Отвори го главното мени

Русјаци

село во Општина Македонски Брод

ЕтимологијаУреди

 
Поглед на селото

Името на селото прв пат е споменато како „Русјак“ во XV век. Името потекнува од старословенскиот збор „Русјаци“ или пак од личното име „Русин“ со суфиксот „-ци“.[2]

Постои предание дека селото првобитно се викало Јасика. Но тука некогаш поминале Козаци (Руси) кои биле истерани од Русија и биле примени да го чуваат Султанот. Еден Козак се загледал и се заљубил во една жена од селото, која му родила дете. Тоа копиле бил мал Русјак, па оттука сите околни села населението на Јасика почнале да го нарекуваат Русјаци. Но ова предание неможе да биде веродостојно, бар не за 18 век, бидејќи во историските документи ова село се споменува под името Русјак во 1476/77 година, кога имало имало 7 словенски христијански домаќинства.[3]

Географија и местоположбаУреди

 
Споменик кај Русјаци, на местото каде што во ноември 1943 година бугарскиот фашистички окупатор, по ѕверско измачување убил пет борци на Првата Македонско-Косовска бригада

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, од левата страна на реката Треска.[4] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[4]

Атарот зафаќа простор од 13,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 844 хектар, на пасиштата отпаѓаат 389 хектари, а на обработливото земјиште 93 хектари.[4]

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево.

ИсторијаУреди

Во XIX век, Русјаци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[4]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русјаци имало 430 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русјаци имало 440 жители.[6]

Селото од средно по големина преминало во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 328 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Русјаци имало 43 жители, од кои 42 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 430 440 352 365 328 237 138 81 68 43
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

РодовиУреди

Русјаци е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Станковци (12 к.), Мечкаровци (8 к.), Јанковци (7 к.), Чакаловци (3 к.), Несторовци (2 к.) и Вретенаровци (1 к.), староседелци, порано живееле во местото Горно Село, во родот Станковци се знае следната генеологија Насте (жив на 86 год. во 1961 година) Филип-Стојко-Нове-Милош, предокот Стојко преминал од местото Горно Село во денешното; Главиновци (2 к.) доселени се од поречкото село Суводол; Патерковци (6 к.), Џаџовци (3 к.) и Чулевци (3 к.), доселени се од селото Цер, Железник; Кркевци (2 к.), доселени се од некое село во Леринско, Егејска Македонија; Кунтафеловци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од прилепското село Ропотово; Поповци (1 к.), доселени се во турско време од селото Орланци и Латовци (1 к.) доселени се од селото Латово.[10]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Несторовци (4 к.), Милошевци (30 к.), чии гранки се Србиновци, Кршковци и Пурјаковци; Бежановци (27 к.), чии гранки се Каровци и Суводолци, овие родови се доселени од Закамен, Малесија (според авторот од охридско) дошле Милош, Божин и Нестор; Кулевци (6 к.) доселени однекаде; Поповци (1 к.) доселени од селото Орланци.[11]

Самоуправа и политикаУреди

 
Главната селска црква „Воведение на Пресвета Богородица“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Русјаци се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Ореовец, Пласница и Преглево.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборно место бр. 0226 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 33 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 30 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

Цркви[15]

ЛичностиУреди

Родени во Русјаци

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 30 октомври 2017. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 155. 
  3. Аранђел Ц. Јеличић, Бруски трагови прошлости и садашњости, Библиотека „Хронике села“ 90, Брус 1999 – 2000, 237; Бачко, Максимовић, 182 – 184.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 263. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 30 октомври 2017 г. 
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево ((македонски)). 2018-05-16. конс. 2018-12-16. 
  11. „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево (mk-MK). 2018-05-16. конс. 2018-12-16. 
  12. „Описи на ИМ“. конс. 16 октомври 2017. 
  13. „Локални избори 2017“. конс. 16 октомври 2017. 
  14. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врскиУреди