Вешала
Вешала — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово. Вешала е типично планинско село кое се наоѓа на Шар Планина.
Вешала | |
Координати 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° СГШ; 20.84667° ИГД | |
Регион | Полошки |
Општина | Тетово |
Население | 291 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1200 |
Повик. бр. | 044 |
Шифра на КО | 28010 |
Надм. вис. | 1256 м |
Вешала на општинската карта Атарот на Вешала во рамките на општината | |
Вешала на Ризницата |
Име
уредиВешала на албански јазик е познато како Veshallë (нечленувано) или Veshalla (членувано).
Географија и местоположба
уредиВешала се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри. Вешала лежи на Шар Планина, на околу 20 км северозападно од градот Тетово. Селото е оддалечено од македонско-косовската граница само 4 км. Атарот на селото Вешала граничи со атарот на Бозовце (на запад), со атарите на селата Лисец, Шипковица и Бродец (на исток), на југ граничи со Општина Боговиње, а на север со Косово.
Селото се наоѓа на горниот тек на реката Пена. Непосредно над селото се наоѓаат планински превои, од кои едниот е североисточно од Кобилица на 2.175 метри, а другиот е источно од Караниколица висок 2.060 метри. Селтото е од збиен тип.[2]
Историја
уредиСелото Вешала е постаро село од поглед на муслиманските доселувања. Предците на денешните албански муслимани, кои се населиле во селото пред околу 200 години, затекле староседелско македонско христијанско население. По почетокот на доселувањата на Албанците, Македонците почнале да се иселуваат. Словенските топоними во селото се задржале. Денес не е познато кои биле македонските семејства во селото, ниту каде се иселиле, бидејќи нема записи ниту во Вешала ниту во околните села кои би засведочиле. Не постојат остатоци од периодот од предалбанските доселувања.[2]
Според локалните верувања, селото првично се наоѓало на месноста Селиште, во близина на денешното село. Првата џамија во селото била изградена кон крајот на XIX век. Во 1930 година, старата џамија била срушена и на нејзино место била изградена нова.[2]
За време на Отоманското Царство, Вешала било дел од Тетовската каза. Од 1996 до 2004 година, селото било дел од Општина Шипковица.
Стопанство
уредиМесното население воглавно се занимава во сточарство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вешала живееле 440 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Вешала — село во Селечка општина и има 132 куќи со 690 жители Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.[5]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.222 жители, од кои 1.207 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 13 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 291 жител, од кои 241 Албанец и 50 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 865 | 972 | 898 | 1.299 | 1.405 | 0 | 1.045 | 1.222 | 291 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиВешала е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
- Доселеници: Бакалар или Бака (12 к.), Скендере (11 к.) и Клајар (8 к.) потекнуваат од тројца браќа кои овде дошле од некое место во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 62 г. во 1948 година) Амза-Фазли-Јусуф-Зенула, кој се доселил и го основал родот; Љурес (19 к.) доселени се од Љура во северна Албанија; Реџалар (20 к.) и Кадриалар (18 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Кице (6 к.) доселени се од селото Кице во Љума, северна Албанија; Буке (6 к.) доселени се од селото Буке во Љума, северна Албанија; Џине или Османлар (31 к.) доселени се од некое село Дукаќин во Албанија; Лосталар (14 к.) доселени се од северна Албанија.[12]
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2086 и 2087 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.183 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уредиЛичности
уреди- Шпат Касапи (р. 1 мај 1985) - македонски пејач
- Џеват Адеми (р. 8 декември 1962) - македонски политичар, генерален секретар и портпарол на НДП. Бил висок член на ОНА
Иселеништво
уредиЗабележан е трендот на иселување на месното население, воглавно во странство.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes аnthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. стр. 363.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ И.Ц. (24 август 2007). „ПО ОТКОПУВАЊЕТО НА ГРОБНИЦА ВО ТЕТОВСКО -Гробовите во Вешала се' уште мистерија“. Дневник. Посетено на 2010-11-06.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Вешала на Ризницата ?
- Сателитска карта на Вешала на Карти на Гугл