Белотино
Белотино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Белотино | |
Координати 41°26′2″N 22°32′43″E / 41.43389° СГШ; 22.54528° ИГД | |
Општина | Струмица |
Население | 13 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27007 |
Надм. вис. | 518 мнв м |
Слава | Свети Ѓорѓи |
Белотино на општинската карта Атарот на Белотино во рамките на општината | |
Белотино на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиБелотино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри. Надморската височина во селото е 518 метри а површината на селото изнесува 808 ха.
Селото се граничи со Вељуса, Водоча, Попчево, Рич, Башали, Плавуш.
Историја
уредиОсманлиски период
уредиЗа името на селото се споменува една легенда. Според неа, во селото Градец (денеска напуштено) живееле тројцата браќа Андон, Митко и Трајко заедно со својата сестра Тина која била млада и убава. Убавата Тина еден ден сакал да ја грабне тамошниот бег. Браќата за да ја заштитат морале да побегнат од селото и преку планина се населиле на местото каде денеска се наоѓа Белотино. Во чест на нивната сестра Тина и ден денеска ова село се нарекува Белотино - по бела Тина како на галено ја нарекувале.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белотино се состоело од 12 семејства и 45 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 78 жители Македонци[2][4].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци и работело егзархиско училиште[2][5].
Во селото имало комитет на ВМРО, основен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов[6]. Во текот на Балканските војни селото било ослободено од страна на четите на Михаил Думбалаков и Кочо Хаџиманов[7].
Југословенски период
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС и подоцна Кралство Југославија. На 22 март 1922 година од страна на ВМРО биле организирани атентати врз српската полиција, од кој напади загинале десетина полицајци[8].
Во почетокот на септември 1944 година, во селото бил формиран народноослободителен одбор[8], додека во селото претходно бил формиран и Главен штаб на НОВ.
Стопанство
уредиПретежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 40 ха[9].
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[10]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 29 жители, сите Македонци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 78 | 72 | 178 | 197 | 175 | 127 | 60 | 51 | 40 | 29 | 13 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1769 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[18]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 14 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Јанци, археолошко наоѓалиште од римско време.
Личности
уреди- Родени во Белотино:
- Ирена Лазарова — учесник во НОВ на Македонија.
- Починати во Белотино:
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 88.
- ↑ Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 172.
- ↑ 8,0 8,1 М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 312.
- ↑ „Населено место - Белотино“. www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во
|title=
во положба 21 (help) - ↑ 20,0 20,1 Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 706.
Надворешни врски
уреди- Репортажа Архивирано на 11 мај 2021 г.
„Белотино“ на Ризницата ? |