиовци, доселени се од селото Сошани; Трпковци, доселени се од селото Ливада кај Струга; Трповци, и они се доселени од селото Ливада кај Струга; Тупанчевци, доселени се од селото Поум кај Струга; Чалдрмовци, доселени се од некое село во Дебрца; Чкрковци (Анѓелковци), доселени се од селото Ливада кај Струга; Шкуртевци, доселени се од селото Биџево кај Струга.[15]

Општествени установи

уреди
Образование
Цркви[17]

Култура и спорт

уреди

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

  • Од Ивановци иселеници има во: Аргентина (едно семејство од 1923 година).
  • Од Трпковци иселеници има во: Северна Америка (две семејства од 1925 година).
  • Од Терзијовци иселеници има во: Романија (две семејства од 1909 година).
  • Од Карадаковци иселеници има во: САД (едно семејство од 1924 година).
  • Од Стојевци иселеници има во: Австралија (едно семејство од 1922 година).
  • Од Кожевци иселеници има во: САД (две семејства од 1923 година) и во Струга (едно семејство од 1942 година).
  • Од Пупанчевци иселеници има во: Струга (две семејства од 1942 година).
  • Од Чкрковци иселеници има во: Драслајца (две семејства од 1919 година) и во Битола (едно семејство од 1945 година).
  • Од Вељановци иселеници има во: Мислешево (како домазет од 1938 година).[13]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1346 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 487 гласачи.[20]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.102-103.
  3. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164 – 165.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Волино. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
  14. Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  15. „ВОЛИНО“. Општина Дебрца (англиски). 2019-03-11. Посетено на 2019-11-29.
  16. „За училиштето“. македонски: ОУ „Дебрца“ - Белчишта. Архивирано од изворникот на 2016-08-25. Посетено на 22 август 2016.
  17. „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2010-08-22.
  18. 18,0 18,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди