Колибари
Колибари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Колибари | |
Координати 41°34′19″N 20°57′45″E / 41.57194° СГШ; 20.96250° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 355 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12037 |
Надм. вис. | 708 м |
Колибари на општинската карта Атарот на Колибари во рамките на општината | |
Колибари на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на источното подножје на Бистра Планина, поточно на десниот брег на Зајаска Река. Оддалечено е 7 километри северно од Кичево.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото има население од 747 жители, од кои 742 Албанци, 1 Србин и 4 други.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 338 Албанци и 17 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 340 | 378 | 423 | 482 | 629 | 0 | 603 | 747 | 355 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
уредиКолибари е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Албанското население во Колибари е поделено на пет рода: Тоа се: Спаије (20 к.), Коколе (17 к.), Алиме (11 к.), Гега (11 к.) и Хиса (10 к.). Споменатите родови, потекнуваат од пет браќа доселени околу 1820 година од соседното село Зајас. Браќата се викале: Зендел Спаија (најстариот брат), Коколе, Алим, Дервиш Гега и Лиман Хиса. Во родот Коколе е познато следното родословие: Вели (жив, на 40 години)-Рушит-Вели-Ибраим Коколе, кој се доселил. Во Зајас нивните куќи им биле во Теќе Маало. Таму имале истоимени роднини. Подалечното потекло им е од Матија во Северна Албанија.[9]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 829 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 667 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[12]
- Римски Гробишта — доцноантичка населба;
- Кокале — средновековна некропола;
Личности
уреди- Оломан Сулејмани (р. 1950) - политичар;
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.54
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Колибари на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |