Кукуречани
Кукуречани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била споена со Општина Битола.
Кукуречани | |
Координати 41°5′44″N 21°19′32″E / 41.09556° СГШ; 21.32556° ИГД | |
Општина | Битола |
Население | 784 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7241 |
Шифра на КО | 02066 |
Надм. вис. | 576 м |
Кукуречани на општинската карта Атарот на Кукуречани во рамките на општината | |
Кукуречани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Кукуречани е сместено на западните планински венци што ја опкружуваат Пелагониската Котлина по долината на реката Шемница, на 21 километар од градот Демир Хисар и на 7 километри северно од градот Битола. Патот Битола-Кичево го дели селото на два дела: поголем, југозападен дел, наречен Горно Маало и помал, североисточен дел наречен Долно Маало.
Историја
уредиПри крајот на турското ропство во Кукуречани се затекнати голем број на чифлици, а само неколку семејства биле рајатски. Сопстевеници на чифлиците биле: Адем-бег, Јусуф-ефенди, Ваит-ефенди, Азис-ефенди, Оџа Мемет, Кадри-ага, Расим-бег и др.[2]
Селото се споменува во една потврда од 22 февруари 1639 година - издадена од лицето Мустафа за да ги собира приходите и таксите од село Кукуречани, кое спаѓало во хасовите на дефтердарот на Румелија.[3]
Во XIX век, Кукуречани било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
За време на Илинденското востание во 1903 година, во Кукуречани биле запалени неколку чифликсајбиски кули. Другите кули биле срушени по ослободувањето од Турците.[2] Тогаш во ова село се распаднале сите чифлици.
Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кукуречани живееле 700 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кукуречани имало 656 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кукуречани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 77 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]
Селото броело 1.712 жители во 1961 година, додека во 1994 година селото има 1.001 жител.
Според пописот од 2002 година, во селото Кукуречани живеат 966 жители, од кои:[9] 950 Македонци, 14 Роми и 2 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 784 жители, од кои 730 Македонци, 5 Албанци, 15 Роми, 1 Србин и 33 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 700 | 656 | 1.449 | 1.598 | 1.712 | 1.637 | 1.868 | 1.237 | 1.001 | 966 | 784 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
уредиКукуречани е македонско православно село.
Родови во селото се:
- Староседелци: Масалковци (20 куќи), Чашитовци (5 куќи) и Несторовци (2 куќи)
- Доселеници: Коруновци (7 куќи) и Дрогриовци (5 куќи) потекнуваат од ист предок, доселени се од селото Драгожани; Магловци (5 куќи), Шеровци (5 куќи) и Белокозовци (4 куќи) доселени се од Црнобуки, каде имаат роднини, подалечно потекло на првиот род е од Долно Српци; Лисолаја (4 куќи) доселени се од селото Лисолај, таму им се род Ѓоршевци; Крклинци (5 куќи) и Јовчевци (3 куќи) порано биле еден род, доселени се од селото Крклино, каде биле староседелци; Шулинци (6 куќи) доселени се од селото Шурленци во Преспа; Размовци (2 куќи) доселени се од селото Драгарино, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло од селото Вирово; Јосифовци (2 куќи) доселени се од селото Вашарејца; Колевци (2 куќи) доселени се од селото Пресил; Кочиштанци (5 куќи) доселени се од сега раселеното село Кочишта; Лавчани (5 куќи) доселени се од селото Габаловци; Кочиштани (17 куќи) доселени се во 1906 година од раселеното село Кочишта како три куќи; Бараковци (1 куќа) доселени се од селото Вашарејца; Калевци (1 куќа) доселени се од селото Секирани; Ѓоршевци (5 куќи) и Бакалинот (12 куќи) доселени се од Лисолај; Темелковци (6 куќи) доселени се од Кочишта во 1905 и 1907 година; Гулевчиња (1 куќа) доселени се од Црнобуки, каде имаат роднини; Васил (1 куќа) доселен од Егејска Македонија после 1918 година; Ѓошевци (9 куќи), Шопевци (8 куќи), Карафиловци (5 куќи), Чамуровци (5 куќи), Страчковци (3 куќи), Самарџиовци (3 куќи), Ацевци (2 куќи), Несторовци (2 куќи), Гозевци (2 куќи), Поповци (1 куќи), Мишко (1 куќа), Нешковци (6 куќи), Чашитовци (5 куќи), Китевци (5 куќи), Деримачковци (4 куќи), Паликуќовци (3 куќи), Поповчиња (3 куќи), Нешковци (2 куќи), Пентаковци (1 куќа), Ојнога (1 куќа), Лажија (2 куќи) и Ѓоревци (1 куќа) сите овие родови се доселени со непозната старина; Сите родови во селото живеат од турско време, со исклучок на родот Васил кој е доселен после 1918 година.[15]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 194 и 195 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 764 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Археолошки наоѓалишта[19]
- Кула — црква од средниот век;
- Магловска Нива — населба од неолитско и римско време;
- Тумба — населба од неолитско и римско време;
- Тумба во Селото — населба од неолитско време и некропола од средниот век;
Редовни настани
уредиЛичности од Кукуречани
уреди- Васил Корунчев (1881-?) - свештеник, учител и револуционер на ВМРО
- Стеван Цароски (1922 - 1945) - партизан, учесник во НОБ;[20]
- Богоја Ивановски (1925 - 1945) - партизан, учесник во НОБ;[20]
- Васил Темелковски (? - 1945) - партизан, учесник во НОБ;[20]
- Ставре Чамуровски (1924 - 1944) - партизан, учесник во НОБ;[20]
- Алексо Чуруковски (1924 - 1944) - партизан, учесник во НОБ;[20]
- Флоре Масалковски - политичар и пратеник во Македонското Собрание;[21]
Култура и спорт
уредиФК Светлост (Кукуречани), оформен во 1962 година, со соединување на двата кукуречански клуба, ФК Ловец (Кукуречани), оформен 1949 година и ФК Младост (Кукуречани), оформен 1957 година. ФК Светлост во средината на 1990-тите години има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Иселеништво
уредиСелото во 50-тите и 60-тите години е зафатен од бран иселувања. Кукуречанци го напуштија селото кон Америка, Австралија, Германија, Австрија и Шведска.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 272–273.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, серија прва (1980). Скопје: Архив на Македонија. Стр.44
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 12.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Макеèдонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 „Сојуз на борци од НОАВМ - Битола“. Архивирано од изворникот на 2014-05-16. Посетено на 2014-03-16.
- ↑ Собрание на РМ