Мартиница

село во Општина Крива Паланка

Мартиница — село во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Мартиница
Мартиница во рамките на Македонија
Мартиница
Местоположба на Мартиница во Македонија
Мартиница на карта

Карта

Координати 42°11′21″N 22°19′32″E / 42.18917° СГШ; 22.32556° ИГД / 42.18917; 22.32556
Општина Крива Паланка
Население 125 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 15031
Надм. вис. 987 м
Мартиница на општинската карта

Атарот на Мартиница во рамките на општината
Мартиница на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Славиште, во северните ограноци на Осоговските Планини, оддалечено на 2,5 километри јужно од Крива Паланка. Атарот на селото зафаќа површина од 5,57 квадратни километри. На север се граничи со градот Крива Паланка, на исток и југоисток со селото Дурачка Река и на југозапад и запад со селото Конопница.

Историја уреди

Во XIX век селото било дел од Кривопаланечката каза на Отоманското Царство.

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948302—    
1953355+17.5%
1961310−12.7%
1971345+11.3%
1981245−29.0%
ГодинаНас.±%
1991179−26.9%
1994182+1.7%
2002157−13.7%
2021125−20.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мартиница живееле 285 жители, од кои 240 Македонци и 45 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мартиница имало 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 157 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 125 жители, од кои 121 Македонец, 1 Албанец и 3 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 184 302 355 310 345 245 179 182 157 125
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Мартиница е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, селото потекнува од околу 1850та кога се населил првиот род. Родови во Мартиница се: Бујинци (8 куќи) доселени се од некаде, околу 1850та они се најстар род во селото, основачот на родот се викал Бујо; Радевци (6 куќи) доселени се од некое село кај Сурдулица, го знаат следното родословие: Милан (жив на 58 г. во 1973 година) Стојан-Стеван-Раде, основачот на родот кој се доселил; Басјанци (4 куќи) доселени се после споменатите два рода од селото Б’с, во Б’с се доселени од селото Караманица кај Босилеград, го знаат следното родословие: Спасе (жив на 60 г. во 1973 година) Ѓорѓе-Младен, кој се доселил од Б’с; Калакасовци (7 куќи) доселени се однекаде, после претходниот род; Пауновци (4 куќи) ни они не знаат од каде се доселени.[11]

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ристовци (1 к.) и Калакасовци (9 к.)
  • Со непознато потекло: Лековци (2 к.)
  • Доселеници: Ѓоргијовци (2 к.) доселени се однекаде, одамна; Ѓаковци (2 к.) и они се доселени однекаде; Пауновци (6 к.) доселени се пред 1820 година, однекаде; Гранџовци (3 к.) и тие се доселени од непознато место, околу 1860 година; Бујинци (8 к.) доселени се од селото Петралица, каде имале роднини; Радевци (12 к.) доселени се околу 1840 година од околината на Сурдулица во Србија; Базјани (5 к.) доселени се од селото Бс; Зајци (2 к.) доселени се од селото Конопница; Попанци (2 к.) и они се од Конопница; Лепојци (3 к.) доселени се околу 1866 од некое место Сураица; Стаменковци (1 к.) доселени се од селото Киселица.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Редовни настани уреди

Личности уреди

Култура и спорт уреди

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 225.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.142-143.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област. Загреб: ХАЗУ. стр. 328–329.
  12. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски уреди