Одри
Одри — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.
Одри | |
![]() Патен знак пред селото Одри | |
Координати 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГДКоординати: 42°07′31″N 21°05′19″E / 42.12528° СГШ; 21.08861° ИГД | |
Општина | Теарце |
Население | 1739 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28052, 28552 |
Надм. вис. | 612 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во североисточните падини на Шар Планина. Оддалечено е 18 километри северно од градот Тетово.
ИсторијаУреди
Селото првпат се споменува во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626 - 1627 година, каде е забележано како село со 70 домаќинства.[2]
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Одри живееле 320 жители, од кои 210 Македонци и 110 Албанци.[3]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Одри имало 360 Македонци, патријаршисти.[4]
Според пописот од 2002 година Одри има 1.739 жители. Следува етничката структура на населението:[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 139 |
Албанци | 1 598 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.246 |
1953 | 532 | 778 | — | — | — | 28 | — | — | 1.338 |
1961 | 518 | 842 | — | — | — | — | — | 3 | 1.363 |
1971 | 549 | 1.154 | — | — | — | 9 | — | 4 | 1.716 |
1981 | 572 | 1.460 | 1 | — | — | 1 | — | 6 | 2.040 |
1994 | 168 | 1.436 | — | — | — | 4 | — | — | 1.608 |
2002 | 139 | 1.698 | — | — | — | 2 | — | — | 1.739 |
РодовиУреди
Одри е македонско-албанско село.
Родови во селото се:
- Македонски родови:
- Кузмановци (2 к.), староседелци. Имаат неколку изумрени семејства.
- Мечкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Беловиште, Требош и Вратница.
- Стамен (7 к.), староседелци. Имаат иселеници во Прељубиште.
- Басарковци (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
- Китановци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), иселени преку Тетово.
- Илини (5 к.), староседелци. Имаат иселеници во Америка (едно семејство).
- Колепкаровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (две семејства).
- Трпчевци (4 к.), староседелци.
- Чанчула (2 к.), староседелци.
- Милановци (6 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош и во Скопје (едно семејство).
- Тодоровци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Требош.
- Стееќевци (28 к.) доселени се од соседното сега албанско село Првце, овде се населиле на почетокот од XIX век. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 48 г. во 1940-тите) Трпе-Лубе-Симун-Паун, еден од нивните први доселеници, од Паун постои гранка Пауновци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Требош и во Гостивар (едно семејство).
- Огњановци (3 к.) се викаат и Поповци, доселени се од Селце, сега раселено село над Одри.
- Илијевци (1 к.) доселени се од Битолско. Имаат иселеници во Требош и Фалише.
- Шегуловци (5 к.) доселени се од неко— село во Гостиварско.
- Албански родови:
- Колесњан (33 к.) први муслимански доселеници, доселени се пред околу 230 години од областа Љума во Албанија. Го знаат следното родословие: Бељул (жив на 48 г. во 1940-тите) Јусуф-Ислам-Раман-Рамадан-Зенел, еден од нивните први доселеници.
- Кикировци (33 к.) по потекло се од фисот Бериш во северна Албанија. Потекнуваат од тројца браќа, го знаат следното родословие: Рамадан (жив на 73 г. во 1940-тите) Кадри-Фариз-Кадри, еден од браќата кој се доселил. Еден предок од овој род се оженил со некоја Ромка, која ја викале Кикировка. Имаат иселеници во Прељубиште.
- Љума (27 к.) името го добиле по областа во северна Албанија од каде се доселиле. Го знаат следното родословие: Исни (жив на 42 г. во 1940-тите) Беџет-Зилбеар-Садик, еден од нивните први доселеници.
- Ромски род: Осман (1 к.) рано доселени од Гнилане, дома зборуваат на албански.[7]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постојат избирачките места бр. 2015 и 2016 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.739 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
- Полошки Иселенички Средби - се одржуваат секоја година во летните месеци
ЛичностиУреди
- Проф. Д-р Крсто Китановски (1943-), универзитетски професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје
- Доц. д-р Љуљзим Муртезани (р. 1960) - универзитетски професор на педагошкиот факултет во Скопје[10]
- Светозар - Светле Стамевски (Стив) - американски стопанственик и активист во Македонската заедница во САД[11] и почесен Македонски Сенатор на СМК
- Ремзи Несими (1933-2018) — албанолог, јазичар, професор и истражувач;
- Веселин Илиевски (1907-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Душан Крстевски (1910-1943)— македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2010-01-12.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Наставен кадар » Доценти » Доц. д-р Лулзим Муртезани“. Педагошки факултет - Скопје. Архивирано од изворникот на 2009-11-23. Посетено на 2010-01-12.
- ↑ „Во Детроит промоција на „Монографијата Стамевски"“. IDIVIDI.com. 26 септември. Посетено на 2010-01-12. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)