Турско Рудари

село во Општина Пробиштип

Турско Рудари — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Турско Рудари

Куќи во селото Турско Рудари

Турско Рудари во рамките на Македонија
Турско Рудари
Местоположба на Турско Рудари во Македонија
Турско Рудари на карта

Карта

Координати 41°58′50″N 22°15′23″E / 41.98056° СГШ; 22.25639° ИГД / 41.98056; 22.25639
Регион  Источен
Општина  Пробиштип
Област Злетовско-пробиштипско
Население 153 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2210
Повик. бр. 032
Шифра на КО 21034
Надм. вис. 540 м
Слава Илинден
Турско Рудари на општинската карта

Атарот на Турско Рудари во рамките на општината
Турско Рудари на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1519 г.), најпрвин како Рударе или Рудар што потекнува од рударските јами од кои во минатото се ископувала руда, сместени во негова непосредна близина. Додавката „Турско“ веројатно потекнува од периодот под отоманска власт кога македонското население целосно се иселило и во него се доселиле Турци, како и од потребата да се разликува од селото Шопско Рудари во околината на Кратово. Ова име останало и денес, иако во него повеќе нема Турци.[2]

Географија и местоположба

уреди
 
Селската чешма во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од левата страна на Злетовска Река, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кочани.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 540 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 10,5 километри.[3]

Селото е поврзано со локален асфалтен пат од соседното село Злетово, кој подоцна води и кон кочанското село Рајчани.

Турско Рудари се наоѓа на половина пат меѓу селата Злетово и Шталковица. Сместено е на просторот каде Шталковска Река излегува од својата клисура и почнува да тече по брановидна рамнина од нејзината десна страна сè до своето устие во Злетовска Река. Самата населба се наоѓа од двете страни на Шталковска Река и е од збиен тип. Поради планинскиот венец Пударница, Турско Рудари е заштитено од студените ветрови од север.

Низ селото минува стариот каравански пат Кратово-Кочани.

Историја

уреди

Иако самото име на селото Турско Рудари упатува на тоа дека населбата настанала за време на турскиот период, историските факти откриваат дека истата постоела и пред отоманското освојување. Имено, меѓу Турско Рудари и соседните села Шталковица и Рајчани, и денес се наидува на ниски рударски јами во кои се влегува со лежење. Покрај тоа, во јамите се откриени чекани со кои е копана рудата, потоа дрвени корита и санки со кои рудата е извлекувана на површина. За неговото постоење и во средниот век сведочеле и трите полуразрушени рударски кули, слични на кратовските, кои постоеле меѓу двете светски војни, а со иселувањето на Турците биле разрушени и употребени за изградба на куќите на доселениците. Потврда за тоа дека во непосредна близина на селото се копала руда е и тоа што во еден документ, кодекс на султанот Сулејман Величествениот од 1536 година, било наведено следново:

„Во рудникот Косел во Кратово има добри и згодни јами, кои можат да бидат паун (ровови што содржат руда) заради што многу луѓе сакале да ги оживеат и тие да проработат. Сега во споменатиот рудник започнало да се копа во 17 јами, па, ако Бог даде, во секоја ќе се стигне до руда.“

Месноста Косел што се спомнува во кодексот на Сулејман Величествениот не се наоѓа во Кратово, туку во Кратовската нахија во која административно припаѓа селото Турско Рудари. Денес, маалото на ова село од коешто се гледаат старите рудокопи се нарекува Косел.

Во пописниот турски дефтер од 1570 година, селото е именувано како Рудари и во него не се појавува нехристијанско население. Во околните села сè уште е сочувано преданието дека до пред 2-3 века во селото живееле Македонци. Нивните христијански гробишта се низводно на реката и се именувани како стари гробишта, каде што во минатото имало и црквичка. Кон крајот на XVII век, веројатно по Карпошовото востание и пустошењата на Кримските Татари, населбата била напуштена и во неа се населиле Турци од Овчеполието. Нешто подоцна, во селото се доселиле и Турците од селото Трипатанци, коешто се наоѓа 5-6 километри југозападно, на левиот брег на Злетовска Река. Под притисок на доселените Турци, месното население започнало да го напушта селото. Последните три семејства од селото кои живееле во маалото Косел во почетокот на XIX век се иселиле. Познато е дека последното семејство се преселило во селото Бунеш. Со тоа, селото било претворено во населба населена исклучиво со Турци, во којашто имало џамија, турбе и високи огради околу домовите.

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 488 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 263 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Местоположбата на селото, сместено на границата меѓу ридско-планинско земјиште обраснато со треви и шума и релативно пространата рамнина од двете страни на Шталковска Река, е предодредено за земјоделство и сточарство, додека рударството, кое било развиено во средниот век, е запуштено.

