Челопеци

село во Општина Кичево

Челопеци — средно село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу градовите Кичево и Македонски Брод.

Челопеци

Поглед кон Челопеци

Челопеци во рамките на Македонија
Челопеци
Местоположба на Челопеци во Македонија
Челопеци на карта

Карта

Координати 41°28′21″N 21°1′42″E / 41.47250° СГШ; 21.02833° ИГД / 41.47250; 21.02833
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Рабетинкол
Население 287 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12077
Надм. вис. 620 м
Слава Илинден
Атанасовден
Челопеци на општинската карта

Атарот на Челопеци во рамките на општината
Челопеци на Ризницата

Етимологија

уреди

Се претпоставува дека името е добиено бидејќи селото секогаш било на „чело“, односно пред другите села.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Традиционални куќи во селото

Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево, непосредно до патот Кичево-Македонски Брод.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 620 метри. Од градот Кичево селото е оддалечено 9 километри.[3] Сместено е помеѓу планините Добра Вода и Песјак.

Селото се наоѓа во подножјето на возвишувањето Голјак од северозапад и низината околу Треска од југоисток. Местоположбата на селото му овозможила стопанска корист, поради можноста за користење на шумите и пасиштата на повисокиот дел од атарот, а во низината да ги обработуваат нивите.[4]

Месностите во низинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Белостено, Камејнца, Зад Водејнца, Преку Река, Лаг, Злато Поле, Ливади, Долни и Горни Душец, Меѓа, Марин Дол, Агои Ливади, Трајчејца и Црешна. Месностите во планинскиот дел на атарот на селото ги носат следниве имиња: Марина Чешма, Бела Вода, Рамна Краста, Бел Коњ, Темно, Црн Кањем, Голема Кутлина, Рамниште, Присој, Радежи, Емров Даб, Емров Камен, Долои, Ѓубриште, Нивишта, Страње, Грујоа Нива, Прелоиште, Капина и Огради.[4]

Челопеци е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно. Во Горно и Долно се населени Торбеши, додека во Средното Маало живеат православните Македонци. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга. Селото има збиен тип.[4]

Историја

уреди

Во историските извори, селото под името Челопек се споменува во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога броело 42 словенско-христијански куќи,[4] во кои живееле 38 семејства, 3 неженети и 4 вдовици, сите христијани.[5]

Преданието говори дека старото село се наоѓало во месноста Прелоиште, 500 метри над денешната местоположба. Таму се наоѓа изворот Долец и има ѕидови од куќи. Недалеку од селиштето има месноста Трајчео Трло, а токму Трајче бил еден од мештаните во селото. Во селиштето имало и црква, а селски гробишта имало на повеќе места. Едни такви гробишта се наоѓаат и кај денешната црква.[4] Преданието кажува дека селото се преместило откако Крал Марко го испуштило езерото да истече од Кичевската Котлина.[2]

На денешното место селото се префрлило на крајот на XVIII или почетокот на XIX век. Први се преселиле Стојанци, а потоа следеле и други македонски родови. Од средината на XIX век во селото започнале да се населуваат торбешки родови.[4]

Во XIX век, Челопеци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

До 1880 година, селото било чифлиг на некој крушевски Влав, Мијалче. Таа година бил убиен на патот за Кичево кај селото Бигор Доленци.[4]

На 12 септември 1944 година во близина на селото била создадена Петнаесеттата македонска ударна бригада.[6]

Стопанство

уреди
 
Поглед на селото

Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 271 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 265 хектари, а на шумите 141 хектар.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Земјиштето во селото во текот на XIX век, најпрвин било поседувано од крушевчанецот Мијалче, а по неговото убиство во 1880 година преминало на некои кичевски Торбеши. Тие ја поседувале земјата до крајот на Првата светска војна, која земјата ја купиле Македонците од Челопеци и другите околни села.[4]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948576—    
1953620+7.6%
1961421−32.1%
1971394−6.4%
1981414+5.1%
ГодинаНас.±%
1991414+0.0%
1994388−6.3%
2002318−18.0%
2021287−9.7%

Според податоците од 1873 година, селото Челопеци имало 29 домаќинства со 120 жители христијани (Македонци).[7]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 390 жители, од кои 290 христијани и 100 муслимани, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Челопеци имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Челопеци се води како чисто македонско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[10]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Челопеци:[11]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
34 46 17 0 17 89 92 181

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Турци.[12]

Селото во 1961 година броело 421 жител, од кои 218 биле Македонци, а 202 Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 388 жители, од кои 315 Турци, 62 Македонци, 8 Албанци и 2 Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Челопеци живееле 318 жители, од кои:[13]

*Населението е од македонско потекло со исламска вероисповед како што наведуваат историските податоци, но поради политички причини дел од населението се изјаснило како Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 287 жители, од кои 9 Македонци, 9 Албанци, 221 Турчин, 3 Бошњаци и 45 лица без податоци.[14]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Челопеци:

