Јунузлија
Јунузлија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Јунузлија | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°46′28″N 22°21′06″E / 41.77444° СГШ; 22.35167° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Карбинци |
Област | Јуруклак |
Население | 39 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30019 |
Надм. вис. | 940 м |
Јунузлија на општинската карта Атарот на Јунузлија во рамките на општината | |
Јунузлија на Ризницата |
Потекло на името
уредиИмето на селото веројатно доаѓа од личното име Јунуз.[2]
Географија и местоположба
уредиОва мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во источниот дел на територијата на Општина Карбинци, во средното сливно подрачје на реката Брегалница, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 940 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 20 километри.[3]
Во 2018 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[4]
Историја
уредиВо XIX век, Јунузлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот е мошне мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 174 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат само 40 хектари, а на пасиштата уште помалку само 6,6 хектари.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 96 жители, сите Турци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело само 8 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 24 жители, турско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Јунузлија живееле 35 жители, сите Турци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 39 жители, од кои 23 Турци и 16 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 43 | 60 | 8 | 12 | 18 | 25 | 24 | 35 | 39 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Јунузлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Калаузлија. Во избирачкото место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[15]
Галерија
уреди-
Селски гробишта
-
Куќа во селото
-
Куќи во селото
-
Поглед на селото
-
Гробови
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 104.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 139. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ Андонов, Кире. „Општина Карбинци: Заокружени проектите финансирани од министерството за локална самоуправа (видео) | Моја Општина - Сите општини на едно место“. Посетено на 2021-02-01.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 февруари 2021.