Турските пописни дефтери од 1570 година преку даночните задолженија од 6.600 акчиња за само 43 домаќинства покажуваат значаен развој на земјоделството. Меѓу другото, оданочени биле 49 товари мешано жито, 40 товари пченица, 4 товари граор, како и 1.788 акчиња ушур од шира. Исто така, се одгледувало и лозје, бостан, свилена буба и пчели. Во селото имало и пет воденици, од кои три на Ламбо Никола, една на Нове Петко и неговиот син Стево, и една на Пири, син на Мустафа. Без оглед на промената на етничкиот состав на населението во селото низ вековите, во него отсекогаш се одгледувал висококвалитетен тутун, а се чувал и значаен број на кози сè до нивното уништување. Меѓутоа, со иселувањето на Турците во третата декада на XX век, доселениците кои главно потекнувале од високопланинските села и претежно се занимавале со сточарство започнале да ја менуваат својата производствена ориентација. Сточарството започнало да се запоставува, а населението сè повеќе се занимавало со полјоделство.

Бројот на земјоделски стопанства во 1960 година изнесувал 51 и до 1991 година се намалил на 41 стопанство. Бројот на овци во 1960 година изнесувал 460 грла, а во 1991 година бил речиси двојно намален на 242 грла. Од земјоделските култури, денес најмногу се произведува жито, односно пченка и јачмен, а од индустриските култури тутун, памук и сончоглед.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948277—    
1953297+7.2%
1961284−4.4%
1971225−20.8%
1981224−0.4%
ГодинаНас.±%
1991172−23.2%
1994172+0.0%
2002185+7.6%
2021153−17.3%

Од првите верификувани пописни податоци од 1570 година, во селото имало 35 христијански домаќинства, 8 турски домаќинства и 29 неженети лица. Последните неколку македонски семејства се иселиле во првите години од XIX век.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Турско Рудари имало 350 жители, сите Турци.[4] Според некои извори, 15 семејства во тоа време биле потомци на турски доселеници од Трипатанци, 5 семејства биле бегалци од Босна и Бугарија, а 3 семејства биле на Албанци доселени од Кумановско. Со иселувањето на Турците, најпрво по Првата балканска војна, а целосно во третата декада од XX век, започнало доселување на население од високопланинските села од Осоговскиот масив.[5] Во текот на XX век, селото броело од 200-300 жители, но во последните декади е забележително намалување поради иселувањето најмногу во Ѓорче Петров, Злетово и Пробиштип.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Турци.[6]

Селото е мало и е населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 284 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 172 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 185 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 54, а бројот на живеалишта 95.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 133 Македонци, 4 Роми и 16 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 277 297 284 225 224 172 172 185 153
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Турско Рудари е македонско село. Со оглед на тоа што населението е доселено од високопланинските села, родовите потекнуваат од местата од каде што семејствата се доселиле.[5]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

Општествени установи

уреди
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

уреди

Кон крајот на XIX век, Турско Рудари било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Злетово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Турско Рудари, се наоѓале и селата Бунеш, Древено, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Ратавица, Трипатанци и Шталковица. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Турско Рудари, во која влегувале селата Бунеш, Рајчани, Турско Рудари и Трипатанци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1570 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 99 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Споменици[17]
  • Спомен-плоча посветена на загинати борци во НОБ
Реки[18]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 186. |access-date= бара |url= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 305.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 223.
  5. 5,0 5,1 Апостолов, Александар, Кондев, Тодор, Керамидчиев, Апостол, Василевски, Ангел, Арсениевски, Лазо и Домазетовски, Стоимир. „Злетовска област, географско-историски осврт“. Скопје, 1974. стр. 82-83.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 декември 2016.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 2 декември 2022.
  16. „Освет на камен темелник за изградба на црква посветена на „Св. вмч. Димитриј Солунски" во с. Рудари, злетовско – Општина Пробиштип“. Архивирано од изворникот на 2019-06-02. Посетено на 2019-06-02.
  17. „Споменици | Општина Пробиштип“. Посетено на 2022-12-01.
  18. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 81. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Литература
  • Спахо, Фели. „Турски рударски закони“. Гласник земаљског музеја. Сарајево, 1913.
  • Апостолов, Александар, Кондев, Тодор, Керамидчиев, Апостол, Василевски, Ангел, Арсениевски, Лазо и Домазетовски, Стоимир. „Злетовска област, географско-историски осврт“. Скопје, 1974.
  • „Пописи становништва и домаћинстава 1958-1981. Савезни завод за статистику БГД.
  • „Турски пописни дефтери“. Архив на Македонија. 1570.

Надворешни врски

уреди