Година Македонци Албанци Турци Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 576
1953 281 0 332 2 0 5 620
1961 218 0 202 0 0 1 421
1971 171 4 205 1 0 13 394
1981 138 4 125 3 0 144 414
1991 77 1 336 0 0 0 414
1994 62 8 315 2 0 1 388
2002 31 10 276 0 0 1 318
2002 9 9 221 0 3 0 45 287

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

уреди

Челопеци е македонско-торбешко село. Сите родови се доселенички.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Македонски родови: Стојановци (10 к.), најстар род во селото, доселени се на крајот на XVIII или почетокот на XIX век, доселени се однекаде; Ристевци (2 к.) и Кузевци (2 к.), доселени се од селото Кладник; Андреевци (2 к.), доселени се однекаде; Спасеновци или Кузмановци (2 к.), доселени се од селото Јагол; Коларовци (7 к.), доселени се од денес албанското село Колари; Радичовци (4 к.), доселени се од некое место во Албанија, за нив Тома Смилјаниќ наведува дека се доселени од Закамен, го знаат следното родословие: Аце (жив на 35 г. во 1961 година) Мито-Сиљан-Никола-Радич, основачот на родот кој се доселил; Божиновци (3 к.), доселени се од селото Жабјани, Прилепско; Стрезовци (4 к.), доселени се од селото Јаворец, овде дошле три браќа Петре, Најче и Гроздан, споменатиот Гроздан преминал во Орланци како домазет; Бошевци (1 к.), Наумовци (4 к.) и Јанковци (2 к.), доселени се од Црско (Големо или Мало ?), Железник; Ѓоргијовци (1 к.) и Андоновци (1 к.), доселени се однекаде и Субашовци (5 к.), најмлад род во селото, доселени се од некое од селата Црско (Големо или Мало).
  • Торбешки родови: Абдуловци (5 к.), Малевци (3 к.) и Ибевци (3 к.), најстари торбешки родови во селото. Потекнуваат од областа Матија во Албанија, родовите ги основале браќата Абдула, Мале и Ибо. Во родот Абдуловци се знае следното родословие: Малиќ (жив на 45 г. во 1961 година) Рушит-Алија-Абдула, основачот на родот кој се доселил; Јаовци (10 к.), доселени се пред крајот на XIX век од селото Зајас и нивното подалечно потекло е од северна Албанија; Модриштани или Аковци (8 к.), доселени се во 1903 година од селото Модриште, Порече, и нивното подалечно потекло е од северна Албанија и Зеновци (2 к.), доселени се однекаде кога и претходниот род.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2]

  • Македонски родови: Крајчевци (10 к.), најстар род во селото. Биле на крајот на селото. Доселени се однекаде; Субашовци (5 к.), доселени се од селото Цер; Коларовци (3 к.), доселени се од селото Колари; Ристевци (5 к.), доселени се од селото Кладник; Божиновци (2 к.), доселени се од раселеното село Барбарос во Порече; Паровци (1 к.), мајката дошла во Ристевци и го донела својот посинет син Кузман од Илино. Па се вратила во Кладник, па од таму во Челопеци; Спасеновци (1 к.), Малинковци (3 к.) и Церановци (1 к.), доселени се заедно со Субашовци од селото Цер; Радичовци (1 к.), доселени се од Закамен; Замревци (2 к.), доселени се однекаде; Стрезовци (2 к.), доселени се од селото Јаворец; Андоновци (1 к.), доселени се од Илино (Големо или Мало) во Железник; Сиљановци (2 к.), доселени се од Закамен и Ѓуровци (1 к.), доселени се од селото Староец.
  • Торбешки родови: Зејковци (14 к.), староседелци; Браимовци (8 к.), доселени се од селото Зајас. Но веќе го имаат заборавено албанскиот јазик. Овде ги примил некој предок во родот Крајчевци, на молба на чифликарите.

Општествени установи

уреди
 
Подрачното основно училиште во селото
 
Пошта во селото

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Орланци, во која покрај селото Челопеци, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани и Светораче. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0813 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 385 гласачи.[16]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 388 гласачи.[17]

Личности

уреди

Личности родени во Челопеци:

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Грамада — вила рустика од доцноантичко време;
  • Ограѓе — некропола од доцноантичко време; и
  • Св. Илија — старохристијанска базилика и некропола.
Цркви[19]
Џамии[19]

Редовни настани

уреди
Слави

Иселеништво

уреди

Од православните Македонци иселеници има во Белград, Земун и Суботица, се иселиле околу 10 семејства. Тоа се иселеници од времето помеѓу двете светски војни. После Втората светска војна, иселеници има во Кичево и Скопје.[4]

Од Торбешите (Македонци-муслимани) иселеници има во Турција. Таму во периодот од 1959 и 1960 година се иселиле 25 семејства. Нивните потомци денес се наоѓаат во Едрене, Истанбул, Луле-Бургас и Ада-Пазар.[4]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 317. Посетено на 23 декември 2020.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 23–25.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.258
  6. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петљакова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1142. Text "series " ignored (help)
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  8. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 156-157.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
  11. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 декември 2020.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 25 декември 2020.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 7 декември 2019.
  17. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 25 декември 2020.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. 19,0 19,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди