Печково
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Печково — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Печково | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°46′53″N 20°49′54″E / 41.78139° СГШ; 20.83167° ИГДКоординати: 41°46′53″N 20°49′54″E / 41.78139° СГШ; 20.83167° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 21 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07061 |
Надм. вис. | 930 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Печково се наоѓа во крајниот јужен дел на областа Горни Полог. Селото е планинско и лежи на надморска височина од 930 метри, на југоисточните падини на Шар Планина. Од градот Гостивар е оддалечено 8 километри во југозападен правец, а исто така е сместено и во непосредна близина на патниот правец Гостивар - Кичево.
ИсторијаУреди
Историјата на усното предание говори дека населението на Печково претрпело неколку преселби. За најстара населба се смета местото Старо Печково. Во селото е познато местото Старо Печково која укажува дека селото претходно било сместено на тоа место. Претпоставка е дека таа селска населба постоела пред XV век. Под притисок и зулумот на качаците од Албанија, печковчани се преселуваат во полето. Поради рамничарската конфигурација, своето ново живеалиште го наречуваат Равен. Името на ова населено место не е променето до денес. Прерасна во големо село населено со Албанци. Инаку старите равенчани биле населени во Равен кај старата џамија, а до скоро сведоци од тоа време беа православни гробишта во близина на селската чешма, а наспроти старото училиште. Во почетокот на зимата, декември месец, 1689 години, по пропаста на Карпошовото востание [1], во Полог пристигнал кримскиот хан Селим Гирај со своите борбени и жестоки татарски одреди. Неговите сурови војници неселективно го убивале христијанското население.Македонското незаштитено население пред страшниот терор се повлекува по падините на Шар Планина, Сува Гора [2] и Бистра. Полошка Котлина била 100 % напуштена од христијаните. Равенчани се враќаат назад во планинатана, но сега на нова локација која повторно ја нарекуваат Печково. Не се вратиле во Старо Печково поучени од раскажувањето на постарите за проблемите со качаците.
Свое влијание врз населението во Печково имаат сите војни во Македонија по Илинденското востание. Нема податоци за учество на печковчани во Илинденското востание. Во Балканските војни во Печково е извршена присилна мобилзација во српската и бугарската армија. Воениот рок на мобилизираните им трае многу долго: сè до крајот на Прва светска војна. Во Втора светска војна десетина печковчани доброволно се преклучуваат во партизанските одреди. Младиот, штотуку женет Кузман Јовановски не ја преживеал војната да ја види својата новородена ќерка.
Во селото функционираше основно четиригодишно училиште ( Чеде Филиповски ) . Неговата изградба беше во 1929 год. со селски самопридонес и ангарија на селаните.Училиштето почнало со работа есента во1929. године а први учител бил Јарослав Г. Мацан (1929-1937). По раселувањето на печковчани , училиштето е оставено на забот на времето и оставено на пропаѓање и руинирање , срушено е во летото 2006 год.
СтопанствоУреди
Поради својата специфична местоположба и земјиштен фонд Печково има мешовита земјоделска функција. Селаните покрај сточарството ги обработуваат и нивите во чија близина е изворот на Вардар. Поради тоа што Печково се наоѓа во шарскиот појас на костенови дрва (најголем појас на костенови дрва на Балканот, сместен по цело подножје на Шар Планина од с. Вруток до с. Вратница) во селото се прави уникатната и многу вкусна ракија од костени.
Во Печково две семејства имаат развиено сопствени претприемачки подвизи од областа на сточарството и преханбената индустрија. Семејството Игнатовски(Тодоровски) , одгледуваат околу 2000 овци, 50 кози, 30 крави, 10 коњи и друг крупен и ситен добиток. Оваа дејност подразбира производство на волна, млеко и млечни производи, месо итн. Летниот приод добитокот се напасува на пасиштата на Шар Планина, а зиме се преселуваат во околината на Велес.
Семејството Сотироски по враќањето од печалба во Италија, изградиле кланица „ГО - ДЕ“, во која дневно се колат по 300 грла крупен добиток, пред сè прасиња и има околу 25 вработени. Свежото месо го пласираат ширум Македонија и во сопствената месарница во Гостивар. Дале значаен придонес во развојот на инфраструктурата и вработувањето во селото. За нивни потреби го одржуваат патот Вруток - Печково. Во зимскиот период тој секогаш е исчистен од снег, што овозможува непречено движење на печковчани во секое време од годината до Гостивар.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Печково е село населено исклучиво со Македонци. Во почетокот на XX век Печково е македонско село во Гостиварска нахија на Тетовска каза на Османлиското Царство. Според статистиката на Васил К‘нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Печково имало 290 жители Македонци христијани[2]. Во 1900 година во Печково имало 44 куќи со Македонци. До почетокот на 1911 година во село Печково имало две турски семејства (Мемедовци). Имињата на некои селски месности го потврдуваат тоа: Селимичин гроб, Пашина корија и сл. Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Печково има 320 Македонци егзархисти.[3] Според еден допис на бугарското конзулство во Скопjе, 17 од 32 христијански куќи во селото во 1906 година под притисок на српската пропаганда во Македонија ја признават Цариградската патријаршија. Во 1912 во Печково се доселуваат неколку семејства од селата Реч и Стрезимир кои бегаат од бугарскиот зулум кои ги опожариле и уништиле двете села и убиле многу жители. Познати се доселениците Петко, Алексо и Стрезо кои пребегале од Стрезимир во Печково . Во 1913 година селото подпаѓа во Србија. Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Печково — село во Вруточка општина во Горнополошкиот срез и има 44 куќи со 266 жители Македонци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 48 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, од кои 7 Македонци и 14 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 290 | 320 | 328 | 367 | 348 | 300 | 179 | 78 | 53 | 48 | 21 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
РодовиУреди
Печково е македонско село.
- Родови во Горно Маало се: Јоановци (2 к.) староседелци, П. Јовановиќ за нив забележал дека се доселени од Љура во Албанија; Ѓиневци (11 к.) староседелци, и за нив П. Јовановиќ слушал дека се доселени од Љура во Албанија; Дрецковци (2 к.) староседелци; Игновци (4 к.) доселени од Љура во Албанија; Исаковци (2 к.) доселени се од селото Стрезимир во Горна Река; Димовци (1 к.) исто потекло како и Исаковци; Трпевци (5 к.) доселени се од Љура во Албанија; Савевци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Орќуше.
- Родови во Долно Маало: Крајчевци (1 к.) староседелци; Петковци (3 к.) староседелци; Миајловци (2 к.) доселени се од селото Врбен, Горна Река; Цветковци (15 к.) доселени се од Љура во Албанија; Јанчевци (4 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Ковач, Порече; Љазовци (1 к.) доселени се однекаде.[11]
Општествени установиУреди
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 529 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
Во Печково традиционално се чествуваат два верски празници : Петковден и Водици. Петковден е летен празник и селаска слава. Света преподобна маченичка Параскева Римјанка (Св. Петка) се прославува првата недела пред или по 8 август кога во Печково се чествува Св.Петка.
Настанот може да прерасне во добро организиран народен собир и веселба . На тој ден селото е посетено од многу луѓе од гостиварско и пошироко. Секоја година на денот на веселбата се одредуваат кумови на кои ќе им се падне паричката од лепчето. Кумот ги пречекува гостите во црковната трпезарија со вкусно гравче со месо , салати и пијалаци. Внатре црковната авлија се сместени скараџии кај кои може да се купи добра скара, пиво,вино и безалкохолни пијалаци. Гостите ги забабавува музичка група со народни песни, ора како и забавна музика. Во и околу црквата има обредни активности под водство на свештеник.
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 235-236-237.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.