Манастирец

село во Општина Росоман

Манастирец — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Манастирец

Воздушен поглед на селото Манастирец

Манастирец во рамките на Македонија
Манастирец
Местоположба на Манастирец во Македонија
Манастирец на карта

Карта

Координати 41°29′17″N 21°56′40″E / 41.48806°N 21.94444°E / 41.48806; 21.94444
Регион  Вардарски
Општина  Росоман
Област Тиквеш
Население 268 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1422
Повик. бр. 043
Шифра на КО 11028
Надм. вис. 145 м
Слава Ѓурѓовден
Манастирец на општинската карта

Атарот на Манастирец во рамките на општината
Манастирец на Ризницата

Потекло и значење на името

уреди

Селото го добило името по манастириштето „Св. Петар“,[2] кое денес е обновено како нов манастир „Св. Петар и Павле“.

Географија и местоположба

уреди
 
Сретселото

Селото се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Росоман, во Росоманското Поле, непосредно до реката Црна.[3] Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 145 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 16 километри.[3] Селото се наоѓа во западниот дел на областа Тиквеш, оддалечено 4,5 километри јужно од општинскиот центар Росоман.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од А3. Железничката пруга до комбинатот „ФЕНИ“ поминува покрај селото.

Селото се наоѓа на десниот брег од Црна Река, под падината на Љубеш. Во селото има чешма со вода од Хусков Рид над селото.[2]

Селото има мешан тип, поделено во минатото на два дела Турско и Рисјанско Маало со џамија на Сретсело.[2]

Историја

уреди

Подрачјето на Манастирец е населено уште од бронзеното време, за што сведочи наоѓалиштето Хусков Рид над селото.[4]

Староседелците дошле од Старо Село под Љубеш кон крајот на XVII век. Откако селото било потурчено, во 1764 година во селото била подигната џамија. Поголемиот дел од староседелците изумреле од чума. Подоцна бил основан чифлиг, кој го присвоиле Синановци.[2]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 11,6 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 686 хектари, на пасиштата отпаѓаат 321 хектар, а на шумите само 20 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работела земјоделска задруга и услужни објекти.[3]

Мештаните се занимавале со земјоделство. Христијаните работеле како чифлигари. Во селото имало чифлиг, кој бил ограден со ѕид.[2]

Објекти од поранешниот земјоделски комбинат во непосредна близина на селото

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948305—    
1953485+59.0%
1961489+0.8%
1971413−15.5%
1981420+1.7%
ГодинаНас.±%
1991339−19.3%
1994339+0.0%
2002321−5.3%
2021268−16.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Манастирец живееле 188 жители, сите Македонци, од кои 116 христијани и 72 муслимани.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастирец имало 72 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]

Селото е средно по големина, коешто во 1961 година броело 489 жители, од кои 455 биле Македонци, 14 Срби, 4 Турци и 14 жители неопределени, а во 1994 година 339 жители, од кои 319 биле Македонци, а 20 жители Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живеел 321 жител, од кои 315 Македонци и 6 Македонски Срби.[8]

Според пописот од 2021 година селото живееле 268 жители, од кои 249 Македонци, 1 Албанец, 12 Срби и 6 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 188 72 273 261 256 203 173 116 117 321 268
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Манастирец е македонско село.

Според истражувањата од почетокот на 1920-тите години, во селото биле застапени следниве родови:[2]

  • Македонски муслимански родови: Веселовци-Оџевци (4 к.), староседелци од старото село; Сулејмановци (3 к.), доселени се од Кавадарци на почетокот од XIX век; Јусуфовци (4 к.) и Салијовци (1 к.), доселени се во различен период од Сирково.
  • Македонски православни родови: Соколовци (2 к.), доселени се од селото Паликура во 1850 година; Соколовци (1 к.), доселени се од селото Бунарче, а таму од Мариово; Нацовци (1 к.), доселени се од селото Рибарци; Иговци (1 к.), доселени се од селото Ракле; Малиновци (1 к.), доселени се од селото Трстеник; Науновци-Табаковци (1 к.), доселени се од селото Рибарци, а таму од Сопот; Мицовци (1 к.), доселени се од селото Ваташа.

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

На крајот од XIX век, Манастирец било село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Росоман, една од ретките општини која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Росоман.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Градско.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Росоман, во која покрај селото Манастирец се наоѓале селата Камен Дол, Крушевица, Паликура, Рибарци, Росоман, Сирково и Трстеник. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Манастирец, Рибарци и Трстеник.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 0715 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 258 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 259 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[4]
Цркви
Манастири
Кули

Редовни настани

уреди
Слави[2]

Личности

уреди
Починати во Манастирец

Култура и спорт

уреди

Фудбалскиот клуб Љубаш се натпреварува во општинската лига на Кавадарци.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Рајец. Белград: Српска кралска академија. стр. 449-450.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 191. Посетено на 27 јануари 2025.
  4. 4,0 4,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-28-6.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 153.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 104-105.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2025.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 27 јануари 2025.

Надворешни врски

уреди