Општина Прилеп
![]() |
![]() |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Прилеп |
Површина | 1194,44 км2 |
Демографија | |
Население | 76.768 жит. |
- проценка од 31.12.2016 | 75.132 жит. |
Густина | 64,27 жит./км2 |
Населени места | 59
|
Самоуправа | |
Градоначалник | Илија Јованоски |
Совет | 27 члена |
Контактни податоци | |
Седиште | Питу Гули 2 7500 Прилеп |
Телефон | 048 416-454, 048 416-484 |
Факс | 048 426-430 |
Мреж. место | Службен портал |
Е-пошта | е-пошта |
Општина Прилеп — општина во јужниот дел на Македонија и според површината најголема општина во Македонија. Градоначалник е Илија Јованоски. Центар на општината е градот Прилеп.
ГеографијаУреди
Сегашната територија на општината е составена од поранешните (до 2004 година) општини Прилеп, Тополчани и Витолште. Општината опфаќа дел од Прилепското Поле (Пелагонија) и прилепскиот дел на Мариово.
Општината се граничи со Општина Чашка и Долнени на север, Кавадарци на исток, Кривогаштани, Могила и Новаци на запад и Грција на југ.
Општина Прилеп зафаќа поршина од 1 194,44 км2 и има 69,27 жители на км2 густина на населеност.
Населени местаУреди
Во составот на општината влегуваат и 58 села: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.
СтопанствоУреди
ЗемјоделствоУреди
Земојделието во Општина Прилеп е една од најразвиените стопански гранки. Најзастапени се следните земјоделски култури: тутунот, житните култури и бавчи. Сепак Општина Прилеп е најпозната во Република Македонија а и пошироко по тутунопроизводството кое завзема најголем дел од вкупното земјоделско производство. Затоа Прилеп е наречен град на тутунот.
Култура | Произведено
(тони) |
Вкупно во
Македонија (тони) |
Удел
(%) |
---|---|---|---|
Пченица | 3 788 | 200 112 | 1,89 |
’Рж | 160 | 8 416 | 1,90 |
Јачмен | 2 548 | 93 666 | 2,72 |
Сончоглед | 294 | 6 178 | 4,76 |
Тутун | 4 000 | 22 885 | 17,48 |
Компир | 3 186 | 177 721 | 1,79 |
Кромид | 836 | 56 259 | 1,49 |
Пиперки | 4 340 | 175 100 | 2,48 |
Бостан | 2 841 | 121 168 | 2,34 |
Луцерка | 1 764 | 98 083 | 1,80 |
ТуризамУреди
Во текот на 2017 година Општина Прилеп била посетена од 7.463 туристи, од кои 4.777 странски туристи и 2.686 домашни.[2] Најголемиот број од странските туристи потекнувале од Србија (644), Бугарија (497), Италија (393), Германија (355), Грција (321) и Украина (304).[2]
СообраќајУреди
Низ Општина Прилеп поминуваат следниве патишта:
А патишта:
А1: делница Градско-Прилеп. | |
А3: Охрид-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Делчево-граница со Бугарија. |
Р1 регионални патишта:
Р2 регионални патишта:
Регионален пат 2338: Меџитлија-Гермијан-Старавина-Градешница-Бешиште. | |
Регионален пат 2339: Ново Лагово-Галичани-Обршани-Бучин-Граиште. |
Р29 регионални патишта:
Регионален пат 29172: Беловодица-Дуње. | |
Регионален пат 29374: Варош-Манастир Св. Богородица (Трескавец). |
ДемографијаУреди
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 50.008 | — |
1953 | 57.713 | +15.4% |
1961 | 63.806 | +10.6% |
1971 | 69.862 | +9.5% |
1981 | 76.585 | +9.6% |
1991 | 79.110 | +3.3% |
1994 | 76.166 | −3.7% |
2002 | 76.768 | +0.8% |
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Прилеп според административната поделба од 2004 година. Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија |
Седиште на општината е градот Прилеп.
Според податоците од последниот попис на Општина Прилеп во 2002 година, има 76.768 жители, од кои:[3][4]
- 70 878 (92,33 %) се Македонци
- 4 433 (5,77 %) се Роми
- 917 (1,19 %) се Турци
- 172 (0,22 %) се Срби
- 86 (0,11 %) се Бошњаци
- 22 (0,03 %) се Албанци
- 17 (0,02 %) се Власи
- 243 (0,32 %) други националности.
Според полот 38 525 (50,2 %) жители се мажи, 38 243 (49,8 %) се жени.[5]
Вероисповед | Вкупно |
православни | 70.200 |
муслимани | 5.252 |
католици | 67 |
протестанти | 4 |
останати | 1.245 |
Општествени установиУреди
Локална самоуправаУреди
Градоначалник на општина Прилеп е Илија Јованоски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[6] Советот на општина Прилеп е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Буџет на општинатаУреди
Во 2019 година, вкупните буџетски расходи на Општина Прилеп изнесувале 1,1 милијарда денари од кои 79,6% биле тековни расходи. Од вкупните буџетски расходи, 54% биле расходи за плати на вработените во општинската администрација, 25% биле расходи за набавка на стоки и услуги, 13% биле капитални расходи и 8% отпаѓале на други расходи. Во структурата на буџетските приходи, 7,94% биле даночни приходи, 70% биле трансфери од другите нивоа на власт, 14,66% неданочни приходи, 6,43% приходи од продажба на земјиште и 0,86% донации.[7]
ЗадолженостУреди
На крајот од 2019 година, вкупниот долг на општината изнесувал 47 милиони денари.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2017 (PDF). Државен завод за статистика на Република Македонија. 2018. ISBN 9786082272948.
- ↑ 2,0 2,1 „Број и ноќевања на домашни и странски туристи по земја на припадност, 2011-2016, по општини, по месеци“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 9 април 2018.
- ↑ „Национална припадност“. Општина Прилеп.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.
- ↑ „Пол“. Општина Прилеп.
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Буџетот на Општина Прилеп - Движења, трендови, показатели“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 40-43.
- ↑ „Буџетот на Општина Прилеп - Движења, трендови, показатели“, Економија и бизнис, година 22, број 266, октомври 2020, стр. 43.
Надворешни врскиУреди
„Општина Прилеп“ на Ризницата ? |