Бело Поле

село во Општина Долнени


Бело Поле — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Бело Поле
Поглед на Бело Поле.jpg

Поглед на Бело Поле

Бело Поле во рамките на Македонија
Бело Поле
Местоположба на Бело Поле во Македонија
Бело Поле на интерактивна карта

Карта

Координати 41°24′40″N 21°23′50″E / 41.41111° СГШ; 21.39722° ИГД / 41.41111; 21.39722Координати: 41°24′40″N 21°23′50″E / 41.41111° СГШ; 21.39722° ИГД / 41.41111; 21.39722
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Dolneni Municipality.svg Долнени
Област Прилепско Поле
Население 174 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20002
Надм. вис. 605 м
Бело Поле на општинската карта
Бело Поле во Општина Долнени.svg

Атарот на Бело Поле во рамките на општината
Commons-logo.svg Бело Поле на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Панорама на селото

Бело Поле се наоѓа во Прилепското Поле, северозападно од градот Прилеп. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 605 м.[2]

ИсторијаУреди

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Во Првата балканска војна, 5 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948433—    
1953546+26.1%
1961549+0.5%
1971481−12.4%
1981329−31.6%
ГодинаНас.±%
1991234−28.9%
1994210−10.3%
2002197−6.2%
2021174−11.7%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бело Поле е село со 21 домаќинство и 94 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бело Поле имало 150 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Бело Поле е село со 120 жители Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во селото Бело Поле живеат 197 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 166 Македонци, 7 Албанци и 1 лице без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 150 120 433 546 549 481 329 234 210 197 174
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

РодовиУреди

 
Патот низ селото

Бело Поле е македонско православно село, родовите во селото се доселенички.

Родови во Бело Поле се:

Доселеници: Аџијовци (5 куќи) доселени се од Лознани во XIX век; Мочаревци (7 куќи) доселени се во турско време од Лажани; Јакофовци (4 куќи) доселени се од селото Сарандиново, таму припаѓале на родот Дашковци кој порано живеел во селото Бурилово, сега раселено; Чораповци (4 куќи) од Горно Коњари се населиле во Новоселани, а од таму овде; Маневци (1 куќа) доселени се од Врбјани, и таму се однекаде доселени; Бардаковци (3 куќи) доселени се од Средорек, таму припаѓале на родот Шамаковци доселен од Житоше; Кулевци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, во Големо Коњари род им се Пацановци; Думбаловци (2 куќи) доселени се 1913 година од Прилеп; Мартиновци (2 куќи) и Трајковци (2 куќи) доселени се 1926 година од Врбјани, Дебрца; Стојановци (1 куќа) доселени се 1926 година од Лактиње, Дебрца; Кутурџиовци (2 куќи) доселени се од селото Турско во 1927 година, таму имаат роднини доселени од Мало Илино, Железник; Слабаковци (5 куќи) доселени се 1927 година од Дабјани, таму се доселени од Заполжани; Србиновци (1 куќа) доселени се од селото Селци, Малесија; Ковиловци (2 куќи), Ристевци (1 куќа), Димовци (1 куќа) и Рувчевци (1 куќа) доселени се од селото Дабјани. Ковиловци и Рувчевци подалечно потекло имаат од селото Могилец, Порече. А родот Ристевци таму се доселени од селото Црешнево, Порече, за Димовци не се знае од каде се доселени таму. Во североисточниот дел од Бело Поле има ново маало. Таму живеат 36 семејства од Егејска Македонија, Порече и раселеното село Дабјани.[14]

Општествени установиУреди

Во селото работи подрачното основно училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до петто одделение.[15]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1465 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 141 гласач.[17]

Културни знаменитостиУреди

 
Црквата „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[14][18]
Манстири
Цркви[19]

ИселеништвоУреди

Се знае за следните постари иселени родови од ова село. Ацевци иселени се во Годивле. Клаповци и Црневци иселени се во Големо Коњари. Цуцуловци иселени се во Локвени.[14]

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 25.
  3. Бело Поле“. OldPrilep. 13 октомври 2014.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 74-75.
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2020.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 14,2 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  15. Образование“. Општина Долнени.
  16. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 17 јули 2020.
  17. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди