Ново Лисиче
Ново Лисиче — високоурбанизирана населба во Општина Аеродром, на 5 км од средиштето на Скопје.
Ново Лисиче | |
---|---|
Населба | |
Ново Лисиче гледано од паркот „Аеродром“ | |
Координати: 41°59′3″N 21°28′38″E / 41.98417° СГШ; 21.47722° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Аеродром |
Потекло на името
уредиБидејќи било изградено на атарот на Горно Лисиче, го добило топонимот Лисиче, и бидејќи била сосем нова населба, ја добило претставката Ново.
Историја
уредиНаселбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990, во атарот на тогаш селото Горно Лисиче. На местото на денешната населба се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската Котлина, на која наместо пченица никнале згради. Основни фирми кои ја граделе населбата биле Бетон, Маврово и Гранит.
Населбата порано припаѓала кон Општина Кисела Вода, но со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година е создадена новата Општина Аеродром и населбата потпаднала кон новосоздадена општина, створена на 12 април 2005 кога за првпат била одржана седница на Советот на општината.
Местоположба, сообраќај и инфраструктура
уредиНаселбата се наоѓа на десниот брег на реката Вардар. На исток се граничи со Горно Лисиче, на запад со населбата Јане Сандански и Аеродром, на југ со Реонски Центар, а на север се допира до брегот на Вардар.
Како пооддалечена населба од средиштето на градот, а со голем број на станбени згради и жители, кон Ново Лисиче водат многу автобуси како 3, 3А, 3Б, 15, 15А,[1] 5, додека автобусот 23 го обиколува цело Ново Лисиче бидејќи населбата има облик на квадрат. Со Центар и западниот дел на Скопје (Карпош, Ѓорче Петров) е поврзана со булеварот „Јане Сандански“ кој преку населбите Аеродром и Јане Сандански оди кон Центар, а кон Маџари, Автокоманда и Индустриската зона води мостот „Тодор Александров“/„Близнаци“.
Во Ново Лисиче водат два главни булевари, и тоа „АСНОМ“ и „Видое Смилевски-Бато“. Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ потоа преминува во булеварот Јане Сандански. Двата главни булевара се разгрануваат во многу улички и паркинзи кои ја сочинуваат патната инфраструктура на Ново Лисиче.
Демографија
уредиНово Лисиче е урбана населба составена исклучиво од станбени згради со оглед на тоа има голем број на жители и има разни демографски движења.
Според пописот од 2002, населбата Ново Лисиче била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[2]
Според некои проценки и пописни списоци за Скопје (во периодот на првата половина на 2000-тите), Ново Лисиче имало околу 17.200 жители од кои 97,5% се Македонци, 1% Срби, 0,5% Албанци и 1% други. Младо население во Ново Лисиче имало од 32-34%, наталитетот е со средна големина (исто бил како во Капиштец), а миграционите движења се сѐ уште големи како внатрешните од други скопски населби така и од другите делови на Македонија многу луѓе се доселуваале и отселувале од Ново Лисиче. Вработеноста била околу 81%, а писменоста на населението околу 94,8%.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Ново Лисиче била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 63.764 |
Албанци | 850 |
Турци | 464 |
Роми | 459 |
Власи | 651 |
Срби | 2.125 |
Бошњаци | 403 |
Други | 6.392 |
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиБрој на избирачко место | Установа кадешто се наоѓа | Женски гласачи | Машки гласачи | Регистрирани гласачи |
---|---|---|---|---|
2708 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 432 | 521 | 953 |
2709 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 391 | 461 | 852 |
2710 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 379 | 413 | 792 |
2711 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 459 | 541 | 1000 |
2712 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 446 | 470 | 916 |
2713 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 472 | 570 | 1042 |
2714 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 723 | 784 | 1507 |
2717 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 437 | 514 | 951 |
2718 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 468 | 511 | 979 |
2719 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 704 | 846 | 1550 |
2720 | ОУ „Лазо Ангеловски“ | 459 | 501 | 960 |
2721 | ЈУДГ „Буба Мара“ | 493 | 529 | 1022 |
2722 | ЈУДГ „Буба Мара“ | 394 | 433 | 827 |
2723 | ЈУДГ „Буба Мара“ | 426 | 437 | 863 |
2724 | ЈУДГ „Буба Мара“ | 251 | 263 | 514 |
Вкупно | 6.934 | 7.794 | 14.728 |
На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 9.575 жители, каде 55% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 14% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.[5]
Општествени установи
уреди- ОУ „Лазо Ангеловски“
- ЈУДГ „Буба Мара“
Културни знаменитости
уредиНа 28 август 2010 година, свечено била пуштена во употреба спомен фонтаната со ликот на Тоше Проески. Фонтаната се наоѓа на Детската улица и е изработена од мермер со кружен облик, со пречник од седум метри. Средишниот дел е со квадратен облик, висок 1,45 метри, каде е поставена слика од Тоше. Фонтаната и околниот дел е осветлен со канделабри и неонски светилки, хортикултурно е уреден со зеленило и клупи. Фонтаната била пуштена на еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица.[6]
- Цркви
- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ — прва црква во населбата, заштитничка на кулите 39, 41 и 43;[7]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — црква од поново време, дел од комплексот парк „Аеродром“;[8]
Редовни настани
уредиСекоја година се одржува натпревар во мал фудбал на Спортскиот центар Ново Лисиче, кој е одржуван на 28 август (Успение на Пресвета Богородица).[9]
Традиционално е одржуван Меѓународениот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Од 20 до 29 јуни 2016 година било одржано неговото трето издание.[10]
Култура и спорт
уредиВо Ново Лисиче се наоѓа Спортскиот центар „Марко Божиновски“. Порано го носел името Спортски центар Ново Лисиче и е разговорично познат како „Дупка“.
Наводи
уреди- ↑ „Нова автобуска линија 15 А на релацијата Ново Лисиче - Карпош 4“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2017-09-10.
- ↑ Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
- ↑ Состојба 5.2024.
- ↑ „Избирачки список“.
- ↑ „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во
|title=
во положба 36 (help)[мртва врска] - ↑ „Пуштена фонтаната со ликот на Тоше Проески“. Daily.MK - Вести. Посетено на 2017-09-11.
- ↑ „Ново Лисиче го доби првиот православен храм“. Дневник. Посетено на 2012-01-11.[мртва врска]
- ↑ „Црковен храм Св. Јован Крстител - монографија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-12-14. Посетено на 2016-12-18.
- ↑ „Турнир во мал фудбал „Скопје 2016"“. Република Online. 2016-09-01. Архивирано од изворникот на 2016-09-05. Посетено на 2017-09-11.
- ↑ „Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина" во Ново Лисиче“. Радио МОФ (англиски). 2016-06-15. Посетено на 2017-09-11.
Надворешни врски
уреди- Ново Лисиче на Ризницата ?