Сушево (Кумановско)
Сушево — село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
СтопанствоУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушево живееле 240 жители, од кои 190 Албанци, 30 Роми и 20 Македонци.[1]
Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сушево имало 56 жители, патријаршисти србомани .[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 34 жители, од кои 30 Срби, 3 Македонци и 1 Албанец.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240[1] | 56[2] | 285 | 309 | 289 | 193 | 123 | 67 | 58 | 34 |
Економијата во ова село скоро и да не постои, бидејќи морталитетот е поголем од наталитетот т.е. во ова село скоро и да нема млади. Во селото има останати уште само неколку семејства.
ДемографијаУреди
Во 2002 година во селото имало 34 жители.
РодовиУреди
Сушево е православно мешано село, порано било муслиманско..
Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:
- Доселеници: Ѓерманци (9 к.) доселени се од селото Герман кај Крива Паланка; Жегљанци (6 к.) доселени се од селото Жегљане; Пузаљчани (6 к.) доселени се од селото Пузајка. А подалечно потекло од селото Драгоманце; Малотинчанци (3 к.) доселени се од селото Малотино; Нигуланци (2 к.) доселени се од селото Никуљане, каде припаѓале на родот Веселинци. Уште подалечно потекло имале од селото Жегра кај Гнилане во Косово. Сите родови се доселени од 1913 до 1925 година.[4]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
Во средината на XIX век за жителите на ова село настанал тежок период по што морале да се иселат. На нивно место се населиле муслимани. Православните се иселиле во Никуљане (Грујинци 26 к.), Ослар кај Бујановац (Гарванци 10 к.), и во Горно Коњаре (Сушевци 2 к.)
По Втората светска војна населението се иселувало воглавно во Куманово.[4]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 217.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
- ↑ „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
- ↑ 4,0 4,1 Трифуноски, Јован (Скопје). Кумановска Област. Универзитетска Печатница. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help)