Дукатино

село во Општина Василево

Дукатино — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Дукатино

Влезот на Дукатино

Дукатино во рамките на Македонија
Дукатино
Местоположба на Дукатино во Македонија
Дукатино на карта

Карта

Координати 41°32′36″N 22°32′39″E / 41.54333° СГШ; 22.54417° ИГД / 41.54333; 22.54417
Општина Општина Василево
Шифра на КО 27028, 27528
Дукатино на општинската карта

Атарот на Дукатино во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди
 
Основно училиште „Гоце Делчев“
 
Црква во селото
 
Плевна во селото

Дукатино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северозападниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Радовиш е оддалечен 16 километри, додека од Струмица е оддалечен 18 километри. Покрај селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 376 метри додека селото зафаќа површина од 8 км2. Од нив 240,5 хектари се обработливо земјиште, 504,2 хектари се шуми и 22,3 се пасишта[1]

Историја

уреди

Антички период

уреди

Во околината на денешното село се наоѓаат археолошки остатоци од т.н. Градиште, Калата и Селиште и Чуј Петел. Според овие остатоци се смета дека селото постоело уште во античкиот период.

Отоманско Царство

уреди

Во текот на XIX век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци[2][3].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][4].

Во селото кон крајот на 1909 година бил основан комитет на ВМОРО од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков, на чело со војводата Стамен Радовишки[5].

Југославија

уреди

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Дукатино било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија

уреди

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]

На пописот од 2002 година, селото имало 497 жители. Следува табела на националната структура на населението[7]

Националност Вкупно
Македонци 447
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 3

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Дукатино има 327 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 240
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 87

На табелата е прикажан преглед на бројот на населението низ сите пописни години:[1]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 230 320 289 337 387 426 470 480 450 450

Родови

уреди

Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.

  • Староседелци: Костадиновци со Поцевци и Петровци (7 к.), Стоименовци (3 к.), Доневци (3 к.), Тренчовци со Треновци и Алексовци (3 к.), Темелковци (1 к.), Главченци (4 к.), Димитријевци (4 к.), Митровци (3 к.), Тодоровци (3 к.), Стојановци (2 к.) и Ѓоргевци (2 к.)
  • Доселеници: Трајковци (4 к.) доселени се во XIX век од селото Варварица.[8]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1799 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 370 гласачи.[10]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.108.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
  4. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  5. Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 70.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски

уреди